17/09/2019 14:28
•
Posted by: MK News
Апелацискиот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите и нивните бранители и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово, потврдуваат од второстепениот суд за МКД.мк. Одлуката е донесена по три месеци откако беше одржана јавна седница на која се разгледуваа жалбите на првостепената одлука која ја донесе судијката Верка […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2019 14:21
•
Posted by: MK News
Укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева ќе побара днеска нејзината адвокатка Ирена Фрчковска. Фрчковска во изјава за МИА рече дека барањето ќе го достави до Судот во текот на денов. Таа ќе побара Јанева да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот.
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2019 14:19
•
Posted by: MK News
Обврските за спроведување на понатамошните резултати продолжуваат, особено во областа на владеењето на правото. Во решавањето на предизвиците со кои се соочуваме целосно сме ангажирани во согласност со европските вредности и стандарди. Во тие рамки ја гледаме и дебатата за Законот за јавно обвинителство. Случајот „Рекет“ е силен текст за судството и за успех на […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2019 14:17
•
Posted by: MK News
По кусо и тешко боледување, синоќа во Скопје на 70-годишна возраст почина професорот по новинарство, Томе Груевски. Томе Груевски е роден во Смилево, битолско, (1949), новинар и универзитетски професор по комуникологија, новинарство и односи со јавноста, прв доктор по комуникологија во Република Македонија и основоположник на студиите по односи со јавноста во Македонија. Дипломирал на […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2019 13:43
•
Posted by: MK News
Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставено вон сила делот од решението за разрешување на СЈО Катица Јанева со кое е определено дека и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија. Претседателот на Советот на ЈО Ацо Колевски, појасни дека Специјалното јавно обвинителство и редовното државно Јавно обвинителство се […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2019 13:41
•
Posted by: MK News
Надвор од контрола е пожарот кој избувна на Закинтос, Грција во реонот на селата Агалас и Кери, објавија грчки медиуми. Според државната ТВ, два пожара се шират, а едниот зафатил хотел во кој биле сместени 120 туристи. Оштетен е покривот на хотелот. Двете села се евакуирани навреме, јавија медиумите, а силни полициски сили ја контролираат […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2019 13:38
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашното интервју за МРТВ 2 изјави дека Заев сака ново СЈО кое што ќе му служи за офанзива врз политички неистомисленици, да има обвинителство кое што ќе го контролира Рускоска кое што би било дефанзивно и ќе ги заштитува делата кои што се резултат на нивните криминали и […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2019 13:35
•
Posted by: MK News
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги предупреди банките во својата земја дека мораат да внимаваат да не ги осиромашуваат граѓаните и се закани дека може се да им одземат. Тој за локалните медиуми во Унгарија изјави ерата на колонизација е минато и оти банките треба да им вратат меѓу 600.000 и милион форинти до крајот на […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2019 13:33
•
Posted by: MK News
Бојан Јовановски, првоосомничен во случајот „Рекет“ е во многу лоша здравствена состојба, изјави за Телма, за емисијата Код, неговиот адвокат Сашко Дукоски. Адвокатот вели дека неговиот клиент има многу големи болки од претходно направени две неуспешни операции кој тој, како што рече Дукоски ги направил на своја желба. Моментално, како што тој вели Боки 13 […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2019 13:31
•
Posted by: MK News
Стевчо Јакимовски излезе од куќен притвор. Судија на претходна постапка минатата недела му ја укинал мерката куќен притвор и му одреди мерки на претпазливост. Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазливост, судијата го прифати предлогот и го укина куќниот притвор, велат […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2019 13:29
•
Posted by: MK News
Советот на јавни обвинители денеска го констатира прекинувањето на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, откако во саботата беше разрешена нивната шефица Катица Јанева. Претседателот на Советот, Ацо Колевски, по седницата изјави дека досегашните обвинители на СЈО треба да се вратат во нивните матични јавни обвинителства. Претседателот на Советот на јавните обвинители, Ацо Колевски […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2019 12:21
•
Posted by: MK News
Во специјалното јавно обвинителство во тек е постапката за примопредавање на предметите. Јавното обвинителство ги зема предметите во судење, истраги и предистраги. Преземањето на предметите го следи и државниот обвинител Љубомир Јовески кој во моментов е во зградата на СJO. Обвинителката Лиле Стефанова потврди дека од утринава СЈО ги предава предметите на Јавното обвинителство. Запрашана […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2019 11:55
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска ги демантираше вчерашните обвинувања од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека на лидерската средба кажал оти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор. – Строго ги деманитрам ваквите лаги бидејќи на лидерската средба кога се отвораше дебатата зошто воопшто се преговара кога предметите поминуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2019 11:52
•
Posted by: MK News
Северна Македонија и Албанија заслужуваат отворање на преговорите за членство во ЕУ, вели во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ еврокомесарот Јоханес Хан, кој наскоро го напушта ресорот проширување и добрососедска политика во ЕК. Северна Македонија, смета Хан, направи значителен напредок, а најзначајно е потпишувањето на Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција. – […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2019 11:50
•
Posted by: MK News
Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо вчера е притворен во Белград, јавува Скопје 1. Според порталот, скопскиот бизнисмен е притворен по потерница од Хрватска, во моментот кога сакал да се качи во авион за Москва. Палевски има кривична пријава и во Македонија затоа што во април годинава на настан во Прилеп преку мегафон пушташе „бомби“, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2019 11:48
•
Posted by: MK News
Бојан Јовановски останува во притвор откако вчера Кривичниот совет му ја продолжил мерката за уште 30 дена. Тој заедно со бизнисменот Зоран Кичеец и со специјалната обвинителка Катица Јанева се осомничени во случајот „Рекет“, дека бизнисменот Орце Камчев им дал 1,5 милиони евра за да го спасат од кривичен прогон за случајот на СЈО, „Империја“. […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2019 13:24
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција по вчерашната лидерска средба со Христијан Мицкоски, ја искоментира и средбата со Биг Мајк, светски претприемач во полето на одгледување на канабис. „Ние не ги соопштуваме сите средби. Јас седев до човекот, немаме дилеми и ништо не криеме. Целта беше медицинско масло од канабис и да го зајакнеме правото […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2019 13:20
•
Posted by: MK News
Искрено, многу сум разочаран од исходот на лидерската средба и од однесувањето на опонентите од другата страна со кои што преговаравме, господинот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Ова денеска го кажа премиерот Зоран Заев на прес-конференција по Лидерската која траеше 7 часа. Се обидовме сѐ. Да излеземе во пресрет на секое разумно, праведно и правилно барање […]
______________________________________________________________________________________________________