13/03/2018 12:53
•
Posted by: MK News
Оскар Гренинг, познат како „сметководителот на Аушвиц”, почина во Германија на 96-годишна возраст, објави Шпигл. Гренинг беше еден од последните што беше обвинет за злосторствата во Аушвиц. Во 2015 година, тој беше осуден на четири години затвор за „соучество” при убиство на 300.000 од милионите убиени во Аушвиц. Гренинг беше во болница и не започна […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2018 12:52
•
Posted by: MK News
Полицијата од швајцарскиот кантон Цирих спроведе акција за сузбивање на криминалот и приведе 127 лица, меѓу кои има државјани на Македонија, Србија, Косово, Грузија, Франција, Колумбија, Монголија, Полска, Романија и Сирија. Полицијата спроведе повеќе контроли, а меѓу уапсените се 24 осомничени провалници. Акцијата траела од октомври до февруари годинава, а за време на тој период […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 21:16
•
Posted by: MK News
Турската телевизија NTV соопшти дека во авионската несреќа која се случи вчера во Иран, загинала ќерката на шефот на одборот на директори на инвестицискиот холдинг „Basaran“ Хусеин Башаран, Мина Башаран. Според извештаите на турските медиуми, во авионот имало 7 други девојки, а загинале вкупно 11 лица. Девојките заминале во Дубаи да направат моминска забава, подготвувајќи […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 20:38
•
Posted by: MK News
Водата од јавната чешма на Стража и од повеќе селски водоводи во кичевскиот регион не се безбедни за пиење. Анализите во надлежниот Центар за јавно здравје покажале дека се бактериолошки неисправни. Поради ова од регионалниот Центар за управување за кризи информираат дека водата од овие места е забранета за пиење и за подготовка на храна. […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 20:35
•
Posted by: MK News
Поизразена нестабилност со пороен дожд и грмежи вечерва има во Скопската котлина, како и во Кумановско. Оваа нестабилна облачна маса е со правец на движење кон североисток, но се очекува да се задржи над ова подрачје во наредните час до два. Како што соопшти УХМР, во ноќните часови и понатаму ќе биде нестабилно облачно со […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 20:30
•
Posted by: MK News
Основачот на модната империја „Живанши“, легендата на францускиот и светски дизајн Ибер де Живанши почина на 91 години, потврдено е од модната компанија. Легендарниот француски дизајнер кој ги осмисли модните стилови на Џеки Кенеди и Одри Хепберм почина на 91 години. -Со голема тага известуваме дека нѐ напушти Ибер де Живанши, наведува во соопштението партнерот […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 20:25
•
Posted by: MK News
Синиша Дабиќ, вработен во белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пронашол изгубени 40.000 евра и ги вратил на сопственикот. Тој црната торба ја нашол на паркингот, ја отворил и внатре имало лаптоп компјутер и полн паричник. Чесниот пронаоѓач за своето дело не сакал никаква награда. – Го запознав човекот, дојде по половина час и целиот беше среќен. […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 20:15
•
Posted by: MK News
Рускиот претседател Владимир Путин во двочасовниот документарен филм емитуван вчера изјави дека во 2014 година наредил уривање авион на компанијата Пегасус ерлајнс, пренесуваат агенциите. Путин во документарецот изјави дека добил дојава од безбедносните служби за киднапирање патнички авион од Украина кон Турција спроти отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година. Во авионот […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 20:13
•
Posted by: MK News
Босна и Херцеговина од денеска станува петтата земја, во која, македонските граѓани ќе можат да патуваат само со лична карта. Со потпишувањето на договорот од страна на претседавачот на советот на министри на БиХ, Денис Звездиќ и македонскиот премиер се олеснува движењето на граѓаните од двете земји. Според претходно постигнатите договори, само со важечка лична […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 20:10
•
Posted by: MK News
Поранешен вработен влегол во информатичка компанија во Белград и почнал да пука, при што настрадало едно лице, а две се повредени. Напаѓачот подоцна се обидел да се самоубие во својот стан со бомба. Инцидентот се случил во улицата Рузвелтова во Белград кога 31-годишниот Небојша С. добил отказ од работа. „Најпрвин примивме повик за Рузвелтова, а […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 20:04
•
Posted by: MK News
Очигледно е и видливо постоењето на политичка концесија на премиерот Заев во поглед на прашањето на законот за јазици. Жалам што за вакво крупно прашање не се земаат во предвид аргументите и фактите, туку практично се погазува Уставот и по секоја цена се обидува да се донесе закон кој не е уставен. Не е возможно […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 20:00
•
Posted by: MK News
Горазд Исаковиќ е детенце со посебни потреби, а поради проблеми во колената и колковите не може да се движи. За да застане на двете нозе на Горазд му е потребна хируршка интервенција, за која, неговите родителите не се во можност да обезбедат финансиски средства. Да му помогнеме на Горазд да застане на нозе и самостојно […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 19:55
•
Posted by: MK News
Со новите Самсунг Галакси С9 и С9+ до неверојатни можности за модерна комуникација: супер бавно “slow-mo” видео, најдобра камера за снимање при слаба осветленост, пиктографи за изменета реалност запоперсонализиран начин на изразување Скопје, Македонија – 12. Март, 2018 – Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес ги претстави новите Самсунг Галакси С9 (Samsung Galaxy S9) […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 13:18
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев очекува неделава да биде затворено прашањето за законот за употреба на јазиците. На заедничката прес-конференција во Владата со претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ, Заев рече дека дебатата за ова прашање е отворена веќе девет месеци и треба што побрзо да биде затворена.– Сите кажаа сé што имаа, а […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 13:14
•
Posted by: MK News
Новинари од повеќе медиумски куќи се собираат пред ЗНМ за да му изразат поддршка на претседателот на Здружението, Насер Селмани, кој добивал закани за животот од страна на функционерот на ДУИ, Бекир Асани. Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), рече дека Синдикатот не прифаќа никакви осуди од страна на […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 13:08
•
Posted by: MK News
Вицепремиерот, Бујар Османи, ги повика денеска надлежните да преземат мерки во врска со навредите и заканите што Беќир Асани од ДУИ му ги испраќал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Тој денеска го осуди однесувањето на Асани и рече дека ниту тој, ниту Владата, нема да штитат никого. -Наша волја е да создадеме законска рамка […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 13:00
•
Posted by: MK News
По сензационалниот Ване Лесновски од Прилеп кој зема пола милион евра сега убава вест за охриѓанец кој имал многу среќа. 70-годишен играч од Охрид во кладилница погодил пет пара и тоа со страшни коефиценти над 20 па заработил 80.000 евра за влог од 20 денари, пренесе Офнет.
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 12:57
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи се шират фотографии од расфрлани обувки на Скопска Црна гора, меѓу Чучер Сандево и Горно Блаце. Загрижени граѓани на социјалните мрежи објавуваат фотографии од депонија полна со обувки на локација, како што наведуваат, на Скопска Црна Гора. Граѓаните бараат комуналната инспекција да излезе веднаш на терен и да го пронајде несовесниот загадувач, […]
______________________________________________________________________________________________________