Седумнаестгодишник силувал две мали момчиња


Седумнаесетгодишник од Скопје во неколку наврати силувал 10-годишно и 9-годишно момче, информираа од МВР.

Според полицискиот билтен, вчера во 16.15 часот во полициска станица во Скопје, 40-годишна жена од скопско село пријавила дека 17-годишник во повеќе наврати вршел полово дејствие врз нејзиниот 10-годишен син. Во врска со истиот настан, во истата полициска станица, во 21.40 часот, 48-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот 17-годишник, во периодот од август до пред 10 дена, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз нејзиниот деветгодишен син. Според пријавителите, 17-годишникот бил нивен сосед и во наведениот период, секогаш кога ќе ги видел децата на улица, ги повикувал во подрумските простории на нивна соседка и таму ги вршел половите дејствија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1