Archive by Author

Во Собрание изгласана ратификација на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Свечена седница за ратификација на Протоколот за пристапување на Македонија во членството во НАТО се одржа денеска во Собранието во присуство на претседатели и претставници на парламенти на земјите од соседството, на македонскиот државен и политички врв, на дипломатскиот кор. Ратификацијата на Северноатлантскиот договор во собранието беше изгласана со 114 гласови „ЗА„, без ниту еден […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Тројцата наши државјани не се меѓу заболените од коронавирусот на бродот во Јокохама

До утрово немаше некоја измена односно иако расте бројот на заболени од коронавирусот внатре во бродот во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, тројцата наши државјани кои работеле на бродот не се меѓу заболените. Информациите за нив ги добиваме преку луѓето назначени за комуникација преку меѓународниот здравствен правилник. Тоа се двајца наши вработени во Институтот за […]

______________________________________________________________________________________________________

Ослободителна пресуда за Зоран Божиновски во случајот „Шпион“

Кривичниот суд денеска донесе ослободителна пресуда за новинарот Зоран Божиновски во случајот „Шпион“. На 21 минатиот месец Кривичниот суд им изрече ослободителна пресуда на петмина обвинети во случајот „Шпион“ за кој се води повторена постапка, откако Апелација делумно ја укина пресудата. Дел од нив беа обвинети за злосторничко здружување и незаконско поседување на оружје. Во […]

______________________________________________________________________________________________________

Боки 13 барал прием кај Заев, тој му одговорил „ги видов доказите, ова е чист рекет”

На денешното рочиште за „Рекет” на кое беа презентирани материјални докази од страна на Обвинителството беше презентирана и комуникација помеѓу поранешниот премиер Зоран Заев и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13. Обвинетиот Јовановски го молел поранешниот премиер Заев, да го прими на состанок. Во комуникацијата остварена во февруари 2019 година, обвинетиот Јовановски му пишувал на […]

______________________________________________________________________________________________________

Град Скопје ќе ја награди екипата на „Медена земја” со 600 илјади денари

Градот Скопје планира да додели парична награда во вредност од 600.000 денари за авторската и актерската екипа на документарниот филм „Медена земја” кој беше номиниран за Оскар. Ваква одлука, како што информираат од Град Скопје, се очекува да биде донесена на денешната седница на Советот на Град Скопје. – Оваа награда се доделува за придонесот […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Во Законот за Јавно обвинителство нема скриена амнестија

Заев уверува дека нема скриена амнестија од која некој би се спасил од судски постапки и со тоа што опозицијата одбива да гласа, според него, е бегање од одговорност. Двотретинското мнозинство за Законот за јавно обвинителство ќе биде мегдан до крајот на седмицата – смета претседателот на СДСМ Зоран Заев, и покрај тоа што кога […]

______________________________________________________________________________________________________

Познат е човекот кој e одговорен за ширење на коронавирусот низ Европа

Британецот, кој е осомничен од здравствените служби за главен проширувач на коронавирусот низ Европа , е бизнисменот Стив Волш (53). На 6 февруари, тој бил позитивно тестиран на коронавирус , откако претходно бил на деловна конференција во Сингапур. Пред да се врати во Велика Британија, тој отишол на скијање на француските Алпи неколку дена. Се […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Службен весник објавен Законот кој овозможува докуп на стаж за пензија

Лицата кои наполниле 65 години, а немаат 15 години работен стаж поради неплатени придонеси, ќе можат да ги откупат тие години од стажот за да добијат старосна пензија. Законот кој го овозможува откупот на стаж, откако беше донесен во Собранието, вчера е објавен во Службен весник. Тој стапува на сила на 18 февруари 2020 година, […]

______________________________________________________________________________________________________

СЗО : Коронавирусот од денеска има ново име

Откако бројот на смртни случаи од коронавирус денеска надмина 1000, опасниот вирус беше преименуван во COVID-19. Ова укажува дека станува збор за болест предизвикана од коронавирус која е откриена во 2019 година, соопшти Светската здравствена организација. Токму оваа институција денеска го објави новото име за вирусот, истакнувајќи дека тие биле многу внимателни да изберат име […]

