Archive by Author

ГРАД СКОПЈЕ СЕКОЈ ДЕН ЌЕ ИЗБИРА НАЈДОБРА СЛИКА ОД СЕДЕЊЕ ДОМА, ЌЕ НАГРАДУВА СО ПО 100 ЕВРА

Град Скопје со награда од 100 евра ќе ги мотивира граѓаните да седат дома. На Официјалната страна на Градот се појави повик под хаштаг СкопјеДома. – Избираме најдобра фотографија на тема #СкопјеДома секој ден и доделуваме награди за најкреативните од вас! Испратете ни автентична фотографија/видео/гиф од вашиот дом како го поминувате времето поминато во изолација […]

______________________________________________________________________________________________________

Денешни ОДЛУКИ НА ВЛАДАТА

👉МНР и Министерството за здравство да ги споделат сите списоци на наши државјани кои се затечени на граничните премини надвор од државава, а во моментов организирано или поединечно се враќаат дома. 👉 МВР на секое лице кое ги напушта границите на земјава, да му даде да потпише лична изјава со која ќе се обврзе во […]

______________________________________________________________________________________________________

СИТЕ КОИ ВО МАРТ БИЛЕ ВО БАНСКО да се пријават кај надлежните

Откако заради коронавирусот Бугарија го стави Банско под карантин, началникот на Регионалниот центар за гранични работи Исток со седиште во Делчево, Марјанчо Шумански на мислење дека граѓаните кои го посетиле ова туристичкото место во периодот околу и после 8 март треба да се пријават до надлежните. Ова денес тој го предложи како мерка пред Регионалниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве што значи ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Во услови на вонредна состојба, Владата добива и законодавна и извршна власт. Со тоа се олеснува нејзината работа во време на кризи и може да носи одлуки многу побрзо и поефикасно за добро на граѓаните, односно да управува со ресурсите на државата. Како Владата го прави тоа? Преку носење на Уредби со сила на закон, […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски : Прогласувам вонредна состојба во наредните 30 дена (Во живо)

Претседатлеот Стево Пендаровски се обраќа од вилата Водно , за да прогласи вонредна состојба поради заштита од ширењето на заразата со коронавирус. Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба , откако од Собранието го доби предлогот на Владата за прогласување вонредна состојба на целата територија на државата. Вонредната состојба ќе трае 30 дена. Во тој период Владата […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕВН нема да исклучува должници и нема да отчитува броила

Со цел делување во насока на спречување на ширењето на корона вирусот и согласно мерките и препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН ги презема сите мерки за работа во специфични услови со цел заштита на корисниците и вработените, наведено е во соопштението. „Не треба никој да биде загрижен за дистрибуцијата на електрична […]

______________________________________________________________________________________________________

Што значи кризна, а што значи вонредна состојба

Уште откако се сретнаа лидерите на политичките партии минатата недела во вилата Водно, а со ескалацијата на кризата со заболените од коронавирус, почна да се споменува воведување кризна или вонредна состојба на целата територија на Македонија. Засега е воведена кризна состојба во окален обем, во Дебар, каде што има едно жариште на заболувањето. Кризна состојба, […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасовски: Мораме да ги заштитиме сите граѓани преку постоење карантин за оние кои се враќаат назад

Мораме да имаме заштита за сите граѓани преку постоење карантин за оние кои се враќаат во државата. Мораше да се најде изолиран простор во кој ќе се направат првите епидемиолошки контроли на овие лица и врз основа на тоа да видиме каква е нивната здравствена состојба, истакна премиерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарски прашања во […]

______________________________________________________________________________________________________

Петмина граѓани избегале од домашен карантин

Сите „бегалци“ се откриени од МВР и против нив се поднесени кривични пријави. Кумановската полицијата ќе поднесе соодветен поднесок против две лица кои вчера не биле дома, иако им била изречена мерка медицински надзор и домашна изолација, информираа денеска од СВР Куманово. -Вчера при вршење на контролите две лица на кои им е изречена мерка […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата со сет мерки за намалување на штетите врз економијата поради коронавирусот

Владата со сет мерки ќе ги намалува штетите кои врз бизнисот ги предизвикува актуелната состојба со ширењето на коронавирусот. Вицепремиерката Мила Царовска, министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка, Анета Бежовска ги соопштија одлуките со кои треба и’ се помогне на економијата со што помали загуби да го преброди овој период.

______________________________________________________________________________________________________

Граѓаните кои ќе излезат од државата, ќе мора да потпишат изјава дека три месеци нема да се вратат назад

Секој граѓанин кој ќе реши да излезе од државата, ќе мора да потпише изјава дека три месеци нема да може да се врати назад. Ова е заклучок донесен на денешната владина седница што го соопшти премиерот Оливер Спасовски. Тој апелираше до граѓаните во овој момент да ги одложат патувањата и да не му пркосат на […]

______________________________________________________________________________________________________

Министерство за одбрана: Лицата сместени во Криволак ќе бидат преместени на нова локација

Лицата кои од синоќа се сместени во касарната „Пепелиште“ во Криволак во текот на денешниот ден ќе бидат преместени на нова локација, информираше Министерството за одбрана. Од министерството велат касарната е само привремен простор каде се вршат епидемиолошките прегледи. Откако утрово ќе бидат завршени прегледите на лицата сместени таму истите ќе бидат префрлени во реновираниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Останете дома, не се групирајте, заштитете ги највозрасните, ранливите и хронично болните

Сите граѓани, компании, институции, секој поединец, максимално сериозно и без никакви отстапки да ги следи насоките и препораките. Коронавирусот не е шега. Единствениот начин да се заштитиме е секој еден, без исклучок, да се однесува одговорно. Сите информации се достапни, сите мерки се јасни. Мерките се заоструваат од ден на ден и ќе преземеме се […]

______________________________________________________________________________________________________

МЗ. Четири новозаболени со коронавирус

Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје.Состојбата на сите пациенти е стабилна. Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна […]

______________________________________________________________________________________________________

(ВИДЕО) Сместените во карантин: Ќе смрзнеме, ќе се испоразболиме – нема услови

Лица кои патувале во Австрија и се вратија во нашата држава, не сакаат да останат во групниот карантин на Криволак. Тие велат дека таму нема никакви услови, се жалат на хигиената и велат дека од здрави ќе се испоразболат, објавува skopje1.mk Еден од нив коментира на видеото дека неможат ниту да се истушираат бидејќи нема […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕУ потврди дека ги затвора границите 30 дена

– Европската унија ги запира сите непотребни влегувања на странци во блокот 30 дена за да го спречи ширењето на новиот коронавирус. Тоа го нагласи вечерва претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. – Се согласивме… за привремено ограничување на непотребните патувања во ЕУ, рече Мишел во Брисел по итен видео самит на лидерите на ЕУ. […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Ќе ѝ дадеме брашно на Македонија

Србија со брашно ќе ја помогне Северна Македонија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на вечерашната прес конференција на која најави полициски час во Србија поради се полошата состојба со коронавирусот. Вучиќ се пофали дека ретко која држава во ЕУ е подготвена како Србија во однос на резервите и снабденоста со храна во овие кризни периоди. […]

______________________________________________________________________________________________________

Полициски час од 20 часот навечер до 5 наутро: Србија со најтешки мерки ќе се бори против корона вирусот

Донесовме нови поостри одлуки кои се непопуларни. Се забранува утре од 10 часот излегување на лица постари од 65 години. Ќе ја организираме локалната самоупрва секаде каде што ќе биде можно, ќе се обидеме да дојдеме до сите домови преку млади од 25-26 години – најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето вечерашно обраќање […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1