08/07/2020 15:46
•
Posted by: MK News
Во своето ново обраќање до нацијата во последните 24 часа, по синоќешните насилни немири пред националното собрание во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ во моментов изјавува дека сите луѓе во Србија ноќеска биле сведоци на најбруталното политичко насилство во последните неколку години. Според него, на политички непријавениот протест, членови на десничарските, екстремистичките и профашистичките организации […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2020 15:44
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-3, Ресен-5. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од: Скопје-126, Куманово-31, Штип-11, Прилеп-1, […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2020 02:08
•
Posted by: MK News
Запалени три полициски автомобили кај црквата „Свети Марко“, повредени полицајци и демонстранти. Протестот од пред Собранието и зградата на РТС се пресели кај црквата каде демонстрантите во бес, запалија три полициски автомобили. Толпата тргна кон полицијата фрлајќи камења, по што кордонот беше принуден да се повлече. Неколку полицајци се повредени вечерва во немирите пред српскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2020 19:18
•
Posted by: MK News
Владата на денешната седница, донесе заклучок со кој 15 јули се определува за неработен ден заради непречено спроведување на изборниот процес за предвремените парламентарни избори и истиот нема да се одработува. Владата на денешната 74-та седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2020 16:40
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Дебар-6, Штип-4, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-6, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-12, Свети Николе-1 и Кичево -1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје-82, Штип-1, Тетово-30, Струга-2, Битола-2, Гостивар-2, Кочани-4, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2020 11:38
•
Posted by: MK News
Во Србија е прогласена вонредна состојба во 16 града и општини поради влошување на епидемиолошката состојба. Вонредната состојбата, која подразбира преземање посебни мерки за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, е на сила во Белград, Богатиќ, Владичин Хан, Лучани, Нови Пазар, Тутин, Крагуевац, Врање, Ивањица, Шабац, Чачак, Краљево, Ариље, Пожега, Ужице и Прибој. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2020 11:34
•
Posted by: MK News
Учениците се подалеку од враќање во школските клупи. Капиите на училиштата најверојатно ќе останат затворени и по 1-ви септември, судејќи по објавениот документ од Министерството за образование, кој предвивува организирање на далечинска настава во новата учебна година. Насловен “Концепт за развивање систем за образование од далечина во основните и во средните училишта во земјава”, во […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2020 11:33
•
Posted by: MK News
Докторката Нина Цаца Билјановска која што беше сменета од директорската позиција на Државната клиника за кожни болести поради тоа што на почетокот од епидемијата криеше дека била во Италија и имала симптоми на коронавирусот се врати на работното место, потврдуваат од клиниката за тв 24. Докторката заработи кривична пријава од полицијата, а Основното јавно обвинителство […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2020 11:26
•
Posted by: MK News
На двајцата насилници, кои во јануари брутално претепаа 22 годишна девојка и притоа го снимаа монструозниот чин, им заврши притворот и се отпуштени од кумановскиот затвор. Иако Штипска апелација ја потврди пресудата на Основниот суд и затворската казна од по две и пол години е правосилна, осудените Стефан и Пепи на слобода ќе останат уште […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2020 10:43
•
Posted by: MK News
Актерот Ник Кордеро (41) почина од коронавирус по 94 дена борба за живот во болница во Њујорк. Кордеро од април бил во многу тешка состојба, а му била и ампутирана ногата поради компликации од коронавирусот. Неговата сопруга Аманда на Инстаграм објави вест за смртта на сопругот со кој го има едногодишниот син Елвис. -Бог има […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2020 10:41
•
Posted by: MK News
Огромни редици возила и заглавени автомобили во неутралната зона, беше рано утрово сликата на грчко- бугарската граница, откако српски туристи уште од полноќ пристигнале на граничниот премин Промахонас (Кулата) и чекале речиси цела ноќ, за во Грција да влезат пред шест часот, односно пред да стапи во сила забраната за влез на државјани на Србија, […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2020 15:24
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека, со оглед на развојот на ситуацијата со корона вирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји. Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2020 15:19
•
Posted by: MK News
Антонио Милошоски на Фејсбук објави дека и вториот направен тест за коронавирус е негативен. -И вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати. Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение. И ова ќе помине, а потоа на ред е […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2020 15:17
•
Posted by: MK News
Во последните 24 часа регистрирани се 173 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1653 тестa. Скопје – 75 Струга – 14 Охрид – 10 Куманово – 9 Тетово – 9 Штип – 8 Гостивар – 7 Дебар – 6 Свети Николе – 6 Прилеп – 6 Кочани – 4 Кичево […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2020 19:23
•
Posted by: MK News
Во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 66 Куманово 6 Штип 15 Прилеп 3 Тетово 19 Струга 2 Велес 2 Битола 1 Кавадарци 4 Гостивар 2 Пробиштип 2 Свети Николе 1 Ресен 3 Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2020 19:22
•
Posted by: MK News
Советот на ЕУ официјално препорача укинување на ограничувањата за патување за 15 држави, почнувајќи од утре. Од регионот на листата се само Србија и Црна Гора. На листата се и Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина, за која се чека потврда за реципроцитет. ЕУ потенцира […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2020 19:13
•
Posted by: MK News
Поради затворените киносали, како дел од мерките за заштита од COVID – 19, низ некои земји во светот одлично функционираат кината на отворено. Соцјалната дистанца е загарнтирана, а посетителите уживаат. Група на млади ентузијасти, успејаа овој тренд да го донесат и кај нас. Оваа сабота, на 4-ти Јули, во Велес ќе се случи првото DRIVE […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2020 19:08
•
Posted by: MK News
Специјалното јавно обвинителство заминува во историјата. Од денеска почнува да важи новиот закон за јавно обвинителство кој Собранието го донесе во февруари годинава по повеќемесечна жестока дебата и партиски преговори со кои се обезбеди неопходното 2/3 мнозинство. Новиот закон обезбедува иднина на обвиненијата кои во своето 4 годнишнио постоење ги отвори СЈО. Тие преминуваат во […]
______________________________________________________________________________________________________