Archive by Author

Пратеничката Жаклина Пешевска демантира дека гласала на референдумот

Во одредени медиуми се појави вест дека пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска гласала денеска на референдумот. Овие информации таа ги демантира во изјава за Курир. „На одредени портали прочитав дека сум гласала на референдумот, тие информации не се точни. Ги демантирам овие информации кои беа објавени во одредени медиуми“, изјави за Курир пратеничката Пешевска.

______________________________________________________________________________________________________

Приведено момчето кое вознемирувало граѓани и нападнало полицајци

Досега МВР регистрираше 4 инциденти , и во истовреме апелираше на воздржљаност од нарушување на јавниот ред и мир. Најсериозниот инцидент се случи пред основното училиште Лазо Ангеловски во Ново Лисиче, каде момче вознемирувало гласачи. Релативно мирен референдумски ден, полицијата засега регистрираше четири инциденти на гласачките места низ државата. 22 годишно момче беше приведено откако […]

______________________________________________________________________________________________________

Столе Стоилов се огласи во врска со референдумот

Капитенот на ракометниот клуб Вардар денеска во пресрет на референдумот во Македонија објави статус на својот Фејсбук профил. -Никогаш северна, секогаш Македонија, напиша Столе. app-facebook Stole Stoilov 4 hours ago Никогаш северна, СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА 👊 1.6K 73 208

______________________________________________________________________________________________________

Гласање за Гинис во Делчево: 11 болни гласале на 13 ливчиња

Според информации од терен при гласањето на болните и изнемоштени лица во Делчево, во избирачкото место 573 се случила изборна нерегуларност. Од вкупно 10 лица кои гласале во во избирачката кутија се нашле 13 ливчиња, јавува Курир.мк Имено избирачкиот одбор кој по процедура одел од куќа на куќа по поминувањето на 10 куќи, отишле на […]

______________________________________________________________________________________________________

Отстранет потпретседател на избирачки одбор во Чаир

Потпретседателот на избирачкото место 2903, во основното училиште Иднина, во општина Чаир е отстранет и избркан од одборот. Претседателката на избирачкиот одбор изненадена од ваквата постапка вели дека не знае кои се причините за ваквата постапка. Истакна дека е во очекување на нов потпредседател во текот на денот и дека засега и тие се збунети […]

______________________________________________________________________________________________________

Речиси двојно пониска излезност на референдумот во однос на претходните избори

Речиси двојно пониска е излезноста на денешниот референдум во однос на парламентарните избори во 2016 и локалните избори 2017 година. Државната изборна комисија соопшти дека до 13 часот на референдумот своето гласачко право го искористиле 16 проценти од запишаните избирачи во Избирачкиот список.

______________________________________________________________________________________________________

Низа неправилности на гласањето: Дури и претседателка на избирачкиот одбор ја немало во списокот

Претседателот на Здружението „Цивил – Центар за слобода“ Џабир Дерала, на пладневната прес конференција наведе дека, според извештаите што се добиени од набљудувачите на терен, забележани се нерегуларности и несоодветно однесување на некои набљудувачи за време на референдумското изјаснување до 12.00 часот. – За прв пат гледаме една зачестена појава во која набљудувачите се однесуваат, […]

______________________________________________________________________________________________________

Центар најголема излезност до 13 часот, следуваат Карпош, Крива Паланка, Сарај и Крушево

Според податоците на Државната изборна комисија ДИК, скопската општина Центар „води“ во излезноста на граѓаните на денешниот референдум во Македонија. Телевизија 24 направи ранг листа на десетте општини каде процентуално излезноста на Референдумот 2018 е највисока, сумирано до 13 часот. Општина Центар – 26.29% (гласале 11.409 граѓани) Оптина Карпош – 23.97% (гласале 12.863 граѓани) Општина […]

______________________________________________________________________________________________________

Членови на ВМРО-ДПМНЕ добиле лажни СМС пораки во кои партијата ги повикува на гласање

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино ви предупредува своите членови дека се шират лажни СМС пораки со повик да излезат да гласаат на референдумот. Иако на пораките е потпишана партијата, сепак од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се злоупотребени партиските иницијали. Тврдат дека таква насока од ВМРО ДПМНЕ немало, а случајот го пријавиле до надлежните институции. „ВМРО-ДПМНЕ […]

