11/12/2017 14:20
•
Posted by: MK News
Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Абдулфетах Алими, обвинет за непостапување во службата како член на обезбедувањето на Собранието, за време на крвавиот упад во законодавниот дом. Според обвинението Алими ги дал клучевите од собраниските врати. Тој денеска сам се пријавил во Основниот суд Скопје 1, велат […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2017 14:19
•
Posted by: MK News
Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, на еуросупер БС-98 67,5, а на еуродизел 54,5 денари. Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати се наведени за 2,03 отсто повисоката […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2017 14:19
•
Posted by: MK News
Членовите на СДСМ во ДИК, Игор Милев и Виолета Дума поднеле оставки по притисокот на јавноста откако се дозна дека си поделиле бонуси од по четири плати. Неофицијално ги вратиле парите во буџетот. Оставка поднесе и претседателот на ДИК, Александар Чичаковски кој парите веќе ги донираше во Полио Плус минатата недела. За останатие нема информации […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2017 14:17
•
Posted by: MK News
Два случаи на отруени кучиња и на оставен отров за куче се регистрирани во Скопје во изминатово деноноќие, извести МВР. Вчера во 23.15 часот во полициската станица Карпош било пријавено дека на улицата Разловечко востание во Карпош 4, пред станбена зграда, биле пронајдени две отруени кучиња. Денеска во 8.45 часот било пријавено дека на подрачјето […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 16:54
•
Posted by: MK News
Француската Влада денеска соопшти дека издала наредба за повлекување од продажба на млеко и млечни производи на компанијата „Лакталис“ во Франција и во странство, поради стравување дека постои опасност тие да се заразени со салмонела. Според Париз, станува збор за „огромни“ количества на млеко и млечни производи од францускиот прехранбен гигант. Во соопштението е наведена […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 16:42
•
Posted by: MK News
Пукање во Охрид среде бел ден. Едно лице е повредено во оружен инцидент што денеска во 14 часот се случи на булевар Туристичка. Од СВР Охрид го потврдија инцидентот и соопштуваат дека ранетото лице се наоѓа надвор од животна опасност, а се здобил со повреди во потколеницата по што веднаш е префрлено на клиниката СВ. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 16:41
•
Posted by: MK News
Амбасадорот на Македонија во САД Васко Наумовски и уште еден дипломат од македонското МНР ќе бидe тимот кој ќе седне на преговарачка маса со медијаторот Метју Нимиц. Двајца претставници ќе има и од грчката страна. Непосредна пред првата средба закажана за 12. декември, МНР ги демантира шпекулациите дека преговарачкиот тим на земјава се проширува со […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 15:09
•
Posted by: MK News
Актерот и режисер Драган Бијелогрлиќ е омилен во своето родно место, а и Баранда е негова слабост. Секое лето го минува таму, меѓу своите, а и нема сосед кому не му дал, барем мала, улога во своите филмови. Екипата на српски Блиц плус го посета родното место на познатиот актер, кој е омилен на целата […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 15:05
•
Posted by: MK News
Град Скопје и „Kомунална хигиена“ исплаќаат отштета на граѓани што биле каснати од улични кучиња и кои потоа тужеле на суд и добиле надомест на штета. Во октомври годинава 300 граѓани побарале да се вакцинираат на Инфективната клиника поради истата причина. Во главниот град честа е појавата на напад на кучиња скитници.Завчера расно куче напуштено […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 14:59
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, испрати апел до граѓаните да не оставаат отров на јавни површини откако синоќа ротвајлер во Ново Лисиче нападна и испокаса случајни минувачи, при што со повреди се здобија девет лица. „Апелирам до граѓаните да не преземаат мерки против заскитани кучиња на своја рака. Отровите на јавните површини се опасни […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 14:52
•
Posted by: MK News
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ најави дека во знак на револт против неоснованото и неправедно притворање на пратеници и уметници и во знак на поддршка на, како што велат, жртвите на хунтата на Заев денеска ќе организираат протест во 16 часот пред Истражниот затвор во Шуто Оризари. Република Македонија го живее еден од најцрните и најнедемокртски периоди […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 14:47
•
Posted by: MK News
Во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, на најгорниот паркинг, од засега непознати причини избувнал пожар во патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици сопственост на М.А.(31) од Тетово. Како што информира полицијата, инцидентот бил пријавен вчера во 15:55 часот. Пожарот бил изгаснат од страна на лица од обезбедувањето на трговскиот центар.
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 14:36
•
Posted by: MK News
Што ли има во снегот кој вчера падна во Скопје? Татко ги однел децата да уживаат во снегот на Водно кај Пантелемон, а кога им ги извадил ракавиците имал што да види. Од ракавиците излегувала пена како да си играле во шампон а не во снег. Го испрати ова видео до МКNEWS и вели ,, […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 14:22
•
Posted by: MK News
Победникот на Евросонг, Португалецот Салвадор Собрал заздравува во болница по извршената трансплантација на срцето, пренесува Би-Би-Си. Докторите изјавиле дека операцијата поминала успешно. Хирурзите во болницата Санта Круз во Лисабон велат дека 27 годишниот пејач се чувствува добро. Португалскиот пејач кој го освои музичкото натпреварување со песната „Amar Pelos Dios“ (Љубов за нас двајца), долго боледуваше […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 14:19
•
Posted by: MK News
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица, поднесе кривична пријава против З.Ј (38) од Струмица, поради постоење на основано соменение дека сторил кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, а судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.lo МВР соопшти дека завчера […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 14:16
•
Posted by: MK News
Изутринава снег со послаб интензитет паѓа во Пожаране над Полошката котлина. Ноќеска врнежи од слаб снег имаше во северните делови, соопшти Управата за хидрометереолошки работи. Висината на снежната покривка изнесува 1 сантиметар во Дебар и Скопје – Петровец, 2 во Претор и Крива Паланка, 4 во Крушево и Пожаране, 5 во Маврово и Ѓуриште и […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 14:13
•
Posted by: MK News
Ненад Топиќ (49) од Белград е другиот убиен напаѓач во грабежот на менувачницата „Македонија“ во скопска Кисела Вода на 27 ноември, обајцата застрелани од сопственикот Гоце А. (58), пишува српскиот весник „Блиц“. Менувачницата на Гоце А. веќе неколку пати била мета на вооружени разбојници, а во еден грабеж убиен е и братот на сопственикот, пишува […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2017 12:36
•
Posted by: MK News
Повеќето од оние кои што некогаш слушнале за најпознатиот таен агент во светот Џејмс Бонд, веројатно знаат дека тој поседува дозвола за убивање, постојано е опкружен со убави жени и обожава да пие вотка мартини. Сепак за нас Македонците многу поинтересна е една друга, не толку позната негова навика. Во романите за овој таен агент, […]
______________________________________________________________________________________________________