09/12/2017 17:48
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ формираше тим од правни советници за сите членови и симпатизери кои поради своите политички убедувања или дејствувања се наоѓаат или ќе се најдат под притисок (мобинг, отпуштање од работа и сл.) од новите локални власти низ општините во Р. Македонија. Еве што се вели во соопштението Водени од принципот на внатрепартиска солидарност како дел […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:59
•
Posted by: MK News
Воздухот во Скопје утрово загаден. Концентрациите на ПМ10 честичките измерени од мерните станици на Министерството за животна средина и прсторно планирани се движат од 129 во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат и 230 во Лисиче. Според мерењата во Скопје воздуот е загаден од 6-ти овој месец во попладневните часот. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:54
•
Posted by: MK News
Слободан Праљак, хрватски генерал обвинет за воени злосторства, кој се самоуби во судницата на Хашкиот суд, беше погребан во четвртокот на градските гробишта во Загреб, во кругот на семејството и најблиските пријатели. По аутопсијата во Хаг, телото беше пренесено во Загреб со посебни мерки, а терминот за погребот не беше објавен на веб страната на […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:54
•
Posted by: MK News
Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство. Фирмите коишто не го исплатиле во претходните 10 месеци ќе мораат тоа да го направат во ноември и декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите. Висината […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:52
•
Posted by: MK News
И овој викенд важи забраната за автомобили на Водно, како мерка за загадениот воздух. Граѓаните ќе имаат можност со автобус да се искачат до Средно Водно и да се рекреираат на чист воздух. На располагање им се двете нови пробни автобуски линии 25А и 25Б, како и постојната линија со број 25, кои за време […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:51
•
Posted by: MK News
Жителите на Богданци преку собирање потписи и отворено писмо до премиерот Зоран Заев повторно го кренаа гласот против изградбата на рудникот Казандол. Целата иницијатива беше покрената од активистот Илија Тумбов кој за десет дена, од 17 до 26 ноември, успеа да собере 1.301 потписи од жителите на општина Богданци. Ова беше мотив за Тумбов преку […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:48
•
Posted by: MK News
Нејзиниот ефект е многу силен. Резултатите се изненадувачки. По читањето на оваа молитва, во животот ќе Ви настапат вистински чуда – прекрасни настани, кои дури и не сте можеле да ги замислите. Може да Ви се јават подалечни роднини, кои сакаат Ви донираат дел од имотот, може да бидете поканети да започнете нова работа со […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:45
•
Posted by: MK News
Во секоја поголема компанија од внатрешната страна од тоалетот, залепен е список со имиња кои се грижат за хигиената на тоалетот. Еден твитераш објави фотографија од еден таков список од тоалет во Виена. Имињата се кажуваат. На овој список доминираат, Мара, Јованка, Наташа и Елвира. – Овие сите се од поранешна Југославија, но колку и […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:41
•
Posted by: MK News
Вистинска приказна на пациент излечен од рак на тестис Роден сум во Скопје, во 1978 година. Работам и живеам во мојот роден град. Искрено, не сакам многу да зборувам за мојата историја на болест, но кога бев замолен од страна на мојата почитувана докторка Лилјана Ацева – Андонова и кога ми беше кажана нејзината идеа […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:32
•
Posted by: MK News
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува засилен јужен ветер. Попладне во западните делови на Македонија ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и планините ќе поминуваат во снег. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:29
•
Posted by: MK News
Православните верници денеска го слават и Свети Георгиј – Посен, кој е уште еден празник посветен на свети Георгиј Победоносец. Македонскиот народ со домашни служби го празнува и празникот Свети Георгиј – Посен што се празнува на 26 ноември според стариот (или на 9 декември според новиот) календар. И овој празник е поврзан со името […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:26
•
Posted by: MK News
Веднаш после потпишување на договорот, Бугарија отвора политичка партија преку која ќе се стреми да се меша во внатрешните работи на Република Македонија, пишува „Република“. Иницијатор за отворањето на ова партија е Красимир Каракачанов министерот за одбрана на Бугарија и лидер на бугарската ВМРО-БНД. Каракачанов е најгласниот бугарски политичар и поборник на тезата за непостоење […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:25
•
Posted by: MK News
По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, премиерот во видео обраќање до граѓаните истакна дека корупцијата е корозија на секое општество и закана за иднината и за квалитетот на живот на сите граѓани. – Нашата Влада и јас како премиер, но и сите претставници на локалната власт, како и претставниците од граѓанскиот сектор и […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:24
•
Posted by: MK News
Група реставратори открија еден вид „временска капсула“ сокриена во задниот дел на статуа на Исус Христос од црквата „Санта Агуеде“ во шпанскиот град Сортиљо де ла Рибери. Конзерваторите при реставрација на статуата, изработена во 18-от век, откриле дека пределот на задникот на скултурата може да се отстрани и во празнината пронашле испишан лист хартија од […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:20
•
Posted by: MK News
Триесет и шест годишната З.Р. и нејзиниот 6 годишен син вчера околу 14.30 часот биле нападнати и искасани од куче на улицата Перо Наков во Скопје, а во полиција случајот го пријавил сопругот и татко, 43-годишниот Р.А. Детето било искасано од кучето во пределот на левата рака при што му биле нанесени видливи повреди, додека […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:19
•
Posted by: MK News
Четириесет и четири годишниот В.А. од штипско село вчера пријавил во полиција дека дента околу 13 часот Е.А. ја силувал неговата 20- годишна ќерка. Како што информираат од полицијата, девојката која е со заостанат душевен и ментален развој се сретнала со напаѓачот кој ја искористил нејзината здравствена состојба и на сила ја извршил обљубата. Од […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2017 15:17
•
Posted by: MK News
На Божикна прослава, градоначалниот на Загреб Милан Бандиќ на пријателите им соопштил непријатна вест, објави Макс портал. – Додека патував до тука, ми јавија дека Оливер Драгојевиќ паднал во кома. Да се молиме за неговото здравје – рекол Бандиќ. Оливер веќе неколку месеци се бори со тешка болест, а деновиве беше објавено дека поради здравствени […]
______________________________________________________________________________________________________
08/12/2017 21:21
•
Posted by: MK News
Кучето кое ги нападна децата синоќа во Ново Лисиче е конечно заловено и процесирано во стационарот Вардариште, информираа од Град Скопје. Покрај децата, беа нападнати и возрасни граѓани, последната официјална информација е дека помош на Инфективната клиника побарале вкупно 9 лица, но на социјалните мрежи граѓани коментираат дека бројката на нападнати се движи дури до […]
______________________________________________________________________________________________________