Archive by Author

За викендот карантин од сабота од 19 часот до вторник до 5 часот наутро

Комисијата за заразни болести предлага карантин за претстојниот празничен викенд, кој ќе почнува од сабота од 19 часот до вторник до 5 часот наутро, изјави Министерот за здравство. Филипче вели дека оваа мерка е предложена бидејќи најголем број од последните случаи се поради семејни собири. Побара институциите ревносно да работат и да има поголема контрола […]

______________________________________________________________________________________________________

Чулев: До Владата ќе доставам уредба за награда од по 15 илјади денари за припадниците на МВР

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот фејсбук профил информира дека потпишал и до Владата ќе достави уредба со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој од полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи, кои, како што вели, целиот овој […]

______________________________________________________________________________________________________

Клиниките се подготвуваат за прием на редовните пациенти од следната недела

Од следната недела најверојатно ќе бидат во функција клиниките за да можат да ги примаат редовните пациенти, според однапред утврдени протоколи, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање кога ќе се нормализира јавното здравство за да може да прима редовни пациенти. Рече дека се уште се подготвуваат капацитетите на клиниките, затоа што […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Уште е рано за отворање на границите

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека се уште е рано да се отворат границите затоа што, според него, доколку се отворат огромен дел од мерките и бенефитите на националните стратегии можно е да паднат во вода. Филипче смета дека отворање на границите треба да биде координирано со соседните земји. Појасни дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Дачиќ: Србија од 1 јуни ги отвора границите, чекаме одговор од регионот за нашите граѓани

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија ќе ги отвори своите граници со Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија од 1 јуни, но дека официјален Белград чека потврда од тие земји дали нивните граници ќе бидат отворени за српските граѓани. -Нивните граѓани ќе можат да влезат во Србија, но […]

______________________________________________________________________________________________________

Уписите во основните и средните училишта во јуни, на факултетите во август и септември

Уписите во основните и средните училишта ќе се спроведат во јуни, соопшти денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми. На прес-конференцијата во Владата, Адеми рече дека се подготвени конкретни протоколи до Комисијата за заразни болести и оти очекуваат одговор оттаму за да може потоа да ги испратат до образовните институции. – Цел јуни ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Синот на Верушевски ме снимал тајно на ручек

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција изјави дека Александар Верушевски, синот на разузнавачот Зоран Верушевски, го снимал тајно на ручек кај него на гости во Струмица пред четири години. Тоа е всушност објавениот разговор од 2016 кој изминатиот период беше објавен како аудио-запис во кој Заев ги искажува своите ставови за невладините организации. […]

______________________________________________________________________________________________________

Брнабиќ: Државјаните на Македонија од 1 јуни можат во Србија без обврска за негативен тест за Ковид-19

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека ќе настојува да го либерализира влезот во Србија што е можно повеќе, потенцирајќи дека, покрај заштитата на човековото здравје, целта е да се постигне што е можно поскоро целосно економско закрепнување и раст. Таа повтори дека на 1 јуни ќе стапи во сила либерализиран режим на граничните премини […]

______________________________________________________________________________________________________

Србија согласна за отворање на границите на 1 јуни, Грција од 15 јуни ќе прима туристи

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, учествуваше денеска на видео конференцискиот состанок меѓу претставниците на Високиот совет за соработка на Република Србија, Бугарија, Грција и Романија, на кој е разговарано за постепено попуштање на мерките за олеснување на транспортот на луѓе и стоки, како и за туристички патувања меѓу државите од Квадритералата- Србија, Грција, Бугарија и […]

______________________________________________________________________________________________________

Влада: Се укинува домашната изолација, која беше задолжителна после државниот карантин

Владата на Република Македонија на денешната 55-та седница го прифати предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово. На оваа седница е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, […]

______________________________________________________________________________________________________

Двајца починати, 22 нови случаи и 50 излекувани во изминатото деноноќие

Министерот за здравство вели дека најголем број од последните случаи на заразени се поради приватни групирања и собири. денешната статистика покажува дека бројот на заболени не се намалува и изминатото деноночие има 22 ца новодијагностицирани како и 50 оздравени пациенти. Во Гоб 8ми септември починале двајца заболени од Тетово и од Скопје. Здравствените власти очекуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Починатото девојче од Лабуништа негативно на корона вирусот

Брисот земен посмртно од 14-годишното девојче од Лабуништа кое завчера почина бил негативен, т.е. не покажал присутен корона вирус. Девојчето завчера било донесено во тешка состојба со отежнато дишење и повраќање во струшката болница. Пред да биде донесено во болницата девојчето имало и температура. Лекарите од струшката болница ја испратиле директно во Ургентниот центар во […]

______________________________________________________________________________________________________

Награда од 20 проценти од основната плата за два месеца за здравствените работници

Министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален фејсбук профил соопшти дека Владата предвидува награда од 20 проценти од основната плата за два месеца за здравствените работници. Тука, посочува Филипче, се вклучени докторите и медицинскиот персонал на Клиниката за инфективни болести, инфективните одделенија, Инситутот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како и сите […]

______________________________________________________________________________________________________

Горивата поскапуваат од половина до 1,5 денар по литар

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина до 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,56 отсто. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар по литар и ќе изнесува […]

______________________________________________________________________________________________________

Од денес јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот

ЈСП информира дека од денес(18.05.2020 год), јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот, односно се укинува двосменскиот режим на сообраќање на возилата. Сите возила вклучени во јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници, ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Основниот граѓански суд Скопје од утре продолжуваат сите закажани судења

Основниот граѓански суд Скопје информира дека од утре ќе се одржат сите закажани судења согласно Одлуката за постапување на судовите во Република Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19. -Одлуката за постапување на судовите во Република Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19, донесена од страна на […]

______________________________________________________________________________________________________

Русковска потврди има предмет за Ден Дончев

Државната комисија за спречување корупција ќе отвори постапка за поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев. Во јавноста се обелодени дека Дончев, додека ја вршел јавната функција, примил 50 илјади евра за консултантски услуги од австралиска фирма. „Ние проверивме во нашата евиденција и утврдивме дека тој нема пријавено дополнителни приходи. Работиме на случајот […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена

Наместо 30 шефот на државата донесе одлука за нова вонредна состојба од 14 дена. Пендаровски тврди – ова е неопходно исклучиво за да се менаџираат економските и здравстествените ефекти од корона вирусот, а не заради изборен поткуп на гласачи или одредување на датумот за избори. Шефот на државата очекува владата во овој период постепено да […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1