Archive by Author

ВО ЖИВО: Венко Филипче ќе даде детали за заразените со коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче ќе се обрати до јавноста и ќе даде детали за двајцата луѓе кои се тестирани денеска и се покажало дека се заразени со коронавирус. Според првичните информации, се работи за сопружници од Дебар.

______________________________________________________________________________________________________

НОВИ СЛУЧАИ: Сопружници од Дебар заразени со корона

Министерството за здравство информира дека денеска во попладневните часови, на корона вирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот. „Според информацијата која ја имаме во моментов, станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија“, соопшти Министерството за здравство. Министерството ги собира деталите за пациентите. […]

______________________________________________________________________________________________________

СДСМ В ПОНЕДЕЛНИК НА КОНГРЕС ЌЕ ГИ ДЕФИНИРА ИЗБОРНИТЕ ЛИСТИ

За конечните листи ќе одлучиме в понеделник на Конгрес откако викендов ќе ги сумираме резултатите од анализите во извештаите во селекционата комисија… За некои места веќе знаеме, но голем дел се уште не сме ги потврдиле изјави лидерот на партијата Зоран Заев. БЕСА која пред неколку дена ја официјализираше коалицијата со СДСМ на овие избори […]

______________________________________________________________________________________________________

СТРАНЦИТЕ КОИ ПРЕСТОЈУВАА ВО ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ НЕМААТ КОРОНА ВИРУС

Резултатите од контролните тестови на двајцата странци што од 28 февруари престојувале во хотел во Скопје се негативни на корона вирусот… Министерството за здравство соопшти дека двете лица, едното од Сингапур, а другото од Австралија, се префрлени на Клиниката за инфективни болести за соодветен третман и дијагноза. Вчера контролни тестови биле направени и кај две […]

______________________________________________________________________________________________________

Жената заболена од корона вирусот со негативен тест, но останува во болница

Во земјава засега останува само една пациентка заболена од коронавирусот. Најновите случаи со двајцата странски државјани се негативни, но предлогот на епидемиолозите е да продолжи уште една недела препораката за неодржување на масовни јавни собири и спортски натпревари без публика. Од Министерството за здравство вчера излегоа со информација дека тестовите кај двајцата странски државјани, едниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Доаѓа нов циклон кон Македонија: Носи силен ветер, дожд и грмежи

Под влијание на нова циклонска активност која се формира над северна Италија, во текот на денешниот ден од запад облачноста постепено ќе се зголемува. Во попладневните и во вечерните часови особено на запад и на север ќе има повремени врнежи од дожд, на високите планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе започне да дува умерен, […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: утре доаѓаат 20 туристи од Сингапур и Јапонија, сите ќе бидат прегледани

Се очекува утре да дојдат 20 туристи од Сингапур и од Јапонија, па епидемиолози од Институтот за јавно здравје ќе ги пречекаат и прегледаат, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече и дека засега нема забрана за локални настани, прашан што со најавите за помасовни собири на политичките партии што треба да […]

______________________________________________________________________________________________________

МојДДВ: Петнаесет граѓани добија по 100 илјади денари

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на февруари, соопшти денеска Министерството за финансии. Љупчо Николовски, Живко Поповиќ, Тони Ристовски, Иван Митевски, Јово Костовски, Зоран Тушевски, Дејан Мијајловиќ, Мартина Анчевска, Наташа Станојковска, Имран Широки, Зорица Кочоски, Небојша Арсиќ, Ласте Петрински, Мица Пачковска и Елизабета […]

______________________________________________________________________________________________________

АВМУ: Затворските казни за новинари може да доведат до автоцензура

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во врска со шестмесечната условна затворска казна за главниот и одговорен уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски поради оддавање службена тајна. -Изрекувањето затворски казни за новинари кои информираат за теми од висок јавен интерес може да доведе до појава на автоцензура, а со тоа и до нарушување […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев најави укинување на патните трошоци за пратениците

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција најави дека по формирање на новата влада ќе се укинат патните трошоци за пратениците во Собранието. -Ќе ги укинеме патните трошоци за пратениците во Собранието на Република С. Македонија. За да го слушнеме гласот на граѓаните во заедничката борба против криминалот и корупцијата ќе има награди за […]

______________________________________________________________________________________________________

Двајца сомнителни на коронавирусот во карантин во хотел во Скопје

Сомнителен на коронавирусот од рано утрово е во карантин во хотелска соба во хотел на улица Македонија во центарот на Скопје. Според неофицијални информации, во моментов лицата, кои не се македонски државјани се тестираат за присуство на коронавирусот. Во хотелот присутни од раните утрински часови се тројца доктори од Институтот за јавно здравје. Министерот за […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев се премисли: Промената на имињата на училиштата е согласно законот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по вчерашната изјава дека промената на имињата на училиштата во Чаир е спротивно од законот, денеска на својот профил на Фејсбук напиша дека немало потреба од Бадентер и дека промената е согласно законот. -После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Патниците на „Визер” од Милано и Венеција ќе пополнуваат формулар при влез во земјава

Патниците со авионите на „Визер”од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен лопкатор – карта што е уште еден чекор во превенирањето и регистрирањето на евентуално заболени од коронавирусот кои доаѓаат во државава. – Согласно тоа што има сè повеќе заболени во Европа и согласно поригорозните мерки […]

______________________________________________________________________________________________________

Возачот на Боки пред судот: Орце Камчев беше многу љубезен со Јовановски

Стојан Арсовски, возач на обвинетиот во случајот “Рекет”, Бојан Јовановски денеска сведочеше пред судот и рече дека два пати Јовановски го носел кај бизнисменот Орце Камчев. Тој рече дека го носел Јовановски во многу институции, ја спомна УЈП, Министерството за внатрешни работи и во Влада. Кажа дека го возел Јовановски во Белград, Милано и на […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Двајца наши лекари кои се вратиле од Мадрид ќе бидат тестирани за корона вирус

На денешниот брифинг со новинари министерот Венко Филипче соопшти дека единствената заболеа со корона вирусот е во добра состојба и веќе трет ден нема температура. Двајца македонски доктори кои биле на предавање во Мадрид и се вратиле во саботата доцна навечер, се испитуваат за корона вирусот, бидејќи еден од преседавачите на конференцијата на која тие […]

______________________________________________________________________________________________________

Првата Италијанка излекувана од корона вирусот: „На тестот бев позитивна, но ни немав температура“

– Јас на тестот бев позитивна на коронавирус. Читам дека сум била излекувана, но всушност, никогаш не сум ни била болна – тврди госпоѓата од италијанското место Во Еуганео. Излекуваната госпоѓа сѐ уште е лута. – Можеби сме глупави, но некој го подметна оганот на нашата глупавост – вели госпоѓата која се излекувала од коронавирусот […]

______________________________________________________________________________________________________

Вонредна контрола во аптеките, ќе одговараат ако ги покачиле цените на маските и средствата за дезинфекција

Строгите епидемиолошки критериуми за откажување на јавни собири се однесуваат само на двата карневали во Струмица и Прилеп, како и за спортските натпревари кои треба да се играат без публика. За театарски претстави и други настани на кои нема луѓе од странство рече дека нема потреба да се одложуваат, кажа денеска Венко Филипче на пресконференцијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Возачот на комбето од Италија со сомнителни симптоми- се испитува за коронавирусот

Негативен е резултатот за коронавирус на лицето кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица, а во болничка изолација е возачот на комбето со кое допатува и пациентката на која завчера во Скопје и беше потврден коронавирус. Ова попладнево го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата, кој рече дека […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1