Archive by Author

Остануваат во притвор – Одбиени барањата на Јанева и Боки 13 за укинување на притворот

Основниот кривичен суд Скопје ги одби како неосновани барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и на Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени во случајот „Рекет“. – Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлози на обвинетите К.Ј. и Б.Ј., […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Многу ме сакаат Албанците, дали ликот ми е таков не знам

Дали ми приоѓаат и ме прегрнуваат Албанци, не треба да зборувам, само треба да го погледнете амбиентот околу мене, рече вечерва премиерот Зоран Заев на првото постбриселско интервју во земјава во емисијата 360 степени на Алсат, коментирајќи ја вчерашаната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан мицкоски дека Албанци во Гостивар му давале безрезевна поддршка. Сите […]

______________________________________________________________________________________________________

Ципрас: Мицотакис ќе моли Заев да остане на власт

Ирационално е она што го стори Европската Унија и се надевам дека набрзо ќе сфатат оти направија историска грешка, која не треба да стане фатална, изјави лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за Крит ТВ, говорејќи за европската перспектива на Северна Македонија и Договорот од Преспа. Ципрас вели дека грчкиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Дали за косовското прашање ќе добиеме гаранции од ЕУ какви што доби Северна Македонија?

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за австрискиот весник „Стандард“ ја исклучи можноста Белград да го признае Косово во актуелните граници. „Можам да ви кажам дека таа опција речиси апсолутно ја исклучувам. Не е голема веројатноста дека ќе го признаеме Косово. Не мислам дека тоа ќе се случи, но не можеме да ја затвориме вратата […]

______________________________________________________________________________________________________

Вебер: На Северна Македонија и Албанија вратата им беше затворена пред нос

Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот парламент едногласно го осудија одложувањето на одлуката ЕУ да направи нови чекори во пристапниот процес на земјите од Западен Балкан. – На Балканот владее нестабилност, а ние можевме да внесеме доза на стабилност, бидејќи тоа е наша одговорност, предупреди лидерот на групата на Европската народна партија во ЕП, […]

______________________________________________________________________________________________________

9 години затвор за набавка на возила за МВР

Поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски денеска е повторно осуден на затворска казна од 9 години. Тој треба да ја надомести и штетата предизвикана врз буџетот на МВР во висина од 27.894.522 ден. Според судијата Добрила Кацарска, Поповски спротивно на законот за јавни набавки потпишал договори за набавка на 300 возила за МВР без […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија во Србија – бебе починало додека пиело млеко

Едногодишниот Стефан Н. од Србија починал во семејниот дом во моментот додека во уста го држел шишето со млеко. Телото е испратено на обдукција. Стефан Н. починал во неделаа напладне додека пиел млеко во семејниот дом во Сонта кај Апатин, а како што дознава Курир.рс, постои сомнение дека на момчето му се слошило поради воспаление […]

______________________________________________________________________________________________________

Документарец открива дека принцот Ендрју учествувал во оргии со малолетнички

Секојдневно се зголемува бројот на доказите против помладиот син на кралицата Елизабета II , Ендрју , кој според сведочењата на неколку жени учествувал во оргии со малолетнички организирани од осудениот педофил Џефри Епштајн. Принцот ги негира обвиненијата, но во неодамна отворените судски документи што се однесуваат на судењето на Вирџинија Робертс Џуфре против Џислаин Максвел, […]

______________________________________________________________________________________________________

Таравари му врати на Заев: На Мурто Амнестија не му пречи бегството на Груевски…

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари пред малку на Фејсбук се огаси по изјавата на Заев вечерва во интервју за Алсат, а поврзана со искажан став на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со негова посета на Гостивар каде што наишол, како што изјави претходно, на прилично срдечен прием. „На Мурто Амнестија не […]

______________________________________________________________________________________________________

Адвокатот на Мијалков бара да запре „Тортура“ зашто нема надлежни обвинители

Поради смена на поротник и изминати 90 дена од последното рочиште, судењето за предметот „Тортура“ кое се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски денеска започна одново. На почетокот на рочиштето бранителот на обвинетите го оспори овластувањето на обвинителите Љубомир Лапе и Гаврил Бубевски да го застапуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: ЕУ не ни дозволи распуштање со реизбор на судството – тоа мора да се случи

Премиерот Зоран Заев во интервју за „360 Степени“ зборуваше за претстојните избори и критиките дека граѓаните дале глас за да се врати правдата во Македонија, а ниту еден од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ не е во затвор. „Го слушам Мицкоски, вика – Кацарска судство, порано беше Сваровски судство. Ние ништо не променивме во судството. Баравме […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО го смени името на коалицијата

Синоќа ВМРО-ДПМНЕ во партиското седиште одржа состанок со коалиционите партии. На состанокот раководството ги информира за постигнатиот договор со власта за предвремени избори на 12-ти април. Лидерот на партијата, Мицкоски по средбата рече дека го смениле името на коалицијата. ,,Ги информирав партнерите за вчерашната лидерска средба кај претседателот Пендаровски и за предвремените избори. Предложив Коалицијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Жбогар: Да се воздржиме од ветувања за датум, фокусот да биде на вистинските промени

Испорачавте се што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел. Но во Европската Унија одлуките за овие прашања се носат едногласно, а за жал ние повторно го одложивме ова прашање. Го разбираме разочарувањето на граѓаните и на политичарите од одлуката на Европскиот Совет во Брисел, но остануваме посветени на Северна Македонија и на регионот. […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Рано е уште да се разговара за технички премиер

Рано е уште да се разговара за технички премиер и министри, во овој период Владата е насочена да го одржи темпото на економските реформи, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Конференција на Светската царинска организација – ПИКАРД што се одржува денеска во Скопје. – Рано е уште. Владата е насочена […]

______________________________________________________________________________________________________

Официјално крунисување на јапонскиот цар Нарухито

Јапонскиот цар Нарухито денеска официјално ќе биде крунисан, а на традиционалната церемонија ќе присуствуваат околу 2.600 луѓе и владини претставници од 170 држави. Царот Нарухито (59) го презеде тронот на 1 мај од неговиот татко Нарухито го наследи својот татко, 85-годишниот Акихито, кој абдицираше од тронот поради својата возраст и нарушено здравје. Тој беше прв […]

______________________________________________________________________________________________________

Околу 200 првачиња не следат настава зашто се невакцинирани

Според податоците што Министерството за образование и наука до петокот ги добило од терен од просветните инспектори и кои се досега обработени, околу 200 првачиња од целата држава не се запишани во учебната 2019/2020 година затоа што не се вакцинирани. – Можеби ќе биде и поголем бројот, но поентата не е тоа. И за едно […]

______________________________________________________________________________________________________

Одново се суди за апсењето на Љубе Бошковски

Судењето за предметот “Тортура” вратено на почеток. Поради промена на поротник и изминување на три месеци од последното одржано рочиште, судењето за начинот на апсење на Бошковски денеска почна одново. Судот не го прифати предлогот на адвокатите на Сашо Мијалков да се прекине кривичниот прогон заради ненадлежност на обвинителите кои го застапуваат предметот откако тие […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Ќе ја прифатам секоја иницијатива што ќе придонесе за промена на одлуката на Европскиот совет

Премиерот Зоран Заев изјави дека ја прифатил поканата на италијанскиот премиер Џузепе Конте да го посети Рим, бидејќи смета дека италијанската иницијатива може да приодонесе кон поскора промена на одлуката на Европскиот совет за датумот за преговори. -Ја поддржувам секоја иницијатива која ќе придонесе да ја смени горчината од одлуката кај нашите граѓани, и веднаш […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1