19/03/2018 14:37
•
Posted by: MK News
Опожарена е викенд-куќата на координаторот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп Петар Ристески во месноста Кула во околината на Прилеп. Пожарот синоќа околу 22:30 часот го забележал очевидец кој пријавил во противпожарната единица која интервенирала. Според Ристески, станува збор за политички мотивирано дело. – За пожарот бев информиран од противпожарната единица синоќа околу 23.30 […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2018 14:32
•
Posted by: MK News
Прочуената пророчица, Баба Ванѓа која предвидела многу работи, има и едно предвидување за идниот светски лидер. Баба Ванѓа починала во 1996 година, на 85- годишна возраст , но има предвидувања за неколку векови , се до 51-ви кога према нејзините визии ќе биде крај на светот. Магазинот „Бриминген меил„ пишува дека таа ја предвидела и […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2018 14:30
•
Posted by: MK News
Вчера 65-годишната М.Д.од Гевгелија пријавила дека истиот ден околу 13 часот и 30 минути додека пешачела со нејзината пријателка до чешмата викана „Долна Чешма“ во селото Хума-гевгелиско забележале починато лице. На местото на настанот излегла увидна екипа од Полициска станица Гевгелија и било утврдено дека починатиот бил 67-годишниот С.П. од Гевгелија. Од страна на лекар […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2018 14:27
•
Posted by: MK News
Во 21 часот и 30 минути во Полициска станица Гостивар, 36-годишната А.Д. пријавила дека истиот ден околу 11 часот од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот 10- годишен син. Се превземаат мерки за пронаоѓање на детето.
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2018 14:23
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред судот рече дека со протестите што се организираат пред домовите на пратеницте се вршат неколку кривични дела и тој лично ќе ги заштити нивните деца, врз кои демонстрантите сеат страв и терор. „Протестите се уставно право, дозволиво е протесирање на граѓаните и тоа е нешто што треба […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2018 14:19
•
Posted by: MK News
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Дојран, десет литри на метар квадратен, по што следуваат Берово, Струмица и Виница со девет, Крива Паланка со осум, Дебар и Гевгелија со четири, Маврово и Штип три, Охрид, Лазарополе и Пожаране два, како и Крушево со еден литар на единица површина. УХМР за денеска прогнозира облачно време […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2018 14:16
•
Posted by: MK News
Со големо мнозинство гласови добиени на вчерашните избори, актуелниот претседател на Руската Федерација Владимир Путин (66) и во следните шест години ќе остане на таа функција. Путин освои гласови од 76,67 отсто гласачи и им се заблагодари на граѓаните за поддршката што му ја дадоа нагласувајќи дека во таа поддршка гледа доверба од граѓаните и […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2018 10:10
•
Posted by: MK News
Ајфеловата кула утрово била затворена за посетителите поради снегот и студот, соопштила компанијата задолжена за одржување на познатата париска знаменитост. На сајтот на Твитер компанијата објавила фотографија на која се гледа снег околу Ајфеловата кула.
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2018 09:51
•
Posted by: MK News
Единаесет годишно девојче е повредено додека била на час во основно училиште. Нејзиниот татко случајот го пријавил вчера во полициската станица Карпош. Имено, во четвртокот додека неговата 11- годишна ќерка била на час во основно училиште при обид од страна на наставничката да го отвори прозорецот од училницата, истиот се откачил и паднал врз неговата […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2018 22:50
•
Posted by: MK News
Група граѓани вечерва протестираа пред домот на пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ременски. Таа на својот фејсбук профил напиша дека протестот е организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Општинскиот комитет на оваа партија од Карпош, на чело, како што вели поранешниот и сегашниот претседател Сашо Лазаревски и Тони Јаревки, актуелен советник во Карпош. […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2018 22:47
•
Posted by: MK News
Акробат на светски познатата група „Сирк де солеј“ почина по пад за време на настапот во Тампа, Флорида. Триесет и осумгодишниот Јан Арно учествувал во точка која вклучува висечки ленти, кога паднал од голема височина. Тој им подлегнал на повредите во болница. „Целото семејство на ‘Сирк де солеј‘ е во шок. Јан беше со нас […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2018 14:06
•
Posted by: MK News
„Како и многу други жени, така и јас, случајно, со мал допир на едната и другата дојка, почувствував дека има некоја промена, дека нешто се случува. Од страната напипав нешто што наликуваше на грутка, а тоа го почувствував додека бев на настап во Шведска, па си помислив дека е сигурно поради промената на клима и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2018 13:51
•
Posted by: MK News
Орце Ѓорѓиевски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил објави дека на соијалните мрежи добивал закани по живот откако одржа неколку прес-конференции во име на својата партија. -Изминативе неколку дена до мене освен многуте охрабрувања и поддршка, стигнаа и неколку заканувачки пораки од другарчиња Албанци поради моите прес конференции. Во суштина ова […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2018 13:45
•
Posted by: MK News
Силно невреме и јужен ветар кој на моменти достигна брзина од околу 100 километри на час го зафати Охрид. Високите бранови го преплавија кејот и предизвикаа поплавување кај дел од објектите што се наоѓаат на крајбрежјето, односно на платформите и терасите кои се на првата линија на езерото. Од силината на ветерот скршен е дрвениот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2018 13:42
•
Posted by: MK News
Претседателот на ДУИ Али Ахмети, во интервју за Алсат, вели дека му испратил порака на Иванов, уште веднаш после второто гласање. “На господинот Иванов му испратив порака да го потпише овој закон уште после второто гласање. Тој не можеше да се надмине себеси за да биде легитимен претседател на сите граѓани во оваа земја. Со […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2018 13:40
•
Posted by: MK News
Во Русија денеска се одржуваат претседателски избори на кои се очекува победа на актуелниот шеф на државата Владимир Путин. Во трката за претседател на Русија се осум кандидати. Според анкети, Путин има поддршка од околу 80 отсто граѓани, што лесно може да му обезбеди уште еден шестгодишен мандат. Путин за првпат беше избран за претсеател […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2018 13:34
•
Posted by: MK News
Повеќе од стотици граѓани, припадници на Службите за заштита и спасување, Комунална полиција, Водовод и Комунални претприемништва, со полни вреќи песок кои ги поставуваат на крајбрежјето и во внатрешноста на улиците, се бидуваат да ги спасат своите домови од поплави. Морето низ канализациите продира до куќите, а веќе се поплавени и локалите кои се наоѓаат […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2018 13:27
•
Posted by: MK News
Минстерството за внатрешни работи вели дека се фотомонтажа фотографиите објавени во медиуми за поставено албанско знаме на граничкиот премин „Богородица“. -Целосно неточни и невистинити се информациите и фотомонтажите објавени во неколку веб портали дека на граничниот премин Богородица е поставено знамето на Република Албанија. Таков случај не е пријавен во МВР. Веднаш после објавувањето на […]
______________________________________________________________________________________________________