17/02/2019 14:37
•
Posted by: MK News
Телото од почината жена што вчера околу 13 часот беше најдено и извадено од водите на Вардар кај мостот во Горно Лисиче е на 38-годишната Д.П. од Драчево, потврди МВР. Телото вчера беше предадено на обдукција и врз него не се најдени траги на насилство. По скопјанката Даниела П. се трагаше од понеделникот, 11 февруари, […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2019 14:35
•
Posted by: MK News
Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина во страотна сообраќајна несреќа во Германија. Неофицијално, Шабан со автомобилот тргнал на аеродром кога му се случила несреќата. Со автомобилот не управувал тој, тука имал возач. Со него бил и неговиот кум кој исто така е повреден. Покрај Шабан во автомобилот бил и музичарот Мирсад Кериќ. Според последните […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2019 14:34
•
Posted by: MK News
Кралот на српската народна музика Шабан Шаулиќ загина после тешката сообраќајна несреќа во Германија. Ѕвездата на народната музика во автомобилот, според неофицијални информации, бил со возач и со кумот, а несреќата се случила во околината на Билефелд во кој пеел. Шабан Шаулиќ потоа итно е префрлен во болница, каде и починал, јавува српски Курир.
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 21:07
•
Posted by: MK News
По изборот на професорката Гордана Силјановска Давкова за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на денешната конвенција на партијата која се одржа во Струга, говор одржа и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. – Честитки што се одваживте да аплицирате за кандидат за претседател на Република Македонија и иден претседател на Република Македонија. Македонија денеска доби мајка на […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 21:03
•
Posted by: MK News
Професорката Гордана Силјановска која попладнево беше избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ изрази подготвеност да побара поддршка од сите граѓани, здруженија и политички партии, па дури и од СДСМ. „Прашање е само колку јас се вклопувам во тоа што тие го велат консензуален кандидат“, рече Силјановска и најави дека ќе собира и 10.000 потписи од […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 20:59
•
Posted by: MK News
Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата на претстојните изборите закажани за 21 април. Силјановска е избрана попладнево на партиската конвенција со вкупно 408 гласови. Со тоа, ја освои номинацијата уште во првиот круг. На конвенцијата присуствуваа 553 делегати, а гласаа 519. Силјановска беше еден од деветте кандидати на […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 14:20
•
Posted by: MK News
Во тајна просторија во еден подрум пронајдено е загубено руско богатство, златни прачки, слики, икони . Научниците од Националниот универзитет во Узбекистан откриле во една од зградите во историскиот дел на Ташкент богатство вредно повеќе од милион долари . Досега се сметало дека овие предмети биле загубени пред најмалку 80 години. Загубеното руско богатство е […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 14:18
•
Posted by: MK News
Четири противпожарни возила со 11 пожарникари биле испратени по повик од Амбасадата на САД во Скопје вчера попладне, но не интервенирале оти станувало збор за лажна дојава, пишува СДК.МК. Од Противпожарната бригада на Град Скопје велат дека во петокот во 17.20 часот на телефонскиот број 193 добиле дојава за пожар во канцелариски простории на Амбасадата […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 14:16
•
Posted by: MK News
Мотивиран сум затоа што џигерот ме боли додека гледам што ѝ прави Зоран Заев на Република Македонија. Мотивиран сум затоа што само така ќе победиме, не само со еден туку со 15 настани дневно, рече Влатко Ѓорчев на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која се избира претседателски кандидат. – Апсолутно како и секогаш со цело срце […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 14:12
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната конвенција на партијата во Струга изјави дека е убеден оти наредниот претседател на Македонија ќе биде кандидатот на неговата партија. Според него, на Македонија и е потребен кандидат кој ќе го почитува гласот на народот. „Кандидат кој ќе покаже кичма, кога други ја виткаат, да покаже достоинство, стабилност, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 14:10
•
Posted by: MK News
Наградата за особен придонес кон мирот и безбедноста, на двајцата премиери ќе им биде врачена на посебната церемонијална вечера чиј домаќин е премиерот на Федералната држава Баварија Флориан Херман. Една од централните активности на денешната попладневна агенда на годинешната Минхенска конференција за безбедност им е посветена на добитниците на главната награда на конференцијата „Евалд Фон […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 14:07
•
Posted by: MK News
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи вонредна состојба за да добие пристап до милијарди долари за изградба на ѕид долж границата меѓу САД и Мексико и потпиша декларација за ова прашање. Трамп претходно денеска во телевизиското обраќање изјави дека ќе ги искористи извршните овластувања за да го заобиколи Конгресот, кој одобри многу помалку пари за […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 14:05
•
Posted by: MK News
Најмалку пет луѓе беа убиени и уште шест полицајци се ранети откако напаѓач отвори оган во индустриска зграда во градот Аурора во американската држава Илиноис. -Напаѓачот е убиен, соопшти полицијата. Според портпарол на полицијата, напаѓачот бил Гери Мартин (45), вработен во тој индустриски комплекс. Мартин добил отказ од работа во текот на вчерашниот ден. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 14:02
•
Posted by: MK News
На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје, утринава во 5 часот, почина уште еден од патниците кои настрадаа во сообраќајната незгода кај селото Ласкарци. Станува збор за петнаесетиот загинат, маж на возраст од 39 години во оваа голема несреќа. Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 14:02
•
Posted by: MK News
Во НВА лигата се одигра мечот на ѕвездите во подем во кој тимот на САД го совлада остатокот на светот со 161-144. Еден момент сепак ги разнежи фановите од Македонија откако турската ѕвезда Чеди Осман на мечот настапи со патики на кои беа македонското и турското знаме. Осман кој е роден во Македонија со тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 13:58
•
Posted by: MK News
Обединетите нации ја заменија референцата „Поранешна југословенска република Македонија“, со името „Северна Македонија“ во списокот на признати држави. Промената во ОН е направена на 14 февруари во вечерните часови. Министерството за надворешни работи истата вечер ги достави вербалните ноти до Обединетите нации (ОН) со кои информира за настанатите промени со името на земјава. -Република Северна […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 09:45
•
Posted by: MK News
Полицијата уапсила околу 20 припадници на ИСИС, на кои им е определен притвор, јавува порталот 24 Инфо. Според неофицијални информации, порталот објави дека полициската акција била изведена утрово околу 5 часот во повеќе градови во земјава, а запленето е големо количество на пешадиско оружје. МВР вечрва излезе со соопштение дека бил спречен терористички напад од […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2019 09:37
•
Posted by: MK News
Американската амбасада во Скопје објави предупредување дека постои зголемен ризик од терористички напад на територијата на Република Северна Македонија. -Постои зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичка идеологија во Северна Македонија. Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичката идеологија имаат намера за напад врз цивили, вклучително и државјани на САД во странство. Терористите се […]
______________________________________________________________________________________________________