Archive by Author

Нов вирус кој го пренесуваат комарци откриен во Франција, почина жена

Француски научници идентификуваа нов вирус користејќи ја истата техника што се користи за откривање на вирусот корона, но велат дека нема причина за загриженост дека новооткриениот вирус ќе предизвика здравствена криза слична на оваа предизвикана од вирусот корона. Вирусот е откриен во болница недалеку од Париз, кај 58-годишна жена која починала од енцефалитис и го […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев за објавената „бомба“: Лошо сум се изразил

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево на Фејсбук објави куса реакција на денеска објавената аудио-снимка во која тој со несоодветен речник зборува за своите коалициони партнери. -Лошо сум се изразил во разговорот од 2016 година кој денес е објавен на курирските портали. Но, наспроти тие неколку несоодветни зборови, во изминативе три години стојат на виделина […]

______________________________________________________________________________________________________

На Јутјуб објавена нова „бомба“ за Зоран Заев

Во новата „бомба“ објавена на Јутјуб, на која се слуша гласот на Зоран Заев, лидерот на СДСМ вели дека ќе соберел „и шарени и шуто и рогато“ и после „мамата ќе им ја е**л“ на сите. Во „бомбата“ Заев тврди дека тој ја „регистрирал“ Шарената револуција и спомнува бројка од 4,8 отсто… Откако вели дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Болничарка од Куманово прележала корона, сега пак е позитивна!

Оздравени пациенти повторно се заразиле со Ковид 19. Двајца здравствени работници од кумановската болница се првите случаи во државата кај кои короната вирусот е потврден по втор пат. Едната е медицинска сестра која била позитивна во март на почетокот од пандемијата, но поминала без никакви симптоми. Сега има бронхопневмонија и позитивен брис. Втората е болничарка […]

______________________________________________________________________________________________________

„Еuronews“ објави нацрт документ за патување од 1 јули во ЕУ – Македонија ја нема на мапата

На листата што ја објави „Јуроњуз“ се наоѓаат 54 земји, на кои не се најде Македонија, но се најде целиот регион, вклучително и Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. На мапата што ја објави медиумот Македонија не е ниту во зелената, ниту во црвената, туку во сивата зона, што според дел од толкувањата остава […]

______________________________________________________________________________________________________

Политичарите на терен, трет ден предизборна кампања

На третиот ден од предизборната кампања, политичарите активни на терен. Одржуваат средби со граѓани и бараат поддршка за претстојните парламентарни избори со ветувања за наредните четири години. Коалицијата “Можеме”, предводена од СДСМ вечерва на трибина во Тетово и во скопски Аеродром. Од владејачката партија денеска порачаа дека на 15 јули ќе се потврди разликата со […]

______________________________________________________________________________________________________

Границите од денеска отворени без обврска за тест и карантин

Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и државен карантин. Одлуката ја донесе Владата во вторникот врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести. Владата на истата седница донесе одлука од 1 јули да бидат […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Зибери е разрешен бидејќи го поткопа угледот на Комисијата за заразни болести

Министерството за здравство денеска информираше дека од функцијата е разрешен ВД Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери. По неговите обвинувања дека станува збор за политичка одлука, бидејќи неговиот чичко бил кандидат за премиер, министерот за здравство Венко Филипче, прашан за коментар истакна: -Апсолутно сакам да го демантирам тоа. Разрешувањето следува по неговата […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Mожно e враќање на рестриктивните мерки

Претседателот на Србија Александар Вучиќ порача од Брисел дека граѓаните на Србија мора да бидат поодговорни и подисциплинирани кога станува збор за заштитата од коронавирусот. Тој истакна дека не ја исклучува можноста од воведување мерки, доколку не биде така. Вучиќ на новинарите, по повод актуелната ситуација со ширењето на коронавирусот, кажа дека луѓето мора да […]

______________________________________________________________________________________________________

163 нови случаи на КОВИД-19 – Скопје се уште најголемо жариште

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-70, Куманово-2, Дебар-6, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-25, Струга-4, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-3, Гостивар-11, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-3, Свети Николе-4, Ресен-4. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-6, Куманово-1, Штип-16, Прилеп-1, […]

______________________________________________________________________________________________________

Објавен е списокот од 138 македонски граѓани кои одбија решенија за самоизолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го објави списокот од 138 македонски државјани кои одбија да ги примат решенијата за самоизолација. Списокот е објавен во пишаните медиуми во Македониjа. Од 138 граѓани, 104 се од Скопје и од приградските населени места.

______________________________________________________________________________________________________

6 починати и 153 нови случаи на КОВИД-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-3, […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Имаме посилен втор бран на вирусот поради непочитување на мерките

Деновиве имаме посилен бран на вирусот како последица олабавување на мерките и на повеќе настани главно семејни собири на кои не е почитуваа мерките за дистанца, миење раце, носење маски на кои редовно апелираме, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција. Филипче информира дека во земјава е повикан советникот на регионалниот директор […]

______________________________________________________________________________________________________

Боки 13 поднесе кривични против функционери и бизнисмени, имал докази за криминал

Осудениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски поднесе кривични пријави против функционери и бизнисмени. Ова е причината поради која Јовановски, наместо во Шутка, денот го помина во обвинителството. Средбата со јавен обвинител следи по тврдењата на Јовановски дека има докази за тоа кои функцинери какво кривично дело сториле. Адвокатот Сашо Дуковски, вели дека со поднесувањето на […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре се отвораат границите, без тест и карантин во Србија, Албанија, Косово и Турција

Од утре целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПСР тест и државен карантин. Одлуката ја донесе Владата во вторникот врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на истата седница донесе одлука од 1 јули да […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче ќе го разреши Зибери кој ги повика иселениците да гласаат за премиер Албанец

На денешната прес конференција министерот за здравство Филипче рече дека ќе се консултира со правни лица и ако постои можност уште денеска Зибери ќе биде сменет на местото директор на Центарот за јавно здравје. Зибери утрово на Фејсбук се пофали дека ДУИ допринела да се отворат границите без протоколите од Светска здравствена организација односно негативен […]

______________________________________________________________________________________________________

Зибери: ДУИ помогна да се отворат границите без протоколи, дојдете гласајте за Албанец премиер

Арбен Зибери, директорот на Центарот за јавно здравје ги повика иселениците да дојдат и да гласаат за Албанец премиер. Тој на Фејсбук напиша дека укинувањето на протоколите препорачани од Светската здравствена организација односно приложување на негативен тест и14-дневната изолација е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата. „Добредојдовте иселеници. Родното место […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети: Надпартискиот кандидат за премиер е Насер Зибери

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој ја започна изборната кампања за Предвремените Парламентарни Избори кои ќе се одржат на 15 јули, на промотивната Конвенција во Преспа го обелодени голгоочекуваното име за прв премиер Албанец во Македонија, поранешниот пратеник и потпретседател на Влада и ко-создавач на Охридскиот Рамковен Договор. “По интензивните консултации со цивилното општество, академската […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1