14/08/2018 17:30
•
Posted by: MK News
На денешната владина седница е разрешен директорот на БЈБ Лазе Велковски, чие барање за разрешување беше поднесено од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски после скандалот со службениот џип со кој ќерката на Велковски била однесена со другарките на одмор во Грција. Премиерот Зоран Заев вчера рече дека Велковски е член на СДСМ, но „законот […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2018 17:25
•
Posted by: MK News
Дел од надвозник над индустриска зона во италијанскиот град Џенова се урна денеска во момент на силна бура проследена со пороен дожд. Министерството за внатрешни работи на Италија потврди дека загинале 11 луѓе. Италијанскиот министер за транспорт го оквалификува инцидентот како „огромна трагедија“. Пожарникарите тврдат дека при уривањето уништени се околу 20 автомобили. На местото […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 22:54
•
Posted by: MK News
Од утре до 3 септември можно е забавување на јавниот превоз на булеварот „Партизански одреди“, од крстосницата со булеварот „8-ми Септември“ до мостот „Обединети нации“. Како што информира Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, забавувањето е поради геодетски мерења и вадење кернови од Друштво за градежништво, промет и услуги „Геинг“. – Автобусите и автобуските постојки ќе функционираат […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 22:47
•
Posted by: MK News
Косовскиот Национален институт за јавно здравство потврди денеска дека во Косово една 82-годишна жена починала од западнонилска треска, а друга, 52-годишна, која била заразена од истиот вирус, е излекувана и пуштена на домашно лекување. Насер Рамадани, директор на Инситутот, за телевизијата КТВ изјави дека нема место за паника, но апелира до граѓаните да избегнуваат излегување […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 22:40
•
Posted by: MK News
Пилот на мал авион загина , кога намерно влета со авионот во својата куќа во близина на влезот на кањонот Пејсон во државата Јута. Ноќеска околу 2.30 часот по локално време мажот се забил со малиот авион во куќата , а неговата соптруга и детето поминале без повреди . Пилотот најверојатно намерно се забил во […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 22:36
•
Posted by: MK News
Израел би можел да го изгуби правото на организирање на Евросонг за 2019 и натпреварот да се одржи во Виена. Сомневањата дека Израел ќе биде домаќин на следната Евровизија се појавија веднаш по победата на Нета Барзилаи . најпрвин се спомнуваше безбедносната состојба , а сега во прашање се финансиите . Државната телевизија побарала средства […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 22:33
•
Posted by: MK News
Канцеларката Ангела Меркел изјави дека територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан е неприкосновен. Со оваа изјава , објавена на сајтот на германската Влада , Меркел ги отфрли сите настојувања да се ревидираат границите повлечени по војните на Балканот. ,,Територијалниот интегритет на државите од Западен балкан е дефиниран и неприкосновен. Тоа повторно мора да се […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 22:29
•
Posted by: MK News
Владата на утрешната седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ, Лазо Велковски кој беше поднесен од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откако се утврди дека Велковски службеното возило го користел за превезување на членови од неговото семејство надвор од Македонија МВР по 4 дена од скандалот ја извести јавноста дека […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 22:22
•
Posted by: MK News
Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, но и натаму со многу високи тепмператути, најавува од утре попладне УХМР. В среда и четврток нестабилно ќе биде на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува в петок и сабота. Утринските темпеартури ќе бидат од 11 до 21 степен, а дневните од 27 […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 22:20
•
Posted by: MK News
Дирекцијата за заштита на личните податоци дала негативно мислење за Законот со кој УЈП ќе ги проверува банкарските сметки на граѓаните. Предложените законски решенија, велат од Дирекцијата, не се во согласност со начелата за заштита на личните податоци од Законот за заштита на лични податоци. -За да може да се пристапи кон изменување и дополнување […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 22:15
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ ќе се изјасни во однос на тоа како ќе ја води референдумската кампања тогаш кога ќе завршат консултациите што ги најавивме во рамки на партиските тела, и тогаш ќе излеземе до јавноста со официјален став. Има максима која вели дека погрешен одговор е подобар отколку никаков одговор, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 12:08
•
Posted by: MK News
Во централниот дел на грчкиот остров Евиа од вчера бесне голем пожар, поради што власите спроведоа евакуација на две села и еден манастир. Поради пожарот затворен е и дел од главниот пат што минува низ остров, а со цел да овозможат побрзо заминување на оние што сакаат да ја напуштат Евиа, властите наредија траект линиите […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 12:04
•
Posted by: MK News
Арета Френклин е тешко болна, пишува “Showbiz 411”. Кралицата на соул музиката моментално се наоѓа во Детроит, каде е опкружена со своето семејство кое ги моли нејзините обожаватели за поддршка и молитви во овие тешки времиња. “Зборував со близок пријател на Арета Френклин и нејзиното семејство. Пејачката не е добро”, напишал новинарот на “NBC”, Хари […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 11:59
•
Posted by: MK News
Нискобуџетниот авиопревозник „Виз ер“ ја укинува продажбата на билети за двe од своите авионски линии надвор од Македонија, една седмица откако Владата го поништи тендерот за доделување на финансиска поддршка за авиопревозници, пишува порталот „Ex YuAviation“ Продажбата на билети за Скопје-Барселона ќе биде прекината од 26 октомври, а од Охрид до Лондон од 24 октомври. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 10:49
•
Posted by: MK News
Француската научничкка со полско потекло Марија Кири се најде на правото место на листата на „Сто жени што го променија светот“, што ја изготви британскиот магазин „Хистори“ врз основа на гласовите на неговите читатели. Марија Кири родена Склодовска е прва во светот која доби две Нобелови награди – за физика во 1903 и за хемија […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 10:47
•
Posted by: MK News
Времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 28 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје и околината слично време со температура до 35 степени.
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 10:45
•
Posted by: MK News
Еден автомобил рано утринава бил запален на улицата „Кумровец“ бр. 14 во Скопје. Како што соопшти Територијална противпожарна единица на Град Скопје, пожарот бил локализиран во периодот од 5:06 до 5:50 часот. Интервенирале тројца пожарникари со едно возило. Причинета е матерјална штета од 600 илјади денари.
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 10:43
•
Posted by: MK News
Граѓаните ќе треба да ги правдаат и докажуваат и парите кои ги добиваат од роднините во странство поради новите измени со кои Управата за јавни приходи ќе добие слободен пристап до банкарските податоци. Ваквите приходи не припаѓаат на системот на оданочување. -Проблематични ќе бидат средствата од родителите према децата што работат во странство. Или некои […]
______________________________________________________________________________________________________