Archive by Author

ПОТЕРНИЦА ПО 18-ГОД ВОЗАЧ – Ја усмрти жената на Народен фронт и избегал од државата

Четири лица се осомничени за вмешаност во тешката сообраќајна несреќа што вчера се случи на улицата Народен фронт во Скопје, во која животот го загуби 79-годишна жена, а возачот што ја усмрти избега од местото на трагедијата. Несреќата се случила околу 11:30 часот, кога патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од 18-годишен скопјанец, удрило во повозрасната […]

______________________________________________________________________________________________________

НЕ САКАМЕ ДА СМЕ АМЕРИКАНЦИ- Гренланд се спротивстави на Трамп

Политичките партии во Гренланд демонстрираа единство како одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со статусот на данската автономна територија, објави агенцијата ДПА. „Не сакаме да бидеме Американци, не сакаме да бидеме Данци – сакаме да бидеме Гренландци“, се наведува во заедничката изјава потпишана од сите пет партии застапени во локалниот парламент […]

______________________________________________________________________________________________________

ДОЖД, СНЕГ И МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Пристигнува ладен бран

Поради продор на многу ладен воздух од север, врнежите кои ги имаме во следните часови ќе се интензивираат, а снежната граница полека ќе се спушта па така врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на пониските места (градовите). Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од јужен а потоа и […]

______________________________________________________________________________________________________

ЦИГАРИТЕ ИСЧЕЗНУВААТ ОД ЈАВНИТЕ МЕСТА – Нов закон

Македонија се подготвува за радикален пресврт во законот за забрана на пушење. Според новиот предлог-закон, забраната ќе важи во сите затворени јавни простори, а увозот и продажбата на тутунски и никотински производи ќе бидат драстично ограничени. Цигарите целосно ќе се тргнат од видното поле на купувачите во маркетите, овјави Телма. Законот е скроен и наскоро […]

______________________________________________________________________________________________________

Новогодишен „JINGLE BETS“ МЕГАВИН караван на Државна лотарија

Започна празничниот караван „JINGLE BETS“ МЕГАВИН, кој носи новогодишна магија и забава во повеќе градови низ Македонија. Со овој забавен „JINGLE BETS“ МЕГАВИН караван, полн со интерактивни игри и подароци, Државна лотарија сака да дополни магија во празничниот период и да подари дополнителни можности за радување, со многу дружење, смеа, музика и радост за љубителите […]

______________________________________________________________________________________________________

УАПСЕН СОПСТВЕНИКОТ НА БАРОТ – Нови детали за трагедијата во Кран-Монтана

Сопственикот на барот „Le Constellation“ во швајцарскиот алпски скијачки центар Кран-Монтана, Жак Морети, е уапсен под сомнение дека постои ризик од бегство. Неговото апсење уследи по повеќедневна истрага за една од најтешките трагедии во поновата швајцарска историја, во која на новогодишната ноќ загинаа најмалку 40 лица, а 119 беа повредени. Во исто време, за првпат […]

______________________________________________________________________________________________________

ПОЧИНА ПРЕГАЗЕНАТА ЖЕНА НА НАРОДЕН ФРОНТ Полицијата го бара возачот

Повредената Љ.Ј. која денеска напладне беше прегазена на улицата Народен фронт во скопски Центар, попладнево им подлегнала на повредите, потврдија од Ургентниот центар, каде што беше пренесена по сообраќајната несреќа. Станува збор за жена на возраст од околу 75 години, која беше тешко повредена откако во неа удрило патничко возило, по што возачот избегал од […]

______________________________________________________________________________________________________

ИЗМОРЕНИ СМЕ ОД ПРОВЕРКИ НА БОЛЕДУВАЊАТА – Клековски се пожали дека има злоупотреби

Работиме на ревизија на критериумите за боледување, при што е неопходно да постигнеме баланс меѓу потребата за лесна достапност до боледување за оние што имаат потреба, а од друга страна, да ги спречиме злоупотребите, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски. Тој посочи дека има значителен број злоупотреби на боледувањата. […]

______________________________________________________________________________________________________

РАФИНЕРИЈАТА ВО ПАНЧЕВО ЌЕ ПРОРАБОТИ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

Нафтена индустрија Србија (НИС) склучи договор за увоз на првите количини нафта преку Јадрански нафтовод (ЈАНАФ) за потребите на рафинеријата во Панчево, што ќе овозможи продолжување на производството. Се очекува првите количини нафта да бидат доставени до рафинеријата во Панчево во текот на следната недела, додека компанијата планира да увезе дополнителни количини сурова нафта. Лани […]

