18/02/2019 16:05
•
Posted by: MK News
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата. Одговарајќи на новинарско прашање, Зоран Заев откри дека на листата на претседателски кандидати на СДСМ се наоѓаат десет имиња за […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2019 16:03
•
Posted by: MK News
Пред само 6 дена се случи кобна сообраќајна несреќа во која 15 невини луѓе го загубија несреќно животот, а уште толку се повредени и се наоѓаат на клиниките. Се уште не се утврдени точните причини од страна на МВР за сообраќајната несреќа која беше кобна за овие 15 луѓе. Компанијата „ДУРМО ТУРС“ која е сопственик […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2019 16:02
•
Posted by: MK News
Денеска, од страна на БЈБ- Единицата за сериозен криминал и тероризам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактвен материјал при Одделот за криминалистичка полиција со поддршка на ОСПО и ОКТИВ, и во координација со ОЈО за ГОКК, спроведена е координирана […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2019 14:38
•
Posted by: MK News
Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – бензините поскапуваат за 0.5, односно 1.00 денар, додека цената на дизелот останува непроменета. Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.98 проценти. Од полноќ литар ЕУРОСУПЕР […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2019 14:25
•
Posted by: MK News
И Министерството за надворешни на Бугарија издаде предупредување од можни терористички напади во Македонија.. Во известувањето објавено на својата интернет страницата, бугарското МНР се повикува на информациите од македонската полиција за спречен терористички напад.. Пренесува и дел од предупредувањето на Амбасадата на САД според кое постои зголемен ризик од терористички акт организиран од радикалните структури […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2019 14:22
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ објави фотографија од девојката по име Јасмина и Садет, жителот на Ласкарци. Во својата објава Филипче напиша дека Садет успеал да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее и дека неговата желба била само Јасмина да е жива. „Неколку денови безуспешно барал информации низ болничките […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2019 14:21
•
Posted by: MK News
Префектот на грчката област Централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас, вели дека додека е тој на чело на периферијата нема да се променат таблите на кои сега пишува Скопје за нашата земја. Во интервју за грчката телевизија „Скај“, Ѕиѕикостас кој доаѓа од редовите на Нова демократија потенцира дека тој нема да го користи името Северна Македонија, бидејќи […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2019 14:17
•
Posted by: MK News
Времето утре, ќе биде слично како денеска- сончево со слаб јужен ветер. Во среда времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер, додека во четврток сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок времето ќе биде […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2019 14:01
•
Posted by: MK News
Денешната собраниска седница почна со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во сообраќајната незгода што се случи минатата недела на автопатот Скопје-Тетово кај селото Ласкарци. На дневен ред на денешната седница се повеќе точки меѓу кои и интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2019 13:59
•
Posted by: MK News
Дел од функционерите потврдуваат дека нивните блиски ќе се откажат во вработувањето во јавниот сектор заради тоа што гледаат алтернатива на државните институции, но редно е да ги оставиме тие сами да соопштат, бидејќи станува збор за личен чин. Верувам дека ќе имаме одлични примери на повлекување и на тој начин ќе ја покажеме нашата […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2019 13:56
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев најави дека на денешната средба со министерот за култура Асаф Адеми ќе бидат разгледани жалбите за Годишниот конкурс за финансирање на проектите од областа на културата за 2019 година. -Поништувањето и разгледувањето на сите незадоволни од конкурсот е нешто што го потврдивме и јас и министерот. Министерот имаше одредени здравствени проблеми, но […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2019 15:05
•
Posted by: MK News
Одрони синоќа создадоа големи проблеми за учесниците во сообраќајот на патниот правец Кочани- Делчево. Возачи кои синоќа доцна се враќаа од Скопје кон Делчево алармираа за одрони кај селото Истибања. Очевидци на социјалните мрежи постираа фотографии и информации дека одроните за малку ќе предизвикале и катастрофа, бидејки од нив настрадало возило во кое се возело […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2019 15:02
•
Posted by: MK News
Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата на претстојните изборите закажани за 21 април годинава. Силјановска е избрана вчера на партиската конвенција со вкупно 408 гласови. Со тоа, ја освои номинацијата уште во првиот круг. На конвенцијата гласаа 519. Силјановска беше еден од деветте кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претседател […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2019 15:00
•
Posted by: MK News
Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа во Германија. Според неофицијални информации во возилото бил со кумот и возачот. Германската полиција објавила официјален извештај од тешката несреќа. „Во недела утрината во 06:50 часот на патот БАБ А2, во семорт кон Дортмунд, во подрачје на градилиште, се случила сообраќајна несречќа во која првобитно […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2019 14:58
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на третиот ден на жалост во Гостивар, по кобната автобуска сообраќајна несреќа, потсети на најтешките денови што ги живее градот, на човечноста и херојството, потребата од заедништво… „Гостивар деновиве е завиен во црно. Дури и кога сонцето е највисоко на небото, не може со зрак топлина да ја пробие темнината […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2019 14:54
•
Posted by: MK News
Кралот на народната музика, српскиот пејач Шабан Шаулиќ, загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија. Како што неофицијално се дознава, Шабан со автомобилот трганал на аеродром, кога се случила несреќата. Со автомобилот не управувал тој, туку возач. Со него бил и кумот кој исто така е повреден. Како што пишуваат германските медиуми, пијан возач со […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2019 14:43
•
Posted by: MK News
Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја честиташе 11-годишнината од независноста на Република Косово која, како што вели, е најновата држава во Европа пред завршните предизвици за градење на државноста. -Секој од нас има дадено придонес за најголемото национално постигнување, слободна, демократска и независна држава, Косово. Затоа, секој од нас што работел за овој ден, денес […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2019 14:41
•
Posted by: MK News
Косовската Влада претпладнево одржа свечена седница, со што започна официјалното одбележување на 11-годишнината од независноста на Република Косово, најмладата држава во Европа, која ја имаат признаено над 100 членки на Обединетите нации, а меѓу првите и Република Северна Македонија. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во краткиот пригоден говор на владината свечена седница истакна дека „секој граѓанин […]
______________________________________________________________________________________________________