15/03/2018 14:16
•
Posted by: MK News
Европската комисија очекува Законот за употреба на јазиците да биде испратен до Венецијанската комисија, како што е најавено во планот 3-6-9, и го нотира вчерашното усвојување, изјави за МИА портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.– Имплементацијата на законот треба да биде во согласност со европските стандарди, вели Коцијанчич. Додаде оти очекувањата на Европската комисија се Собранието […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2018 14:12
•
Posted by: MK News
Според Уставот, по првото враќање на законот во Собранието пратениците повторно го разгледуваат и ако го усвојат со мнозинство гласови претседателот е должен да го потпише. Иванов изјави дека нема да го потпише указот зашто тоа не му го дозволува совеста. Но, со оглед дека без потпис од претседателот законот не може да се објави […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2018 13:27
•
Posted by: MK News
Синоќа е опожарен автомобил „Сеад Леон“, сопственост на пратеничката Славица Шуманска – Митева. Инцидентот се случил во 1 часот и 30 минути по полноќ во Виница, на улицата „Славчо Стојменски“. Министерството за внатрешни работи соопшти дека непознати сторители го скршиле стаклото на патничкото моторно возило, ја полеале внатрешноста со запалива течност и го запалиле автомобилот. […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2018 13:20
•
Posted by: MK News
Претседателот на Собраниетo, Талат Џафери, го одби барањето на пратеникот Зијадин Села, поединечно да се гласа за Законот за употреба на јазиците, откако листингот на Собранието покажа дека електронскиот систем не го регистрирал нивниот глас. Според Џафери Законот е изгласан од 64 пратеници и гласањето е полноважно, поради што не може да се спроведе поединечно […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2018 13:18
•
Posted by: MK News
Пратениците од СДСМ и коалицијата Маја Морачанин, Ферид Мухиќ, Ивана Туфегиќ, Лилјана Поповска и Тања Ковачев не гласале за Законот за јазиците покажуваат собраниските листинзи. Ковачев е на трудничко боледување, но пртетпладнето можеше да се забележи во собраниската сала. Според листингот, за Законот не гласале ниту лидерот на алијансата за Албанците, Зијадин Села, ниту пак, […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2018 13:17
•
Posted by: MK News
Независниот пратеник од владејачката коалиција Ферид Мухиќ кажа дека вчера гласал „за“ за Законот за употреба на јазиците, обраќајќи се процедурално на почетокот на денешната собраниска седница. На листингот од гласањето, Мухиќ е регистриран како да не гласал. „Го притиснав копчето, не знам како, остана нерегистрирано. Апсолутно сум гласал, како и што се гледа при […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2018 13:12
•
Posted by: MK News
Законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата завршува денеска, 15-ти март 2018 година, потсетуваат од Авто мото сојузот на Македонија. Обврската произлегува од член 404 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој предвидува дека моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место, во […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2018 12:59
•
Posted by: MK News
„Овој глас и овој ден ви припаѓа вам и на оние кои веќе не се тука а се најзаслужни, мачениците на албанската нација. Честитки за сите“, напиша лидерот на ДУИ, Али Ахмети на својот Фејсбук профил откако беше изгласан Законот за употреба на јазиците. Ахмети објави фотографија од гласањето.
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2018 12:56
•
Posted by: MK News
Претедателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе ги прекрши уставните одредби доколку не го потпише указот за прогласување на Законот за јазиците, изјави денеска претедателот на Собранието Талат Џафери, по синоќешната најава на шефот на државата дека нема да го потпише указот за овој закон. Џафери не сакаше да коментира што во случај Иванов да […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2018 12:54
•
Posted by: MK News
Официјална Тирана и Приштина го поздравија донесувањето на Законот за употреба на jазиците во македонскиот Парламент. – Ја поздравувам решеноста да се донесе законот за употреба на албанскиот јазик од страна на македонскиот Парламент, како важен историски и голем чин, не само за Албанците, туку и за европската иднина на Македонија. Честитки!, стои во реакцијата […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2018 12:51
•
Posted by: MK News
Словенечкиот премиер Миро Церар поднесе оставка. Церар ја поднесе оставката откако словенечкиот Врховен суд ги поништи резултатите од референдумот од септември околу железнички проект вреден милијарда евра, што беше најголемиот инвестициски проект на владата. „Денес се прелеа чашата, проектот на пругата доживеа нов удар. Во такви настани не сакам да учествувам“, кажа Церар. „Почитувани државјани и […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2018 12:48
•
Posted by: MK News
Автомобил „сеат леон“ со винички регистарски таблички ноќеска е запален во Виница. Дел од медиумите објавија дека станува збор за автомобилот на пратеничката на СДСМ Славица Шуманска-Митева.Случајот е евидентиран и во билтенот на Министерството за внатрешни работи каде се наведува дека непознати лица синоќа околу 1:30 часот на улицата „Славчо Стојменски“ го скршиле стаклото на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2018 23:02
•
Posted by: MK News
Законот за употреба на јазиците, кој денеска по вторпат го изгласаа пратениците во Собранието предвидува во сите органи на државната власт како централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања, службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото писмо, да биде и албанскиот јазик.Станува збор за примена во […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2018 22:52
•
Posted by: MK News
Пред Собранието на Република Македонија се уште трае протестот против усвојувањето на законот за употреба на јазиците. По денешното изгласување на законот за употреба на јазиците на социјалните мрежи се споделува петиција против овој закон, која до 22:30 часот ја имаа потпишано над 8.000 граѓани. „Денес имаме флагрантно кршење на Уставот. Денес СДСМ и Заев […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2018 22:42
•
Posted by: MK News
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов имаше свое обраќање откако денес попладне во Собранието беше изгласан Законот за употребата на јазиците. -Кога го вратив Законот за употреба на јазиците, детално и правно ја образложив мојата одлука. Побарав од вас внимателно да ги разгледате моите забелешки и очекував да постапите одговорно, совесно и како што налага […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2018 20:14
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери за флагрантно кршење на Уставот и на законите, изјави вечерва лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, откако Собранието попладнето без амандманска расправа го донесе Законот за употреба на јазиците. Мицкоски најави дека партијата ќе поднесе и иницијатива до Уставниот суд за да се произнесе за уставноста за овој […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2018 19:46
•
Posted by: MK News
Џабе го носевте. Ќе ви го кутнеме на Уставен, напиша на Фејсбук Димитар Апасиев од Левица, по најновите случувања во државата.
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2018 19:43
•
Posted by: MK News
Според листата од Собранието, за денешното гласање на Законот за јазици, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села не гласал за законот. Иако кога села пристигна во собранието изјави – „Не сум дел од Владата, дојдов да гласам за закон според договорот што го имавме кога се формира Владата“, кусо изјави Села. За законот не […]
______________________________________________________________________________________________________