______________________________________________________________________________________________________

„Медена земја“ во борба за два Оскари вечерва

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес вечерва ќе бидат соопштени добитниците на најпознатата филмска награда Оскар за 2019 година во 24 категории. Македонскиот документарец „Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм. На 92-то доделување на Оскар ќе присуствуваат петчлената авторска екипа, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми […]

______________________________________________________________________________________________________

МНР: Тројца Македонци се на крузерот кој е под карантин поради коронавирусот

Потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама, Јапонија, поради присуството на заразени лица од коронавирусот, соопшти Министерството за надворешни работи по информации добиени од Јапонското МНР. Како што се наведува во соопштението, досега на бродот се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус. Од Министерството за […]

______________________________________________________________________________________________________

Полициски службеници на распит во Обвинителството поради снимката за „Поткуп“

Полициски служебеници се повикани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за да дадат исказ за смимката поврзана со случајот „Поткуп“. Станува збор за снимка објавена пред десетина дена, интегрална снимка од пред неколку години во врска со водената истрага за предметот „Поткуп“ во кој наводно е инволвиран и поранешниот премиер […]

______________________________________________________________________________________________________

Работниот стаж ќе може да се откупи – до пензија со 1.400 денари за еден месец

Сите граѓани на кои им фали работен стаж за да добијат пензија, ќе можат да го откупат. Собранието усвои закон и се очекува овие денови да излезе во службен весник, а со тоа и да стапи во сила. Од Пензиско – инвалидскиот фонд информираат дека околу 60 илјади лица ја чекале оваа можност, пренесува ТВ21. […]

______________________________________________________________________________________________________

ГРАЃАНИТЕ ЌЕ СЕ ОСЛОБОДАТ ОД КАМАТИТЕ ЗА СТАРИТЕ ДОЛГОВИ

Собраниската Комисија за финансирање и буџет даде зелено светло за законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица кои се направени во периодот до 31 декември 2017 година… Законското решение предвидува тие да бидат ослободени и од плаќање на затезните камати за судските, нотарските и извршителските трошоци. Сега се […]

______________________________________________________________________________________________________

СЕНАТОТ ГО ОСЛОБОДИ ТРАМП ОД ОБВИНЕНИЈА

Американскиот претседател, Доналд Трамп е ослободен од вина во судскиот процес кој се водеше во Сенатот, за негово отповикување, со што се стави крај на обидот на демократите за импичмент, кој длабоко ја подели нацијата… Сенатот, кој е под контрола на Републиканците, гласаше 52-48 по обвиненијата за злоупотреба на позицијата и 53-47 за опструкција на […]

______________________________________________________________________________________________________

На 103 години почина легендата на Холивуд Кирк Даглас

Кирк Даглас е роден 9 декември 1916 година. Играл во 95 играни филмови, а продуцирал повеќе од 30. Тој е добитник на почесен „Оскар“ за животно дело. Кирк Даглас е роден како Исур Даниелович Демски, а пред да стане актер сменил дури 40 професии. „Направив кариера глумејќи неранимајко“, често се шегувал Кирк на сопствена сметка. […]

______________________________________________________________________________________________________

Поднесено обвинение за 19- годишниот вработен како обезбедување во Сити Мол за лажната дојава за бомба

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Обвинетото лице се товари дека на 29 јануари во трговскиот центар „Сити мол“ каде бил вработен пријавил дека […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕК ја објави новата методологија за преговори за членство во ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, ја презентираше новата преговарачка методологија за земјите кандидати. Вархеји ги потврди четирите принципи врз кои ќе се темели новата методологија доколку биде усвоена од страна на земјите членки: кредибилитет, поголемо политичко управување со процесот, предвидливост и динамичност. Со новата методологија што ја нуди Европската Комисија, земјите членки ќе имаат поголема […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1