04/10/2019 22:14
•
Posted by: MK News
Претседателот Стево Пендаровски денеска му беше домаќин на Државниот секретар на САД, Мајк Помпео. Билатералната средба се одржа во „Вилата Билјана“ во Охрид. По средбата двајцата релаксирано прошетаа во дворот но таму за малку високиот гостин ќе имаше незгода. Шетајќи се сопна на една од плочките и за малку ќе паднеше, па социјалните мрежи се […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 22:10
•
Posted by: MK News
И универзитетската професорка Мирајна Најчевска вечерва се обрати пред присутните на првиот отворен состанок на на Иницијативниот одбор на Твоја партија, новата партија на адвокатот Александар Тортевски. Политичарите не треба да добиваат втора шанса, бидејќи еднаш корумпиран политичар ќе биде засекогаш корумпиран. Правна држава се спроведува со правила процедури и критериуми, што го немаме, рече […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 21:57
•
Posted by: MK News
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Локално ќе има изолирана појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе се движи од 4 до 12, а максималната од 17 до 23 степени. Во Скопје умерено облачно со умерен ветер од западен правец. Температурата […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 21:31
•
Posted by: MK News
Секој што ќе каже дека борбата во моменталната ситуација и поставеност на силите треба да се одвива на поинаков начин освен здружено и заедно – свесно или несвесно ве носи во заблуда. Секој кој ќе повика дека „сите се исти“ ќе помогне тие да владеат со секого од нас поединечно, разделени и немоќни за било […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 21:27
•
Posted by: MK News
Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири во денешната изјава за медиуми кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во матрицата на деструкција и одбраната на криминалот и дека со Сиљановска и Дурловски, партијата не нуди ништо прогресивно и европско. „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да обноват ништо освен криминалиот режим и темните години на изолација и неизвесност. Дали […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 21:01
•
Posted by: MK News
Македонија економски тигар на Балканот, фер и честита политика за земјоделците, достоинствен образовен систем и пензионерски живот, враќање на рамниот данок, укинување на акцизата од три денари за дизелот, како и враќање на македонизмот во Македонија и секаде во светот се основните ПОСТУЛАТИ врз кои ќе биде заснована предизборната програма на ВМРО – ДПМНЕ, најави […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 20:54
•
Posted by: MK News
Во Кинотека на Македонија вечерва отворен состанок на иницијативниот одбор на новата партија на адвокатот Александар Тортевски која ќе се вика „Твоја партија“. Меѓу присутните може да се забележат и професорката Мирјана Најчевска и актерката и активистика Ирена Ристиќ. Правото и правната држава е нашата црвена линија и за тоа нема отстапка. Македонија да ја […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 20:33
•
Posted by: MK News
Поддршка за полноправно членство во НАТО, како и асистенција во борбата против криминалот и корупцијата – испорача американскиот државен секретар за време на неколкучасовната посета на Македонија. По средбите со државниот врв во Охрид, Мајк Помпео уверуваше дека американскиот Сенат наскоро ќе го ратификува протоколот за пристапување на земјава во НАТО. Истовремено, првиот американски дипломат […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 19:54
•
Posted by: MK News
Во ноември му истекува времениот пасош на бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во случајот „Империја“, беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје. Камчев го побара времениот пасош поради неодложни службени патувања и задолжителна едукација. Покрај Камчев, во случајот „Империја“ осомничени се и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, Ратка […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 19:34
•
Posted by: MK News
Документот од исказот на Јордан Камчев за случајот „Рекет“ не протекол од Основниот суд Скопје 1, кој не е надлежен да спроведе истрага за тоа, беше речено на денешниот брифинг со новинарите во Судот. Документот, како што велат оттаму, протекол во јавноста само ден откако од Кривичен беше препратен во Апелација. Од Кривичниот суд посочуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 19:32
•
Posted by: MK News
Вооружена престрелка се случи попладнево на улицата Ордан Чопела, кога според неофицијални информации две групи пукале со автоматско оружје, дознава Алфа телевизија. Според неофицијалните информации на Алфа повреденото лице Б.Б. со возило Голф 4 со црна боја било оставено во Градската болница, а автомобилот веднаш избегал од лице место. Полицијата неофицијално привела едно лице, а […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 19:27
•
Posted by: MK News
Апелацискиот суд Скопје одлучува по нова жалба за одбиената гаранција на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за укинување на притворот или за замена со куќен притвор. На денешниот брифинг со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје беше речено дека за Јанева имаше одлука од Кривичен совет дека и се продолжува мерката притвор по предлог […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 19:26
•
Posted by: MK News
Зоран Заев и државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Мајкл Р. Помпео, во рамките на неговата еднодневна официјална посета на нашата земја имаа тет-а-тет средба, откако претходно државниот секретар на САД се сретна со Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски. Веднаш потоа се одржа и билатерална средба кога на премиерот Зоран Заев му се придружија […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 19:23
•
Posted by: MK News
Убеден сум дека Северна Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО и сигурен сум дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство, со што и формално ќе ви пасакаме добредојде во Алијансата, истакна американскиот државен секретар Мајк Помпео по средбата со премиерот Зоран заев во Охрид. Помпео го поздрави, како […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 17:31
•
Posted by: MK News
Повредениот во престрелката која се случи во Гази Баба е младо 27-годишно момче, јавува Сител. Според информациите на болницата момчето имало прострелна рана во пределот на стомакот и моментално е хоспитализирано на одделот на Интензивна нега. Лекарите ги прават сите неопходни испитувања по што дежурниот лекарски тим ќе одлучи за понатамошниот третман на пациентот. Според […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 17:30
•
Posted by: MK News
Обвинителката од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Вилма Русковска, поднела жалба на ослободителната пpeсуда за оперскиот пејач Игор Дурловски за yпадот во Собранието на 27 април, и тоа уште пред два месеца, во екот на аферата „Рекет“, објави ТВ „Алфа“. Тоа го потврдиле и од нејзиниот кабинет, како и од Кривичниот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 17:27
•
Posted by: MK News
По повод манифестацијата „Бела ноќ“, граѓаните ќе можат да го користат јавниот превоз бесплатно, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие- ЈСП. Бесплатниот превоз, како што појснуваат оттаму, ќе важи од 18 часот во сабота на 5 октомври до 4 часот во недела на 6 октомври.
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 17:25
•
Posted by: MK News
Денот на народното востание на Република Северна Македонија 11 Октомври (петок) е неработен ден за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните им го честитаат Денот на народното востание.
______________________________________________________________________________________________________