Archive by Author

Најдобрата другарка и донирала бубрег на Селенa Гомез

Познатата поп-пејачка и глумица Селена Гомез денеска на Инстаграм сподели со јавноста дека летово и бил пресаден бубрег и дека донорот била нејзината колешка Франсија Раисa. Гомез, која боледува од лупус, вели дека трансплантацијата е нешто што „требало да го стори заради својата целокупна здравствена состојба”, како и дека „нема доволно зборови за да ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Овчар од струшко силувал Холанѓанка

Вчера во 20.30 часот во Полициско одделение Велешта било пријавено дека бил извршен полов напад врз К.С.К. (55) од Кралство Холандија. Истиот ден околу 14.30 часот во атар на с.Вевчани, додека оштетената сликала стадо овци, овчарот и се доближил и побарал тој да ја слика заедно со стадото. Откако ја сликал, К.С.К. се поздравила со […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешко повреден мотоциклист во Скопје

Возач на мотоцикл е потешко повреден, а пет лица се здобиле со полесни повреди во шест од 17 сообраќајни несреќи регистрирани во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во 11 сообраќајки е причинета материјална штета. Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои 19 возачи кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Во ДИК утре ждрепка за рекламните паноа и билборди за локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) утре во 13:00 часот ќе спроведе жрепка на која ќе се распоредат локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со нив. Комисијата ги повикува претставниците на правните лица кои доставиле понуди за рекламни паноа и билборди и поднеле локации […]

______________________________________________________________________________________________________

Самсоненко: Останувам да изградам стадион за ФК Вардар

ФК Вардар денеска на прес конференција реагираше на високите цени од ЈПССДП за користење на националната арена Филип Втори за домашните и меѓународните натпревари кои се движат и до 40 000 евра по натпревар што според раководството на црвено-црните е најскапо во екс-ју просторите па и на Балканот. Сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко во својата […]

______________________________________________________________________________________________________

Официјално почна кампањата за референдумот за независност на Каталонија

Во шпанскиот автономен регион Каталонија синоќа официјално започна кампањата за референдумот за независност на областа, со голем митинг во градот Тарагона на кој присуствуваше и претседателот на каталонската Влада, Карлес Пучдемон. Регионалните власти во Барселона го закажаа референмдумот за неависност на Каталонија за 1 октомври, но ваквата одлука шпанската Влада ја погласи за илегална, по […]

______________________________________________________________________________________________________

Грција врати илјадници мигранти во Турција во последните 20 месеци

Грција и Европската агенција за погранична контрола – Фронтекс досега во Турција вратиле 1.329 мигранти, согласно договорот меѓу ЕУ и Анкара од март 2016 година, јави ДПА, повикувајќи се на податоци на грчката полиција. И покрај тоа, на грчките острови и натаму има околу 13.000 бегалци и мигранти кои чекаат да им бидат разгледани барањата […]

______________________________________________________________________________________________________

Со нож нападнат француски војник во Париз

Војник од операцијата „Сентинел“, која е дел од антитерористичката мисија во Франција, беше нападнат од маж вооружен со нож. Војникот реагирал брзо и напаѓачот бил совладан. Нема повредени во инцидентот. Нападот се случи рано изутрина на метро-станицата „Шатле“. Според полициски извори, напаѓачот при инцидентот „го споменал Алах“. Ова е седми напад врз војници од операцијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Зголемен бројот на патници од македонските аеродроми

Од аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во првите осум месеци од годинава се превезени 1.339.065 патници што претставува зголемување од 10,5 проценти споредено со истиот период во минататата година, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски. На скопскиот аеродром во периодот од јануари – август годинава се регистрирани 1.223.630 […]

______________________________________________________________________________________________________

ДУИ ги објави имињата на кандидатите за градоначалници

Централното претседателство на ДУИ на седницата што попладнево се одржа во партиското седиште во тетовска Мала Речица ги утврди кандидатите за градоначалници во општините каде оваа партија ќе учествува на претстојните локални избори. – Изборите на 15 октомври се многу значајни бидејќи граѓаните на нив непосредно избираат своите претставници кои треба потоа да најдат решенија […]