______________________________________________________________________________________________________

Стоилковски: Мицкоски нема да гласа на референдумот, прашањето двосмислено, договорот поразителен за Македонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање дали ќе излезе да гласа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тој пренесе информација дека тоа нема да се случи. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на партискиот став кој овозможува секој да постапи по свое лично убедување одлучи да не гласа на референдумот. Мицкоски смета дека прасањето за […]

______________________________________________________________________________________________________

АЛБАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ШВЕРЦЕРИ НА ЛУЃЕ, МЕЃУ НИВ И МАКЕДОНЦИ

Албанската полиција соопшти дека е разбиена криминална група,дел од меѓународна мрежа, која организирала нелегален влез на албански граѓани во Велика Британија, САД и Канада. Ова е седма по ред криминална група од почетокот на големата акција во која до сега уапсени се 39 лица, додека по 12 албански и странски државјани распишана е меѓународна потерница. […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Четири инциденти на гласачките места

Релативно мирен референдумски ден, со неколку инциденти на гласачките места. Најсериозниот се случи пред основното училиште Лазо Ангеловски во Ново Лисиче, каде момче вознемирувало гласачи, а потоа и физички нападнало полицајци. На ова гласачко место кое се наоѓа во општина Аеродром 22-годишно момче приведено, откако нападнало полицајци

______________________________________________________________________________________________________

ДИК: До 13 часот излегоа 16 отсто од гласачите

До 13 часот од вкупниот број гласачи на гласање излегле 16 отсто од запишаните гласачи според обработени податоци за 90,24 отсто од гласачките места. Распонот на излезност по општини е од 7,82 до 19,15 %, соопшти Оливер Дерковски, претседателот на Државната изборна комисија.

______________________________________________________________________________________________________

Нов инцидент во Скопјанка: Чад излегувал од станот со пелените

Противпожарната екипа вчера интервенирала во станот кој пред извесно време беше причината за евакуација на цела зграда во ТЦ „Скопјанка“ откако се ширела неподнослива миризба. Екипата излегла на терен по пријава од соседи кои забележале дека од станот изгледува чад. Неофицијално, кога пристигнала противпожарната екипа морала насилно да влезе во станот, бидејќи никој не отворал. […]

______________________________________________________________________________________________________

Од вторник потопло- во среда и петок дожд

Променливо облачно време со локален дожд, особено во јужните и источните делови, најавува УХМР за утре. Како што е наведено во соопштението, Македонија ќе биде под периферно влијание на циклонската активност над Медитеранот. Од вторник времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло. Повеќе услови за локален дожд ќе има во среда и петок.

______________________________________________________________________________________________________

ДИК: Гласањето мирно и без неправилнота, до 11 часот изелезеноста 8,03 отсто

До 11 часот на 3.480 гласачки места на територијата на Република Македонија гласањето тече мирно и без неправилности. Од обработените 92,06 отсто од податоците од избирачките места до 11 часот на гласање излегле вкупно 8,03 проценти од запишаните гласачи на овие избирачки места. До ДИК до овој момент, како што информираше на прес-конференцијата портпаролката на […]

______________________________________________________________________________________________________

До 11 часот најголема излезност во Центар, најмала во Могила

Според податоците на ДИК, најголема излезност има во општина Центар која води со 13.31% излезност. Најмала има во Могила, каде што гласале само 3.16%. Голема излезност е забележана и во Пробиштип (10.08%), потоа во Пехчево и Прилеп нешто над 11%, Крива Паланка 12.99%, Карпош 12.51%, Гевгелија и Делчево нешто повеќе од 11%. Мала излесност до […]

______________________________________________________________________________________________________

На север во Косово мирно, Србите се повлекле од барикадите во Зубин Поток

Пратеникот од Српска листа, Игор Симиќ изјави денеска дека барикадите се повлечени од општината Зубин Поток, по апелот на српскиот претседател, но според него се уште се чувствуваат тензии. – Тоа што се случи на нашата испружена рака за мир, беа долги цевки на луѓе со фантомки што предизвика нервоза кај граѓаните во општина Зубин […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1