25/05/2019 14:18
•
Posted by: MK News
Вулканизерот Горан Јанковиќ (37) најверојатно го извршил масакрот во Нови Сад кога упаднал во родителската куќа на својата сопруга Мирјана Јанковиќ (32) и ги убил неа и нејзините родители 57 годишниот татко и исто толку годишната мајка. За да биде поголема трагедијата , стравичниот злостор го гледале синовите на Горан и Мирјана, а постарото момче […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2019 14:12
•
Posted by: MK News
Даночните обврзници имаат рок уште седум дена за проверка на податоците од своите претпополнети годишни даночни пријави, кои ги добија по електронски пат. До 31 мај, треба да ги потврдат или да извршат корекција. На крајот од месецов УЈП ги заклучува профилите и пријавите се сметаат за конечни. А, потоа ќе бидат разгледани од службата […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2019 14:10
•
Posted by: MK News
Српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“ вчера без најава ги затвори сите продавници во Србија и Македонија, а стотици купувачи во обете земји останаа без можност да ги добијат однапред платените нарачки. Руската компанија „Спилит“ која го призведува мебелот што го продава „Нефа“, пред два дена преку ноќ побегна од Врање и остави долгови и […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2019 13:53
•
Posted by: MK News
Во хируршкото одделение во Општата болница Струга се заболени 16 отсто од вработнеите, односно девет од вкупно 56 здравствени работници кои работат на ова одделение, додека пет имаат прележано и се на своето работно место. Ова го соопшти заменик министерот д-р Асим Муса откако во медиумите излезе информација дека одделението е затворено поради заболување на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2019 13:50
•
Posted by: MK News
Раскинувањето на Договорот за Казандол од страна на Владата според Уставниот суд, е законито. Судот донесе пресуда во корист на Владата во врска со рудникот „Казандол“, информираат од Владата. Управниот суд, одлучувајќи по тужбата на тужителот „Друштво за експлоатација, преработка, и производство Сардич МЦ“ ДОО, увоз-извоз, Скопје против Одлуката на Владата од 27.3.2018 година, за […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2019 13:48
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство соопшти дека со Фондот за здравствено осигурување и сите засегнати институции се на располагање и дека во моментов се подготвува медицинска документација и се организира превоз за момчето кое вчера во близина на железничката станица Трубарево се здоби со изгореници од струен удар, во најбрзо време да биде пренесено на лекување во […]
______________________________________________________________________________________________________
24/05/2019 18:48
•
Posted by: MK News
На улицата „Вич“ во Скопје во зграда на 17 кат денеска во 10:10 часот избувна пожар во стан во кој бил 58-годишниот В.Ѓ кој заради вдишување на поголемо количество на чад, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при Клинички центар „Мајка Тереза“. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот […]
______________________________________________________________________________________________________
24/05/2019 13:46
•
Posted by: MK News
Сенатот на САД ја потврди кејт Mари Брнс за нова амбасадорка во Mакедонија, објавено е на официјлната веб страна на Kонгресот. Брнс e дипломат од кариера и досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Aтина, a претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена. На сослушување во Сенатот, Брнс […]
______________________________________________________________________________________________________
24/05/2019 13:44
•
Posted by: MK News
Пожарот кој избувна во зграда во населбата Карпош 4 е изгаснат. Полицијата нема информации за причината за пожарот. Сопственикот на станот е префрлен на Токсикологија. Дел од станарите беа евакуирани. После половина час дејствување на противпожарните екипи, пожарот што изутринава избувна во стан во скопската населба Карпош – 4 е изгаснат. Според досегашните податоци, сопственикот […]
______________________________________________________________________________________________________
24/05/2019 13:23
•
Posted by: MK News
Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во целата византиска империја. Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик ги создале и првото писмо и азбуката и ги поставиле правилата за пишување. Македонската делегација досега […]
______________________________________________________________________________________________________
24/05/2019 12:34
•
Posted by: MK News
Денеска британската премиерка Тереза Меј најави дека се повлекува од функцијата на 7. јуни. Меј во 10 часот по локално време им се обрати на насобраните пред нејзината резиденција и најави дека заминува од премиеркста позиција на 7. јуни. ,,Дадов се од себе. Се обидов да договорам најдобри услови, направив се за да ги убадам […]
______________________________________________________________________________________________________
24/05/2019 12:27
•
Posted by: MK News
Пожар беснее во кула во Kарпош 4. Пожарникарите го извлекоа сопственикот на опожарениот стан во една од кулата близначки, информира екипата на Слободен печат која е на терен и будно ја следи ситуацијата. За потсетување, станува збор за стан на 16-ти кат, а неофицијално пожарот е предизвикан од плинска боца. Голем дел од станарите се […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2019 22:30
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите претседатели на општински ограноци на СДСМ. -Синоќа донесов одлуки, а денеска е ред да ги споделам – ќе бидат изработени решенија од страна на администрацијата на СДСМ и во текот на денов ќе ги потпишам решенијата. Одлуката е – се разрешуваат сите претседатели […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2019 22:28
•
Posted by: MK News
Денеска граѓаните беа сведоци на лажно продавање на морал од луѓе како Павле Богоевски, кој беше фатен како вршел кривични дела додека ја извршувал пратеничката функција, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата оставка не може да биде оправдување и амнестирање од направениот криминалот, тој мора да сноси кривична одговорност за трговија на нарко-пазарот. Павле […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2019 22:26
•
Posted by: MK News
Познатата американска актерка и манекенка Ел Фенинг на Филмскиот фестивал во Кан падна во несвест поради тоа што фустанот и бил претесен. Пред два дена 21- годишната актерка беше на свечена вечера на која носеше фустан од Прада , која и ги откриваше рамениците и беше прекриена со цвеќиња. Но проблем направи неверојатно тесниот корсет […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2019 22:22
•
Posted by: MK News
Србинот Слободан Миљуш (37) , кој во Лас Вегас ја уби со бејзбол палка својата сопруга вели дека не се кае и дека му се одмаздил на таткото на сопругата. Србинот од Хрватска , кој живее во лас Вегас по семејна казна ја убил својата сопруга Звездана Бенцун , која веднаш им подлегнала на повредите. […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2019 22:10
•
Posted by: MK News
Речиси секој ден, во Грција се пријавува по едно исчезнато дете, но земјата е високо на листата во Европа во однос на пронаоѓањата со 85,95 oтсто успешност за минатата година. Според податоците од грчката полиција за 16 месеци (2018 и првите четири месеци од 2019) во Грција биле регистрирани 417 исчезнати деца, од кои 354 […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2019 22:06
•
Posted by: MK News
Граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење, а добиле сметки за април да не ги плаќаат, апелираат од Регулаторната комисија за енергетика. На прес-конференција денеска појаснија дека сметките ќе бидат сторнирани. Исклучените од парното до крајот на мај треба да поднесат документација до БЕГ и да докажат дека живеат или ги издаваат становите […]
______________________________________________________________________________________________________