21/10/2018 13:23
•
Posted by: MK News
По гласањето за уставни измени во Собрание преку твитер профилот на руската амбасада, Русија испрати порака дека ја признала Македонија под нејзиното уставно име и дека тој став не го менува. „Русија ја призна Република #Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува”, пишува на официјалниот твитер-профил […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 22:33
•
Posted by: MK News
Продолжува програмата „ЕВН Волонтира“ чија што цел е да го мотивира волонтерството кај вработените во ЕВН Македонија. Покрај досега реализираните над 30 волонтерски проекти, вработените се заложија за реализација на нови 66. Волонтерите од ЕВН посветија над 3.200 часови во унапредувањето на квалитетот на живот во нивните локални заедници. Вработените својот труд го посветија на […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 21:16
•
Posted by: MK News
Лидер стапи во контакт со пратеничката Емилија Александрова Ова е нејзиниот коментар зошто одлучила да гласа „За“ и за нејзиното исклучување од партијата и наводите за наводни закани, поткупи и притисоци кон пратениците. Одлуката беше тешка навистина, свесни за сериозноста на ситуацијата како во државата така и во политиката и какви се бранувањата таа ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 20:13
•
Posted by: MK News
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе Известување за откриени содржини во кои има повикување на насилство или најави за однесување кое би значело загрозување на туѓа безбедност, а се објавени на профили на социјалната мрежа Фејсбук во изминатите 24 часа, кои се соодветно […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 14:15
•
Posted by: MK News
Институциите постапуваат според законот. Обезбедена е гаранција за пратениците од опозицијата, за нивните семејства, брзо да реагираат на секоја закана, изјави премиерот Зоран Заев синоќа по прес-конференцијата во Собранието одговарајќи на новинарски прашања, а по информациите дека пратениците од опозицијата кои гласаа „за“ се на удар од нивните сопартијци. За оние пратеници кои се обвинети […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 13:22
•
Posted by: MK News
Иван Стоиљковиќ на фејсбук Почитувани, не поседувам ниту еден медиум, ниту пак имам слободен пристап до медиумите, па затоа ќе ги искористам друштвените мрежи да Ви соопштам дека утрово после гласањето се чуствувам мирно и спокојно, затоа што со моето гласање го искажав не само мојот однос туку и односот на поголемиот дел од припадниците […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 13:19
•
Posted by: MK News
Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради вчерашниот позитивен резултат од гласањето во македонското Собрание. И покрај оставката и заминувањето на Никос Коѕијас од позицијата шеф на грчката дипломатија, и тој и Ципрас рекоа дека се среќни, иако тоа е оксиморон, како што истакнаа […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 13:09
•
Posted by: MK News
Лидерот на ДУИ Али Ахмети им се заблагодари на 80-те пратеници кои вчера гласаа за отпочнување на постапка за уставни измени и воедно ги повика останатите опозициски пратеници кои, според него, синоќа сакале да гласаат „за“, но немале доволно храброст, да им се придружат во понатамошната постапка. Тие 80 пратеници што гласаа за, но и […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 13:04
•
Posted by: MK News
Тројца македонски државјани се обвинети од Словачката полиција за разбојништво со огнено оружје, кое го сториле на 3.октомври, по што се фотографирале со украдените десетиците илјади евра, а фотографиите ги објавиле на социјалната мрежа Фејсбук. Според билтенот на полицијата во Трнава, разбојнштвото се случило во 6 часот наутро откако Славчо (28), Кристијан (24) и Горан […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 13:01
•
Posted by: MK News
Емилија Александрова е член на ВМРО-ДПМНЕ, родена во Берово. Има завршено Факултет за безбедност, на Универзитетит „Св.Климент и Наум Охридски“. Таа беше едната од осумте лица од опозицијата кои гласаа за уставните измени во собранието.
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 12:59
•
Posted by: MK News
Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, истакна дека патот до вчерашната одлука на членовите на Собранието беше драматична и тесна, но, според него, со неа пратениците ги заштитија виталните интересите на граѓаните на Македонија. „Посебно признание оди за претставниците од опозицијата кои преземаа одговорност и кои, покрај притисоците и заканите на нивната партија, […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 12:56
•
Posted by: MK News
Од УХМР известуваат дека денес претпладне ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен локален дожд. Од недела попладне ќе биде постудено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот. Повремено ќе дува засилен […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 12:55
•
Posted by: MK News
Во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември“ вчера било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода, кое било патник во автобус на ЈСП-Скопје- Д.З. (62) од Скопје. -Тој пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот како патник се возел во автобус на ЈСП-Скопје со бр.7 во […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 12:53
•
Posted by: MK News
Српскиот режисер, Борис Малагурски го искоментира менувањето на името на нашата земја од Република Македонија во Република Северна Македонија. Вели дека иако граѓаните на референдумот рекоа „не“, сепак политичарите ја погазија волјата на народот. Наведува дека по Устав, референдумот пропадна, но 8 политичари гласаа „За“. Морате еднаш да речете „Доста“ и да ве слушаат политичарите […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 12:51
•
Posted by: MK News
По синоќешното гласање во македонскиот Парламент, каде со две третинско мнозинство беше поддржана иницијативата за почнување процес на измени на Уставот, како што налага Договорот од Преспа, со реакција се огласи и американскиот амбасадор Џес Бејли. „Честитки за македонскиот Парламент за гласањето за иницирање уставни измени, согласно Преспанскиот договор. Пратениците од сите партии покажаа храброст […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 12:50
•
Posted by: MK News
Денеска е црн петок , најцрн ден во историјата на Македонија , рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицкоски на прес конференција по изгласувањето на потребата од донесување на Уставните измени. Мицкоски рече дека биле ветувани пари на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ , дека било нудено ослободување од обвиненијата. Наместо Собранието да […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 12:48
•
Posted by: MK News
На само еден час откако во македонското Собрание беше донесена одлуката за отворање на процесот на уставни промени, на социјалните мрежи постојано стасуваат честитки од цела Европа и од регионот. Меѓу првите, се огласи грчкиот премиер Алексис Ципрас. „Вечерашново гласање е голем чекор кон нашиот заеднички успех“, му порача вечерва грчкиот премиер Алексис Ципрас на […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2018 12:43
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција изјави дека премиерот, Зоран Заев и неколкумина околу него го изневерија народот. Тој нагласи дека 8 луѓе од опозицијата го изневериле народот. Седум луѓе од оние кои гласаат, а се дел од неговата партија, веднаш ќе бидат исклучени од партијата. Се ветувало ослободување од обвиненијата, вели Мицкоски. […]
______________________________________________________________________________________________________