______________________________________________________________________________________________________

Гробот на Ескобар е вистинска атракција во градот Меделин

Илјадници луѓе секоја година доаѓаат во градот Меделин во Колумбија за да ја видат масата на која Ескобар го изел последниот оброк или скутерот кој е целиот издупчен од куршуми. Бројот на туристи значајно се зголемил со почетокот на емитувањето на серијата „Наркос“ на стрим-сервисот „Нетфликс“. Куќата во која Ескобар го изел последниот оброк, како […]

______________________________________________________________________________________________________

Намален рејтингот на полицијата, поголема доверба за полицајките

Мнозинството граѓани на Република Македонија имаат доверба во полицијата, која е втора институција со највисок рејтинг, по образовните институции. Ова го изјави денеска Магдалена Лембовска, истражувач за безбедносни прашања во Аналитика тинк тенк на денешната презентација на резултатите добиени по спроведеното истражување на јавното мислење за работата на полицијата, кои беа презентирани од регионалната мрежа […]

______________________________________________________________________________________________________

Испратен со песната “А сад адио”… Стотина луѓе во солзи на испраќањето на Љубиша Самарџиќ

Легендарниот актер Љубиша Самарџиќ денес на Новите гробиште во Белград испратен е до вечното почивалиште. Опелото за славниот актер завршено е денес во 13 часот на Новите гробишта, а легендарниот “Смоки” последен пат беше испратен од голем број јавни личности и колеги. На последното испраќање на Љубиша Самарџиќ (кој почина на 8. септември во 81. […]

______________________________________________________________________________________________________

Со инспекции и казни ќе се проверуваат газдите дали исплаќаат минимална плата

Со казни и контроли министерството за труд ќе утврдува дали газдите ќе ја исплаќаат минималната плата. Министерката Царовска вели дека учинокот кој стои во законот како услов за исплата на минималецот е дискутабилен и може да има злоупотреби. Синдикатот пред два дена обелодени дека загарантирана плата нема да има за сите работници, туку само за […]

______________________________________________________________________________________________________

Грчката полиција приведе двајца Турци и Македонец кои влегле илегално во државата

Грчката полиција соопшти дека привела двајца турски граѓани кои влегле нелегално во државата од Македонија. Во полициската акција е уапсен и македонски државјанин обвинет дека ги внел нелегално во Грција. Двајцата Турци се на возраст од 36 и 39 години и влегле во Грција со чамец преку Дојранското Езеро. Биле приведени доцна синоќа, соопшти денеска […]

______________________________________________________________________________________________________

Александар Вучиќ се опрости од Љубиша Самарџиќ

На Новите гробишта денеска во 13 часот завршено е последното испраќање на Љубиша Самарџиќ, а венец испратил и претседателот на Србија Александар Вучиќ. – Великан на српското актерство – претседател на Републиката, Александар Вучиќ – напишано е на венецот кој го испратил Александар Вучиќ.

______________________________________________________________________________________________________

Убиецот на младиот Македонец во Мелбурн на сослушување во суд

Милош Новаковиќ (29) е обвинет за убиството на Дени Димовски (31) за време на тепачката во саботата во ресторан во западниот дел на Мелбурн. Димовски бил неколку пати прободен со нож за време на една тепачка во ресторанот „Корзо”. На сослушувањето во судот Новаковиќ се соочи со обвинението и за убиство и кражби. Дени ДимовскиСпоред […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ објави уште 37 кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ денес ги објави имињата на кандидатите за градоначалници кои на претстојните локални избори со богата програма ќе ја бараат довербата од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори ќе излезе со најдобрата и најквалитетна понуда за кандидати за градоначалници и советници. ВМРО-ДПМНЕ секогаш примат му дава на индивидуалниот квалитет на поединецот и неговата репутација во […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1