Archive by Author

Одложено мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазици

Иако најавено да се објави идната недела, мислењето на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците е одложено, без од таму да ја сооопштат причината за тоа. Владата побарала од Венецијанската комисија да се одложи финалниот извештај кој беше планирано да се презентира месецов. Премиерот денес потврди дека драфт верзијата од Венецијанската комисија е […]

______________________________________________________________________________________________________

Го врзале градоначалникот за камион и го влечкале по патот – не ги поправал улиците (ВИДЕО)

Локалната полиција наскоро интервенираше и го ослободи градоначалникот Хорхе Луис Ескандон Ернандез, кој, наводно, не претрпел сериозни повреди. Градоначалникот беше нападнат од земјоделците за неисполнување на предизборното ветување и санирање на локалните патишта. UNA SU ARRASTRADA. Alcalde de #LasMargaritas, Jorge Luis Escandón Hernández, es sujetado a una camioneta que lo arrastra en pleno parque central, […]

______________________________________________________________________________________________________

Наградна игра за сите кои скенираат фискални

Сите граѓани кои скенираат фискални сметки и учествуваат во мерката „МојДДВ“ од 25 ноември ќе бидат учесници во наградната игра „МојДДВ Моја Награда“. Предвидени се награди на дневно ниво и 15 награди на месечно ниво и две главни награди. Фондот е 31 милион денари и сите награди се парични. Според министерката за финансии Нина Ангеловска, […]

______________________________________________________________________________________________________

Борисов: Го поддржуваме започнувањето преговори со Северна Македонија и Албанија

На денешната владина седница донесовме одлука да го поддржиме започнувањето на преговорите на Република Северна Македонија и Република Албанија со ЕУ, но ќе инсистираме тие да ги почитуваат добрососедските односи. Ова го напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на неговиот фејсбук профил. -Бугарија е постојана во поддршката за европската перспектива на земјите од Западниот Балкан со […]

______________________________________________________________________________________________________

Арсовски: Целиот врв на СДСМ е вмешан во случајот „Рекет” (Видео)

Истрагата наместо да се фокусира на обезбедување на докази за инволвираноста на главата на октоподот, Русковска обвинителството шест месеци работи во насока на уништување на трагите кои водат кон Зоран Заев, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. „Уште од обелоденувањето на аферата „Рекет“ целата домашна и меѓународна јавност знаеше за улогата на Фрики во случајот […]

______________________________________________________________________________________________________

Јовески: Не е постигната спогодба за случајот „Рекет“

До овој момент конкретна спогодба со осомничените за случајот „Рекет“ не е постигната, ниту е влезено во посериозни договори околу спогодбата иако, како што изјави денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, некои од нив биле заинтересирани за тоа. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утре ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“, потврди Јовески […]

______________________________________________________________________________________________________

Не сме ветиле пилоти, туку пилот-проекти, рече Заев за вработувањата во Арачиново

Премиерот, Зоран Заев, денеска ги демантираше информациите дека владејачката партија СДСМ им ветила на жителите на Арачиново дека ќе бидат вработени 300 пилоти од оваа општина. Премиерот појасни дека станува збор за фејк њуз, односно лажна вест, и дека СДСМ всушност ветиле 300 пилот проекти, кои, додаде тој, се во процес на реализација. „Треба да […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев најави времено отстранување на Ременски од партијата

Кога некое лице ќе биде осомничено, обвинито или слично тогаш ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност, вратите се отворени секогаш за секого, рече денеска премиерот Зоран Заев, прашан дали ќе го исполни ветеното за исклучување од партијата на кој било член за кој […]

______________________________________________________________________________________________________

Фросина Ременски е осомничениот функционер, и таткото на Боки, а притвор се бара за Јасна Мандиќ

Покрај пратеничката Фросина Ташевска Ременски, осомничени во новата истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција се и Јасна Мандиќ, заменик-претседател на Меѓународниот сојуз, и Миле Јовановски, таткото на Боки 13, како и асистентката на Мандиќ, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од обвинителството. Според инфомрации на Телма од обвинителството првоосомничен во проширената истрага за измама и […]

______________________________________________________________________________________________________

Осомничен функционер во новата истрага за „Рекет”

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „Измама“ предвидено и казниво по член 247 став 4 во врска со член 45 […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Горд сум што ВМРО не учествуваше во промената на идентитетот и распродажба на името

Во емисија на „ 24 Отворено“ гостуваше Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО ДПМНЕ кој истакна дека тој се чуствува горд што ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во операцијата на распродавање на името. -Јас се чувствувам горд што ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во таа операција на продавање и распродажба на идентитетот на македонскиот народ и македонската држава, вели Мицкоски. […]

______________________________________________________________________________________________________

На почетокот на 2020 ќе се знае колку административци ќе преминат во приватниот сектор

Најрано на почетокот на 2020 година ќе биде познато дали и колку административци ќе преминат во приватниот сектор. Одговорот ќе го дадат т.н. функционални анализи чиј почеток го најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Се очекува, со нова систематизација капацитетите во администрацијата конечно да бидат поефикасни во служба на граѓаните. Целта на […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова е човекот кој ја силуваше Деми Мур: ја прашал: „Какво е чуството кога мајка ти ќе те продаде за 500 евра?“

Актерката Деми Мур (52) пред неколку недели го шокираше светот со признанието во нејзината книга „Inside out“, дека на 15 години е силувана и дека човекот кој го сторил тоа на нејзината мајка и дал пари за „услугата“. Инаку човекот кој ја силувал бил нивни куќен пријател, а станува збор за Базилу Думас, познат каок […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата попушти: Наставниците ќе добијат повисоки плати за 10 отсто

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката за 10 проценти почнувајќи од исплата на платата за април 2020 година. – Откако ќе биде постигната спогодба со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со оваа информација вкупното покачување на платите […]

______________________________________________________________________________________________________

Индијка отрула шестмина роднини со цијанид за да ги контролира семејните финанси

Жена во Индија отрула шест роднини со цијанид поради желба да ги контролира финансиите во семејството. Жената, идентификувана како Џоли Томас од јужната индиска држава Керала, го вршела труењето со цијанид и тоа во период од 14 години, објави Гардијан. Томас (47) станала осомничена дури откако сопругот на сестра и се посомневал во неа. Првата […]

______________________________________________________________________________________________________

Русковска утре ќе поднесе обвинение за „Рекет“

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утре ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“, потврди обвинителката Вилма Русковска за Радио Слободна Европа. Првоосомничен во случајот е Бојан Јовановски, кој не успеа вчера да даде исказ затоа што му се слоши додека беше во Јавното обвинителство, по што беше префрлен со Брза помош во Ургентниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинителство отвори случај за Mеѓународниот сојуз на Боки 13

Државниот обвинител Љубомир Јовески откри дека обвинителството отвори нов случај поврзан со Меѓународниот сојуз на Боки 13. Осомничени се пет лица, а постапка се води и против едно правно лице. Според Јовески, се гонат за кривични дела перење пари, измама и помагање. Од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција велат дека еден од осомничените […]

______________________________________________________________________________________________________

Надеж во потрагата по хрватскиот морнар: Забележани повици за помош- се пребарува Атлантикот

Двајца надгледувачи на командниот мост на бродот „АЛП Страјкер“ во Атлантикот кој трага по преживеаните после бродолом на бродот „Бурбон Роуд“ воочиле прво бел, па веднаш потоа и црвен пиритехнички сигнал, кој бил преведен како повик за помош, известуваат локални медиуми. Тоа е нова надеж за потрагата по седум исчезнати лица од екипажот од бродот […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1