17/09/2018 14:31
•
Posted by: MK News
Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД, истакна претседателот Ѓорге Иванов на средбата со секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Џејмс Норман Матис. Двајцата соговорници разменија мислења за тековните политички случувања во земјава, за евро-атлантските перспективи и билатералната соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста. Македонскиот претседател истакна дека пристапувањата во […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:28
•
Posted by: MK News
Директорот на Amazon ќе донира 2 милијарди долари за фонд што ќе им помага на сиромашните луѓе. Станува збор за фондот Bezos Day One кој ќе помага за отворање на градинки во сиромашни квартови и ќе дава пари на непрофитни организации за помагање на бездомни семејства. Портпаролката на Amazon изјави дека парите ќе доаѓаат дирекно […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:26
•
Posted by: MK News
Граѓаните на Австралија се вознемирени откако во јагоди низ продавниците пронашле игли за шиење! Паника владее и во Нов Зеланд, каде два големи дистрибутери на храна објавиле дека јагодите со потекло од Австралија ќе ги тргнат од рафтовите. Како што наведува „Асошиејтед прес“, одгледувачите почнале да користат метални детектори, а австралиската влада започна истрага за […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:23
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочна пријава против актерката Ирена Ристиќ според член од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир кој предвидува дека на лице кое „на јавно место се оддава на пијанство или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во висина од 100 до […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:22
•
Posted by: MK News
Поранешниот министер за здравство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, денеска на панел дискусија рече дека ќе гласа на престојниот референдум кој ќе се одржи на 30. септември, дознава ТВ21. Кога партијата одлучила самите да донесат одлука, тогаш тој ќе биде „ЗА“, рече тој на панел дискусијата.Тодоров рече дека стои на ставот на партијата и […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:19
•
Posted by: MK News
Целта на Европската недела на мобилност која во Скопје започна со велопикник и велоекспо е промоција на алтернативните видови транспорт и комбинирање на одржливите начини на превоз до саканата дестинација. Водно е одбрано како локација за овој прв настан од причина што во изминатиот период е направено најмногу за намалување на бројот на возила за […]
______________________________________________________________________________________________________
17/09/2018 14:18
•
Posted by: MK News
Актерката и активист Ирена Ристиќ синоќа била приведена од полицијата оти пред Влада чистела пикавци, а на социјалните мрежи се огласи за тоа што се случило: – “Дури не ми го земале телефонот…Пробаа да ме стаат у Бардовци!. Ме вратија у Беко! Wow…Другари, за пикавците ли…*имам модрици по раце и пцовки у уши… Алтан ми […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 15:53
•
Posted by: MK News
Сонуваме сите 27 години и денеска конечно сме исправени да го оствариме нашиот сон, да обезбедиме европска иднина за нашите деца и генерациите после нас. НАТО и ЕУ не поврзува сите, затоа оваа аспирација конечно имаме шанса да ја зграпчиме и бидеме горди оти сме успеале, порача премиерот Зоран Заев на граѓанскиот собир пред седиштето […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 15:19
•
Posted by: MK News
Добар ден за верниот Исток, но и сите оние кои што од сите краишта на нашата мила мајка Македонија ни се придружија денеска, ова неделно после пладне. Добар ден за достоинствена, горда и пркосна Македонија, и добре ни дојдовте! Ми велат никогаш не треба лидерот и претседателот, неговите следбеници и следбениците на идејата да го […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 15:13
•
Posted by: MK News
Најмалку осум лица загинаа при налетот на тропската бура Флоренс, што ги погоди американските сојузни држави Северна и Јужна Каролина, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Бурата предизвика големи полави во делови на Северна и Јужна Каролина, примнудувајќи најмалку 20.000 лица да ги напуштат своите домови. Во акциите за помош на настраданите се вклучени […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 15:10
•
Posted by: MK News
30 дена притвор одреди судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп за Е.Т. (24) од Битола, осомничениот полицаец за свирепото убиство во Прилепско, информира полицијата. Притворот ќе се извршува во Казнено поправната установа Затвор Скопје. Е.Т. откако беше приведен го призна злосторството кое го изршил над својот пријател Алили Бекир од Битола. Вчера (15.09) […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 15:07
•
Posted by: MK News
Педесет и шестгодишен татко бил обвинет дека го фрлил своето дете во провалија, пренесува српски „Курир”. Судот во Мостар му одредил притвор поради убиство. Тој е под сомнение дека на 6 септември излегол од автомобилот и од патот во провалија ја фрлил носилката со штотуку родениот син. Детето, кое претходно излегло со сопругата на монструмот […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 15:03
•
Posted by: MK News
Илјадници граѓани дојдоа во Скопје да дадат поддршка на коалицијата Заедно за европска Македонија . Маршот за европска Македонија тргнa од пред зградата на Црвениот крст со почеток во 13,30 часот, а ќе заврши пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14 часот со голем граѓански собир во центарот на Скопје.
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 14:59
•
Posted by: MK News
Народниот правобранител утре ќе отвори бесплатна телефонска линија 0800 54321, со цел да им помогне на граѓаните во остварувањето и заштитата на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став по однос на референдумското прашање. Од Канцеларијата на народниот правобранител укажуваат на правото на непосредно изјаснување, и сметаат дека изјаснувањето на граѓаните и […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 14:57
•
Posted by: MK News
Седумдесет и две годишен белграѓанец станал виц на денот во Риека кога во понеделникот барајќи паркинг низ градот, го заглавил своето скапо возило на скали. Како што јавуваа хравските медиуми, непознавањето на градот на возачот било клучно за да му се случи оваа несреќа, па пратејќи во својот ГПС систем, завршил на скали. – Најпрво […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 14:55
•
Posted by: MK News
Најмалку 25 лица загинаа при налетот на тајфунот Мангхут, кој изминативе два дена ги погоди Филипините, предизвикувајќи свлечишта и поплави, првенствено во северните делови на земјата. Советникот на филипинскиот претседател Родриго Дутерте, Френсис Толенто информира дека вкупно 20 од жртвите загинале во регионот Кордилера на најголемиот филипински остров Лузон, а уште четири во соседната провниција […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 14:54
•
Posted by: MK News
Двајца затвореници, 28-годишниот К.Г. од Урошевац и 31-годишниот Ш.Н., дражавјанин на Република Македонија, двајцата осудени за кривично дело „тешка кражба“, побегнаа вчера од затворот Дубрава во Косово, по што, денеска, се уапсени двајца полициски офицери од овој затвор. Извори од полицијата информираа дека полициските службеници се приведени и притворени под обвинение дека не обезбедиле соодветна […]
______________________________________________________________________________________________________
16/09/2018 14:51
•
Posted by: MK News
Во Скопје попладнево се одржува Марш за европска Македонија, кој го организира Коалицијата Заедно за европска Македонија, а кој треба да финишира со голем собир на кој ќе се обратат премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери. Почетокот на маршот е од пред зградата на Црвениот крст во Скопје, а да заврши пред […]
______________________________________________________________________________________________________