14/04/2019 12:58
•
Posted by: MK News
Не убедуваа во комунизмот и сега сé уште не убедуваат дека тоа не може, но сега дојде времето претседател на државата да биде Албанец и тоа треба да го поддржите на претстојните избори. Со овие зборови кандидатот за претседател Блерим Река го побара гласот од гостиварци на предизбориниот митинг во Гостивар. Река кој е поддржан […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2019 12:56
•
Posted by: MK News
Јас ја гледам Македонија како земја на среќни граѓани, кои се почитуваме едни со други, си подаваме рака во тешки времиња и заеднички ја носиме својата среќа. Јас ја гледам Македонија како држава членка на Европската Унија, каде ќе стигнеме само преку макотрпна работа, исполнување на стандарди и принципи, пред се да се европеизираме дома, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2019 12:54
•
Posted by: MK News
Централниот митинг на претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, ќе се одржи денеска во Скопје во 14 часот пред зградата на ЕУ Инфо Центарот. Поради тоа сообраќајната полиција ќе воведе посебен сообраќаен режим на градските улици. Поради маршот организиран од политичката партија СДСМ, чиј почеток е закажан за 12.30 часот, за сообраќај ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2019 12:51
•
Posted by: MK News
Белградската полиција, службеници на амбасадата на САД во Белград, како и некои граѓани, завчера ја бараа ќерката на американскиот дипломат, која исчезна после заминувањето од училиште. После повеќечасовна потрга пронајдена е како лута низ Белград. Четиринаесетгодишната Рејчел ги загрижи родителите кога вчера после училиште не се појави дома. Таа училиштето го напуштила во петокот во […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2019 13:07
•
Posted by: MK News
По пaдoт на кoмyнизмот на просторот на Балканот, во државите влaдeaт братства кои си ги дeлaт парите и тендерите, во Македонија треба еден тип на oбвинитeл каков што беше Фалконе на Сицилија кој се бopeшe со мaфиjaтa со oдвpзaни раце, рече вечерва на дебатата на МРТВ кандидатот на БЕСА и Алијанса за Албанците професорот Блерим […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2019 12:50
•
Posted by: MK News
Првата приватна тужба поврзана со катастрофата на авионот на „Боинг“, 737 Макс, во Етиопија денеска беше поднесена во суд во САД, јави агенцијата Итар-Тасс. Според Игор Трунов, адвокат кој ги брани интерсите на жртва во трагедијата чии роднини се од Канада, се подготвуваат тужби на уште 15 семејства на загинати. -Првата тужба до компанијата „Боинг“ […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2019 12:48
•
Posted by: MK News
Неофицијално, 7 мај, вторник, ќе биде прогласен за неработен ден бидејќи цел град ќе биде блокиран. Станува збор за посета на досега најважна светска личност и не смее ништо да се остави на случајноста. Ова ќе биде голем тест и за нашите безбедносни сили, велат извори за весникот Вечер. Секој милиметар од трасата по која […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2019 12:44
•
Posted by: MK News
Трудница го загуби бебето бидејќи заболела од морбили. Жената од штипскиот регион која била во 6тиот месец од бременоста, пред десетина дена завршила на Гинекологија каде ја породиле со мртов плод. Наместо зголемување на семејството со уште еден член, пациентката по интервенцијата продолжила со лекување на заразата на Клиниката за инфективни болести. Изминатиот период неколку […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2019 12:29
•
Posted by: MK News
Еквадор го повлече азилот за основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, за потоа тој да биде уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон. Како што јавува „БиБиСи“, тој е уапсен после седум години поминати во амбасадата на Еквадор која му одобри азил. Веста ја потврди британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид. „Можам да потврдам дека […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2019 12:22
•
Posted by: MK News
Лидерите на ЕУ на синоќешниот вонреден Самит во Брисел постигнаа договор за одлагање на британското истапување од Унијата до 31 октомври, со дополнително разгледување на ваквата одлука на средбата на врвот во јуни, објави на Твитер претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Тој информира дека и британската премиерка Тереза Меј се согласила со одлуката за […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2019 12:14
•
Posted by: MK News
Меѓународен научен тим го претстави неверојатното научно откритие во астрофизика – прва фотографија од црната дупка, што е подвиг кој ќе го стави на испит столбот на науката: општата терорија за релативноста на Алберт Ајнштајн. Црните дупки се исклучително густи небески ентитети со гравитациски полиња кои се толку моќни што ни светлината ниту материјата не […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2019 12:10
•
Posted by: MK News
Војникот што бил на стража, постапувајќи според пропишаните процедури и постапки, рано изутрината во 2:53 часот спречил обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информира Министерството за одбрана. Војникот повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрела во воздух. -Лицето и […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2019 12:06
•
Posted by: MK News
Наместо премиерот да си ја потпевнува на митинзи Stranger in the night, време е да ја научи Wind of change, а поради ова и се друго лошо што и приредија на Македонија оваа песна ќе му ја испее народот на 21 април и на 5 мај оваа година, му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2019 12:03
•
Posted by: MK News
Британската полиција денеска соопшти дека го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Како што јави ДПА, Асанж бил уапсен откако ја напуштил зградата на Еквадорската амбасада во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години.
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2019 14:19
•
Posted by: MK News
Тибетскиот духовен лидери Далај Лама е примен во болница во главниот град на Индија, Њу Делхи поради инфекција на белите дробови. Далај Лама е хоспитализиран поради инфекција на белите дробови, сега се чувствува подобро. Тој прима терапија и најверојатно ќе остане во болница еден – два дена, изјави портпаролот Тезин Такла. Далај Лама вчера пристигна […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2019 14:16
•
Posted by: MK News
Ако власта сака да имаме правна држава тогаш нашите забелешки за Законот за јавното обвинителство ќе бидат прифатени вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. Прашан дали е задоволен од текот на преговорите, Јанушев вели дека во партијата не може да се чувствуваат задоволни поради тоа што се прифаќаат нивни забелешки бидејќи како што вели, […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2019 14:15
•
Posted by: MK News
Припадници на албанската полиција убија еден од напаѓачите при престрелката, кои пак влегоа на Меѓународниот аеродром во Тирана и одзедоа пратка со пари, соопшти полицијата. Во соопштението се наведува дека маскирани и вооружени разбојнции влегле на влезот означен за пожарникари, за да дојдат до авионот и да ги земат парите, па побегнале со парите, по […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2019 14:06
•
Posted by: MK News
Претседателот на Русија Владимир Путин повторно повика на почитување на меѓународното право како би се избегнале ситуациите слични на бомбардирањето на Југославија. Путин тоа го рекол одговарајќи му на претседателот на Финска Саули Нинисте кој оценил дека Русија е сама виновна за санкциите кои и се воведени. Рускиот претседател нагласил дека Советот за безбедност на […]
______________________________________________________________________________________________________