07/04/2013 21:33
•
Posted by: MK News
Победата во Карпош Стевчо Јакимовски повторно ја прослави во својот изборен штаб со песната: „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“ Објавува Нова Македонија Тој беше пречекан од голема група на поддржувачи и членови на изборниот штаб кои го запреа сообраќајот десеттина минути пред да стигне Јакимовски. Беше пречекан со овации и прегратки […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 21:24
•
Posted by: MK News
Лошите резултати што ги оствари кандидатот за градоначалник на “Сојузот за иднината“ Менде Диневски најверојатно беа причина за инцидент во седиштето на СДСМ во Битола – објавува Нова Македонија, Според очевидците таму се случила тепачка и кршење на инвентарот. Битолската полиција го потврди инцидентот и моментно се наоѓа во седиштето на СДСМ да спречи инцидентот […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 21:17
•
Posted by: MK News
Честитајќи ја победата на својот официјален Фејсбук профил, Стевчо Јакимовски потврди дека тој е победникот во трката за градоначалничката фотелја во општина Карпош. Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од Српската напредна партија во Македонија, Стевчо Јакимовски, пред малку прогласи победа со разлика од 10.000 гласови во однос на неговиот противкандидат од СДСМ, Андреј […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 21:12
•
Posted by: MK News
ДПА слави во Струга а водство до овој момент има Владимир Кочоски Кандидатот за градоначалник за општина Струга од ВМРО-ДПМНЕ, поддржан и од СДСМ, Владимир Кочовски води со 11.360 гласови, наспроти 9.076 на Зијадин Села од ДПА. Владимир Кочоски доби 41,72 процент од гласовите во Струга, наспроти 57,9 гласа за кандидатот на ДПА, Зијадин Села. […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 21:00
•
Posted by: MK News
Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски е во убедливо водство со 71.000 гласови. Коце Трајановски засега заработи 71.000 гласови,додека неговиот противкандидат од редовите на СДСМ, Јани Макрадули засега освоил 36.000 гласови. ВМРО-ДПМНЕ во уведливо водство е и во Чешиново, Старо Нагоричане, Јагуновце, Ресен, Лозово, Карбинци, Битола,Кавадарци, Велес, Бутел, Кочанни.
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 20:58
•
Posted by: MK News
Куманово, Струмица, Берово и Центар – ова се четирите општини во кои, според сè уште неофицијални податоци, води СДСМ. Според од изборниот штаб на оваа партија, од досега изброените гласачки ливчиња, опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ ги губат изборите во Велес и во Ѓорче Петров. Сепак не ја исклучуваат можноста бројките да се променат со […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 20:57
•
Posted by: MK News
Зејадин Села, кандидатот на ДПА за градоначалник на Струга, смета дека ја добил довербата од жителите на овој град. Се поголем е бројот на граѓани кои се собираат во Лабуништа и пред штабот на ДПА, кои како што велат, ја слават победата на ДПА. Во Струга во вториот круг покрај Села влезе и заедничкиот кандидат […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 20:54
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Чешиново Облешево, Старо Нагоричане, Ресен, Јегуновце, Карбинци, а огромно водство во Битола, Кавадарци, Велес, Бутел и Кочани. На ниво на град Скопје, водството на Коце Трајановски е огромно – соодносот на гласови е 2:1 во корист на Трајановски.
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 20:53
•
Posted by: MK News
Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски од СНС, убедливо води пред кандидатот на опозицијата Андреј Петров, со седум илјади гласа разлика. Како што дознаваме, Јакимовски набрзо за околу 10 минути и официјално ќе ја прогласи победата во Карпош, на прес конференција во неговиот изборен штаб. Нова Македонија
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 19:54
•
Posted by: MK News
Денешниот втор круг од локалните избори беше празник за демократијата во нашата држава. И овој ден за Република Македонија, како и оној пред две недели ќе значи напредок за државата во остварување на европските перспективи, оценија вечерва од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. – Граѓаните на Република Македонија во одличен број денеска излегоа на гласање во овој втор круг на изборите. Процентот […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 19:44
•
Posted by: MK News
Жители на Пустец кои поседуваат македонски лични карти денеска масовно се појавиле на гласње во Центар информираат порталите Бриф и А1он. Тие како и телевизија Телма успеале да интервјуираат некои од нив кои според снимките не знаат на која улица живеат но знаат на кое гласачко место да гласаат. Опозиционата партија обвинува дека овие гласачи […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 19:29
•
Posted by: MK News
Фејсбук профилот на кандидатот за градоначалник на општина Центар, од Сојузот за иднината, Андреј Жерновски е хакиран денеска и на неговиот времеплов се постирани коментари со навредлива содржина. Во пораката која стои како насловна на профилот и наместо зборот „Победа“, стои зборот „беда“, а во постовите се коментира дека кандидатот е предавник на својата идеологија […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 19:27
•
Posted by: MK News
Вицепремиерот во македонската Влада, Владимир Пешевски, е набљудувачот што денеска се соочил со физичко насилство во струшкото село Радолиште, објави Република. Поголема група активисти со примена на физичка сила (туркање) се обиделе да го отстранат Пешевски од избирачкото место. Поголем инцидент е спречен со брза интервенција на локалната полиција во Струга.
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 19:18
•
Posted by: MK News
Фондацијата Википедиа ја обвини Централната дирекција за внатрешно разузнување (ДЦРИ) дека вршела притисоци со „закани“ за повлекување на една статија објавена на бесплатната веб енциклопедија Википедија, која според ДЦРИ ја загрозувала националната безбедност на Франција, јавува дописникот на МИА од Париз. Министерот за внатрешни работи на Франција, под чија надлежност работи ДЦРИ, ја оспори оваа […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 18:42
•
Posted by: MK News
До 17 часот, на ниво на цела држава гласале вкупно 46,74% од граѓаните Во Скопје, до 17 часот гласале 37,43%. Најголема излезност е регистрирана во Лозово, односно 78,57% од жителите. Најмала излезност е забележана во Сарај, или 13.35% Според последните информации од Државната изборна комисија, до 17 часот гласале 53, 78% од гласачите во Ѓорче Петров, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 18:36
•
Posted by: MK News
Јужноафриканецот Мет Силвер-Валенс успеа, закачен за 160 балони наполнети со хелиум, да прелета десетина километри над Атланскиот Океан. Летот на овој 37-годишник од островот Робен до Кејптаун, траел еден час на просечна височина од околу 200 метри. При слетувањето, кое поради поголема безбедност е извршено во вода, 400 метри од брегот, му помогнале спасувачи кои […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 18:10
•
Posted by: MK News
Неповолните временски услови проследени со врнежи од дожд во охридскиот регион дополнително ја усложнуваат состојбата со водотеците од сливот, како и на самото Охридско Езеро чие ниво и натаму е во пораст. Реките од сливот на езерото веќе на повеќе критични места се излеаа предизвикувајќи материјални штети, најмногу на обработливите површини, пренесува МИА. Нивото на […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2013 18:00
•
Posted by: MK News
Во Уганда се готви закон со кој ќе се изрекува казна затвор за жените кои носат кратки здолништа. Новиот Закон за борба против порнографијата, кој треба да биде изгласан, предвидува и до 10 години затвор за жени кои ги покажуваат колената. Покрај тоа, тие ќе бидат казнети со 10 милиони угандски шилинзи, што е околу […]
______________________________________________________________________________________________________