______________________________________________________________________________________________________

Најнова состојба со поплавите: И натаму критично во Охрид и Кичево, во Мала Речица се урна потпорен ѕид

Во Штипско–Кочанскиот регион, поради обилните врнежи е зголемен водостојот на реките и одводните канали. Кочанска река има локално излевање кај село Горни Подлог, каде што интервенира КЈП Водовод Кочани со механизација. Оризарска река има излевање кај село Грдовци, каде што интервенира Водостопанство „Брегалница“, а МВР ПС Кочани врши обезбедување и го регулира сообраќајот. Зрновска река […]

______________________________________________________________________________________________________

Грипот се шири 5 пати побрзо од лани – Можно е одложување на старт на второто полугодие

Македонија се соочува со силен бран на грип, а бројките растат со вртоглава брзина. Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, предупредува дека пикот на вирусот се очекува во втората половина на овој месец и почетокот на февруари. Поради ова, Комисијата ја разгледува можноста за пролонгирање на почетокот на школската година. „Со враќањето на децата во училиште […]

______________________________________________________________________________________________________

Трамп: САД ќе управуваат со Венецуела додека не се обезбеди „безбедна транзиција“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја водат Венецуела по апсењето на лидерот Николас Мадуро. „Ќе ја водиме земјата сè додека нема безбедна, правилна и разумна транзиција на власта. Не сакаме некој друг да се вмеша и да ја има истата ситуација што ја имаме со години. Затоа ние ќе ја водиме земјата“, рече […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожарот во барот во Кран Монтана започнал од прскалки на шампањ

Јавната обвинителка на кантонот Вале, Беатрис Пилу, изјави дека обвинителството интензивно работи на утврдување на околностите на трагедијата. „Според досегашните информации, пожарот веројатно започнал од прскалки, или факели, кои биле поставени на шишиња шампањ. Тие биле донесени блиску до таванот, по што се случил таканаречен блесок и пожарот се проширил екстремно брзо“, рече Пилу. Таа […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонецот Стивен Ивановски кој исчезна по пожарот во Швајцарија е пронајден починат

Исчезнатиот Македонец, Стивен Ивановски во пожарот во Швајцарија е пронајден починат. Стивен беше еден меѓу исчезнатите во трагичниот пожар што се случи на новогодишната ноќ во познатиот скијачки центар Кран-Монтана. Неколку часа по несреќата, семејството и блиските пријатели на Стивен објавија апел, во кој бараа било какви информации за 17-годишниот Ивановски. За жал, пожарот што […]

______________________________________________________________________________________________________

119 повредени во пожарот во Швајцарија: Меѓу нив 71 Швајцарец, 4 Срби, 1 Босанец

Шефот на полицијата Фредерик Гислер изјави дека од несреќата, кантоналната полиција на Вале интензивно работи на обезбедување легитимни одговори на многуте прашања поврзани со катастрофата. Тој изјави дека вкупно 119 лица се повредени, од кои 113 веќе се формално идентификувани Меѓу повредените има 71 швајцарски државјанин, 14 француски, 11 италијански, четворица српски државјани, еден државјанин […]

______________________________________________________________________________________________________

ОД 1 ЈАНУАРИ СТУДЕНТИТЕ И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ КАКО СЕЗОНЦИ

Стопанствениците од Пелагонискиот регион го поздравуваат Законот за работно ангажирање лица  кој стапува на сила од 1 јануари, но бараат да бидат опфатени и други дејности, освен сезонците ангажирани во угостителството, земјоделството и услужните дејности, беше еден од заклучоците на денешната седница на Регионалните стопански комори на Прилеп и на Битола што се одржа во […]

______________________________________________________________________________________________________

Оспорени се измените во платите на судиите и на обвинителите

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница за 2025 година, на која ќе бидат разгледани девет иницијативи за оценување на уставноста и треба да донесe конечни одлуки за пет предмети. Меѓу предметите од поголем јавен интерес се иницијативите со кои се оспоруваат измените на Законот за платите на судиите. Подносителите тврдат дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Мали ритуали – големи надежи со игрите на среќа на Државна лотарија

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж и исчекување. Тие претставуваат мала пауза од рутината – простор за сонување во кој луѓето си ги проектираат сопствените желби. Во тие мигови очекувањето станува дел од доживувањето, а играта добива […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1