Archive by Author

Затворена болницата „Санте плус“ каде почина родилката од Кичево

Поради констатирани недостатоци, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера ја затворил приватната здравствена установа Свети Лазар (Моја Болница-Санте Плус), каде почина родилка од Кичево. Забраната за работа, како што соопштија од ДСЗИ, важи се до отстранување на констатираните недостатоци. „На ден 23.01.2018 год. (вторник) од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е извршен […]

______________________________________________________________________________________________________

Независни Грци: Терминот „Македонија“ е грчки па дури и да се каже на кинески

Од Независни Грци, партијата коалициски партнер во грчката влада, уште еднаш повторуваат дека нема да прифатат име во кое би бил вклучен „грчкиот термин Македонија“, па дури, како што вели портпаролката на партијата, и да е на кинески јазик. – Терминот „Македонија“ е грчки на кој било јазик и да се каже. Па дури и […]

______________________________________________________________________________________________________

Кире Лазаров нема да игра вечерва против Данска

Без капитенот Кире Лазаров македонската ракометна репрезентација ќе биде на вечерашниот дуел со Данска, последен од втората групна фаза на Европското првенство во Хрватска. На местото на Лазаров кој има повреда на задната ложа од бутниот мускул на десната нога, во тимот влегува Гоце Ојлески. Лазаров се повреди во неделата на средбата со Шпанија, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Меколи Калкин: Ја напуштив глумата бидејќи татко ми ме злоупотребуваше!

Меколи Калкин откри шокантна причина што го принудила да го напушти Холивуд. Некогаш најголемата детска ѕвезда се подготвува за враќање на малите екрани, а тврди дека ја напуштил глумата поради злоупотреба. Удари и лузни Калкин, кој денес има 37 години, тврди дека неговиот татко Кит ментално и физички го злоупотребувал, бидејќи бил љубоморен. Му се […]

______________________________________________________________________________________________________

Метеоролозите со прогноза: Во февруари пролетно време, а од март нови изненадувања

Времето во Србија до крајот на февруари ќе наликува на пролет, но според најавите на метеорологот кој го консултирале, српски Информер пишува дека на почетокот на март се враќа зимата! Како што беше најавено од страна на РХМЗ на Србија до крајот на овој месец, просечната температура нема да се спушти под 7 степени, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата ќе воведе социјална пензија – по 100 евра месечно и за лицата без 15 години стаж

Пензија ќе земаат и оние кои немаат 15 години стаж, но само ако немаат други приходи. Најверојатно износот ќе биде 40 отсто од просечната старосна пензија или близу 6 000 денари. Мерката ќе стартува најдоцна до 2020. Од Министерството за труд потврдија дека ги прибираат податоците и прават анализи за тоа колку граѓани постари од […]

______________________________________________________________________________________________________

Јавниот обвинител побара партиите да не му се мешаат во работата

Политичките партии да не вршат притисок и да не се мешаат во работата на јавните обвинители. Првиот човек на обвинителството Љубомир Јовески писмено одговори на обвинувањата по вчерашниот протест на кој 100-тина граѓани побараа да не се преквалификува делото за смртта на малиот Алмир од убиство во сообраќајна несреќа со смртни последици. Јовески потенцира дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Легендарниот Вујо: „Ако те издрибла ќе те убијам и тебе и себе…“

Репрезентацијата на Словенија славеше убедлива победда од 31-26 против Шпанија и останува во битката за полуфинале. Покрај добрата игра продолжи и шоуто на словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ кој за време на тајм-аутот му се закани на својот играч Благотиншек со зборовите: „Ако Канељас те издрибла ќе те убијам и тебе и себе на место….Он е […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре во Крушево ќе биде одбележан роденденот на Тоше Проески

Со голема почит и пригодна програма утре Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески, македонската и балканска поп ѕвезда. На 25 јануари Тоше Проески требаше да наполни 37 години. Локалните власти со управата на спомен куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондацијата „Тоше Проески“ и со крушевското средно училиште „Наум Наумовски Борче“ на утре во спомен […]

