14/09/2018 14:10
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија го утврдува изгледот на гласачкото ливче за референдумот закажан за 30 септември. Печатницата „Киро Дандаро“ е избрана да ги печати ливчињата, а за таа намена ќе бидат потрошени 13 милиони денари. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски информираше дека од безбедносни причини изгледот на гласачкото ливче Комисијата ќе го утврдува на затворена седница […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2018 14:10
•
Posted by: MK News
На автобуска постојка на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје вчера околу 13.00 часот 15-годишно момче од скопското село Арачиново, физички било нападнато од друг малолетник од Арачиново, ученик во државното средно училиште „Зеф Љуш Марку“. Додека чекал автобус, соопшти денеска МВР, 15-годишникот физички бил нападнат и со нож му биле нанесени две убодни рани во […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2018 14:08
•
Posted by: MK News
Можност младите да стекнат практично искуство во компаниите и за тоа да бидат платени, а тие, пак, да добијат кадар профилиран согласно нивните потреби, што ќе помогне во намалување на невработеноста кај овие лица, ќе овозможи законот за практиканство што го подготвува Владата. Компаниите ќе може да ангажираат практиканти во период од еден до шест […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2018 14:07
•
Posted by: MK News
Лажни пари кружат во Македонија, штипјанец со фалсификувани пари купил автобуска карта и разменил 50 евра. – СВР Штип поднесе кривична пријава против против З.М.(52) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 29.04.2018 година при купување на билет на автобуската станица во Кочани, пријавениот разменил фалсификувана банкнота во […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2018 14:00
•
Posted by: MK News
Првите луѓе на пропаднатата МПМ Јана Станисављева и Срѓан Керим беа на распит во СЈО. Од специјалното обвинителство потврдуваат дека е отворена истражна постапка за случајот со МПМ, а директорите се осомничени за лажен стечај, злоупотреба на службената положба и овластувања и за злоутотреби на средства на доверители во износ од неколку милиони евра. Двајцата […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2018 13:59
•
Posted by: MK News
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 септември, денот на Преподобен Симеон Столпник. Именден празнуваат: Симо, Симеон, Симонка, Симон, Симона, Симка… Со празникот Свети Симеон е поврзано есенското засејување, што е проследено со посебни обичаи и верувања, иако тие се различни во разни краишта на Македонија имаат и многу заеднички елементи. Народното верување […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2018 13:56
•
Posted by: MK News
Ураганот Флорен се приближи на брегот на САД и силните удари од ветрот ги фрлаат на брегот брановите, кои веќе продреа до куќите во Авон, град во Северна Каролина, а пријавена е само материјална штета. Истовремено во Норфолк, Вирџинија, водата ги поплави улиците и пред да почне да паѓа дождот, така шт низ некои краеви […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2018 13:55
•
Posted by: MK News
Со сослушување сведоци денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за „Топлик“, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот Сончев град во Сопиште. Претседателот на судечкиот совет Осман Шабани, на почетокот кажа дека за денешното рочиште освен двајцата присутни сведоци, биле уредно […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2018 13:53
•
Posted by: MK News
Двајца градежни работиници загинаа денеска на градилиштето на комплексот „Белград на вода“ во српскиот главен град, откако паднале од една од зградите во изградба. Според Б92, екипите на службата за Брза помош што дошле на местото на настанот само ја констатирале смртта на двајцата работници. Несреќата се случила околу 9.30 часот. Засега не познато како […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2018 13:52
•
Posted by: MK News
Во рамките на кампањата за референдумот, Демократската Унија за Интеграција оствари средба со граѓаните на Долнени. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред жителите на Долнени рече, ако има момент кој што ги соединува сите граѓани на Република Македонија, тоа треба да биде 30 септември, кога се одлучува за иднината. Албанци, Македонци, Турци, Бошњаци, Роми, Власи, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2018 13:50
•
Posted by: MK News
Во Полициската станица Неготино, вчера попладне од Итна медицинска помош било пријавено дека во тоалетот во сопствената куќа на улица „Васка Калајџиска“ од родителите бил пронајден починат М.Т. (26). Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2018 13:49
•
Posted by: MK News
Уставниот суд во среда ќе го разгледа предлогот за оспорување на собраниската одлука за референдумот на 30 септември. Се работи за инцијатива која пред повеќе од еден месец ја поднесе политичката партија Левица откако парламентот на 30 јули одлучи да се распише референдум за промена на уставното име согласно договорот со Грција. Во инцијатвата Левица […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2018 13:48
•
Posted by: MK News
Шеикот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани му подари авион „Боинг 747-8“ на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Се работи за еден од најскапите приватни авиони во светот, чија вредност се проценува на 367 милиони долари. Леталото денеска беше испорачано на аеродром во Истанбул. Боингот може да пренесе 76 патници и 18 членови на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2018 14:51
•
Posted by: MK News
Синот на Пабло Ескобар тврди дека пејачот и глумец Френк Синатра бил „негов човек во Мајами”, т.е. таму препродавал кокаин. Ескобар, кој е роден во Колумбија, се уфрлил во картел уште во 1970-те, а по смртта на водачот Фабио Рестреп, момчето ја презема контролата и почнува со масовна експанзија на бизнисот со дрога. Во исто […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2018 14:46
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини од Стразбур заедно доаѓаат во Скопје. Заев на Фејсбук профилот објави фотографија од него и Могерини во авион за Скопје и порача дека високата претставничка на Унијата уште еднаш доаѓа во земјава за да даде поддршка за нејзината европска иднина. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2018 14:43
•
Posted by: MK News
Најмалку три лица беа повредени денеска кога дојде до одрон на карпа на популарната плажа на островот Закинтос, објавија грчките власти. Припадниците на крајбрежната служба, исто така, бараат исчезнати лица, објавија грчките медиуми. https://www.facebook.com/100002251483818/posts/1950843025000728/ Официјалните претставници на крајбрежната стража рекоа дека една туристка била повредена и е пренесена во локалната болница. Локалните медиуми ги пренесоа […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2018 14:30
•
Posted by: MK News
Европскиот парламент денес со 420 гласа „за“ го поддржа отворањето преговори за либерализација на визите за граѓаните на Косово. Известувачот за либерализацијата, пратеничката Тања Фалон пред почетокот на гласањето кажа дека Косово ги исполнило сите услови и ги повика пратениците на ЕП да ја поддржат либерализацијата на визите. По одлуката на ЕП, треба да почнат […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2018 14:27
•
Posted by: MK News
Во мојата глава сѐ уште ги слушам зборовите на некои од пратениците кои со недели ни се закануваа од говорницата и кажуваа дека работиме против народот, дека народот го губи трпението, дека народот ќе ги земе работите во свои раце. Најсугестивен во своите закани беше пратеникот Крсто Мукоски кој беше најубедлив во своите закани и […]
______________________________________________________________________________________________________