17/10/2019 14:33
•
Posted by: MK News
Ќерката на српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, периодов се почесто патува на релација Белград-Скопје, снимајќи хитови. Таа дојде во студиото на Дарко Димитров, кој во изјава за естрадниот телевизиски магазин „Бекстејџ“, откри дека албумот на Анастасија е во завршна фаза, а дека сега најмногу посветуваат внимание на детали околу текстовите. Деновиве таа повторно е […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2019 14:30
•
Posted by: MK News
Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон остро реагираше на одлуката на Франција да го блокира започнувањето на преговорите за Северна Македонија и Албанија. „Емануел Макрон, разбуди се! Време е ЕУ да покаже политичка зрелост и одговорност! Лидерите на овие земји ги завршија своите должности! Сега е време Советот на Европската унија да го […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2019 14:27
•
Posted by: MK News
Адвокатите на Катица Јанева во понеделник го добиле обвинението за нивната клиентка и сега подготвуваат приговор. „Спремаме приговор на обвинението и жалба против решението за продолжување на притворот”, вели адвокатката Ирена Фрчковска за А1.он. За продолжениот притвор на Јанева треба да одлучи совет од тројца судии во второстепениот суд, а за „А1он“ велат дека сè […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2019 14:25
•
Posted by: MK News
Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска изјави дека шансите за постигнување согласност на Самитот на ЕУ за давање датум за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија не се добри, пренесе Дојче Веле. – Ние имаме одговорност кон овие држави. Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2019 14:23
•
Posted by: MK News
Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ја утврди агендата на дискусиите на дводневниот Самит на ЕУ. Проширувањето ќе се разговара за време на вечерата, по дискусиите за Брегзит, кои би требало да се одвиваат побргу од очекуваното откако Брисел и Лондон постигнаа договор пред малку. Според висок функционер на Европската Унија инволвиран во подготовката на […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2019 19:35
•
Posted by: MK News
Ако лидерите на ЕУ во четврток или петок донесат негативна одлука за почеток на преговори, или ако повторно одлучат да ја одложат одлуката, нашата Влада ќе биде мртва, не затоа што ќе бидеме пречувствителни, одлуката не зависи од нас, но мнозинството од парламентот ќе го изгубиме, рече премиерот, Зоран Заев, на денешната панел дискусија организирана […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2019 19:33
•
Posted by: MK News
Пензионерот Богдан Дамјаноски, кој склучи договор за купување на 1 ТВ, ќе го раскине договорот, соопшти тој zа ИРЛ. Дамјаноски рече дека инвеститорот во чие име настапува се премислил, бидејќи првичниот договор бил на помала сума, но откако УЈП ја блокирала сметката за неплатени даноци сумата се зголемила на околу 400.000 евра. Инвеститорот, чие име […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2019 19:31
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција со еврокомесарот Хан побара ЕУ да не ги гаси светлечките ѕвездички кон кои се стремиме. Европски претставници бидете наши херои, не наша пречка. Еве го Октомври, дојдовме и ја чекаме заслужената одлука да почнеме преговири, откако пристапивме искрено и чесно, вели Заев. Додава дека Северна македонија треба да добие […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2019 19:29
•
Posted by: MK News
Седумнаесетгодишно момче успеало да украде автобус во Србија и со него да се повози низ Белград за време на протестот на таксистите низ главниот град на Србија. Според српските медиуми, возачите на автобуси брзо забележале дека еден автобус недостасува, па откако пријавиле во полиција, момчето веднаш било уапсено. Како што некои медиуми тврдат, момчето му […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2019 12:55
•
Posted by: MK News
Балканот денеска се сеќава на Тоше Проески кој на денешен ден пред дванаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Како и во изминатите 11 години, на неговото вечно почивалиште во крушево денеска ќе пристигнат маратонците што трчаат од Нова Градишка. Средното училиште „Наум Наумовски-Борче“ со поддршка […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2019 12:51
•
Posted by: MK News
Во петок и сабота на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд, најави денеска Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, утре минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10 степени, а максималната од 23 до 30 степени, а слична е прогнозата и за наредните пет дена.
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2019 12:50
•
Posted by: MK News
Золт Боркаи , градоначалник на Гер , кој беше снимен среде оргии на јахта , доби уште еден мандат за прв човек на овој град на зеверозапад на Унгарија. И додека снимката што кружеше на порнографските страници не беше доволна да го отстрани овој поранешен Олимпиец од градоначалничкото место, „Вашингтон пост“ пишува дека порно содржината […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2019 12:47
•
Posted by: MK News
Вчера во Барселона се одржуваат насилни протести , во кои , како што јавуваат дел од медиумите има и повредени демонстранти , а на еден му било извадено окото. Во Барселона дојде до судир на застапниците за независност и каталонската полиција пред зградата на шпанската централна влада што е опкружена со илјадници демонстранти. Специјалците поставија […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2019 12:44
•
Posted by: MK News
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска и утре (16 и 17 октомври), ќе престојува во работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, соопшти владината прес служба. Премиерот Заев, заедно со заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и со министерот за надворешни работи Никола Димитров попладне ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2019 19:47
•
Posted by: MK News
Град Скопје вчера поднесе барање до Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за издавање лиценца за дистрибуција на топлинската енергија за АД Градски енергетски системи (ГЕС) и бара од РКЕ да постапи по барањето во законски предвидениот рок. Во прилог на барањето за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија е поднесена документација со која […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2019 19:44
•
Posted by: MK News
Од декември минимална плата од 14 500 денари. Економскиот тим на владата на иста маса со стопанските комори, работодавачите и синдикалците договорија минималец повисок за 2 илјади денари. Според власта бенефит ќе имаат 90 илјади работници, а ова покачување е доказ дека економските политики даваат резултат. Покачувањето е прифатливо за работодавачите, сепак сметаат дека може […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2019 19:42
•
Posted by: MK News
Семејствата на загинатите кај Ласкарци и повредените бараат да се дознае вистината за несерќата во која во февруари годинава загинаа 16 лица, а 37 беа повредени. На денешното рочиште за случајот ти најавија дека ќе бараат отштета, но не прецизираа во колкав износ. И тие како и обвинителството бараат кривична одговорност од обвинетите. Шестмината обвините […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2019 19:39
•
Posted by: MK News
Управата за јавни приходи подготви кривични пријави за Меѓународниот сојуз, БМЈ медиа груп и Томато продукција , каде беше сместена телевизијата 1тв за даночно затајување за сума повисока од 20 милиони денари. Бојан Јовановски, кој е првоосомничен за случајот „Рекет“ ќе добие и кривична пријава од УЈП за затајување на данок. Кривична пријава даночните инспектори […]
______________________________________________________________________________________________________