______________________________________________________________________________________________________

Девојка се бори за живот откако се фрли од зграда во Скопје

Дваесет и четири годишната А.К. од Скопје утринава околу 3.30 часот се фрлила од прозорец од зграда во Скопје. -Од страна на Итна медицинска помош било излезено на местото на настанот, по што А.К. во неконтактибилна состојба е пренесена и задржана на лекување во Комплект клиники “Мајка Тереза” – КАРИЛ, информираат од МВР. Истата е […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на координацијата кај Иванов за спорот за името

ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на координацијата кај Иванов околу процесот на преговори во врска со проблемот кој што Република Грција го има со името на Република Македонија. КУРИР од партиски извори во ВМРО-ДПМНЕ дознава дека пристигнала покана до партијата и партиска делегација ќе учествува на разговорите кај претседателот Иванов закажани за сабота. Во неколку наврати досега […]

______________________________________________________________________________________________________

Ветувала вработување во администрација за пари, се фалела дека била блиска со министерот

Секторот за внатрешни работи Тетово до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против А.А. (46) од Тетово поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело „измама“ предвидено и казниво по член 247 од Кривичниот законик на Република Македонија и на штета на пет лица се стекнала со имотна корист од вкупно 1980 евра, 100 американски […]

______________________________________________________________________________________________________

Самоубиство во Идризово – Кој е затвореникот осуден на доживотен затвор што се обеси?

Командир на смена во Казнено поправна установа Идризово вчера околу 14 часот пријавил дека 39- годишниот И.М од Кичево, кој издржувал доживотна казна затвор, во просторијата во која бил сместен се обесил. Истиот со екипа на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар-Скопје, каде во 13.55 часот била констатирана смрт. Кој е И.М.? Во […]

______________________________________________________________________________________________________

Маж пронајден мртов во подземна гаража на Партизанска

Четириесет и осум годишниот Г.С. од Скопје вчера околу 19:50 часот бил пронајден мртов во подземните гаражи на булеварот „Партизански одреди“. Од страна на доктор од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен е увид на местото на настанот, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

______________________________________________________________________________________________________

Македонија загуби од Чешка, сонот за полуфиналето заврши

Ракометната репрезаентација загуби од Чешка со 25:24 и со тоа ги загуби шансите за пласман во полуфиналето. Македонија испушти победа. Нашата репрезентација водеше 55 минути, но во финишот на дуелот противникот беше поумешен и стигна до триумф. Натпреварот со Чешка го одигравме без капитенот Лазаров кој само ги изведуваше пеналите.   Македонија беше подобра во […]

______________________________________________________________________________________________________

Најавени па повлечени реформите во Законот за референдум

Министерството за правда се откажа од намерата да го менува законот за референдум.. Иницијативата за промена на законот првин ја објави на единствениот електронски регистар на прописи ЕНЕР, па за кратко го повлече предлогот.. Во телефонски разговор за Сител, Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, изјави дека постапката била сопрена по бурните реакции на јавноста.. […]

______________________________________________________________________________________________________

Суспензија му се заканува на анестезиологот од КАРИЛ кој работел и во приватната клиника

Суспензија е најмалку што му се заканува на анестезиологот од КАРИЛ кој незаконски работел во Санте Плус и бил на царскиот рез на родилката од Кичево која наводно починала како последица од анестезијата, дознава Сител од извори на Клинички. Лекарот не ги исполнувал ниту условите за дополнителна дејност бидејќи бил само една година специјалист, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Оскари, ова се номинациите за 2018та

Денеска беа објавени номинациите за овогодинешното доделување на Оскарите. Главни фаворити според бројот на номинации по категории, се „The Shape of Water“ на Гилермо дел Торо со 13 номинации, “Three Billboards Outside Ebbing, Missouri” на Мартин МекДонах со 9 и „Dunkirk“ на Кристофер Нолан со 7 номинации. Водител на доделувањето на престижните награди и оваа […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1