Archive by Author

Фејсбук има намера да ги укине лозинките за пријавување

Фејсбук во текот на својата годишна конференција за развојни програмери – Ф8, претстави сервис кој се смета за преодно решение кое со време ќе овозможи целосно укинување на лозинките. Сервисот Delegated Account Recovery моментално е во затворена бета фаза од развојот и е замислен да овозможи замена на лозинките за пристап на разни сервиси со […]

______________________________________________________________________________________________________

ПОТПИШЕТЕ СЕ: Македонците во Германија бараат властите да ја признаат возачката дозвола

Група поединци во Германија покренаа иницијатива со која бараат од тамошните власти да ја признаат македонската возачка дозвола, која во оваа земја се уште не важи, што претставува голем проблем за македонските иселеници. Македонците кои живеат и работат во Германија за таа цел отворија интернет-петиција, за која е потребно да се соберат 50 илјади потписи […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма во Лондон: Колабираше поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед (ФОТО)

Квинтон Фортјун трчаше на лондонскиот маратон, но само 600 метри пред целта поранешниот дефанзивец на Јунајтед колабираше. Лекарите итно му помогнале, тој во целта влегол со помош на друг маратонец Откако истрча повеќе од 41 километар, 41 годишниот Фортјун колабираше. За среќа лекарите доста брзо реагирале и му укажале помош. Во целта влезе со помош […]

______________________________________________________________________________________________________

Поранешните директори на „Телеком“ ќе платат казни за подмитување македонски политичари

Двајца поранешни директори на „Маѓар телеком“, Елек Штрауб и Андраш Балог, се согласиле да платат парични казни и прифатиле забрана за вршење дејност за да се запре случајот против нив во њујоршкиот суд во кој се обвинети дека потплатиле функционери од Македонија и Црна Гора, соопшти американската Kомисија за хартии од вредност и берза (СЕЦ). […]

______________________________________________________________________________________________________

Запалено „Аудито“ на Панки

Автомобилот „Ауди 8“ на пејачот Сашо Каимовски – Панки синоќа околу 1 часот по полноќ бил опожарен. Од полицијата информираат возилото било опожарено на улица „Натанаил Кучевишки“ во населбата Бутел. Пожарот бил изгаснат, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден. Неофицијално, пожарот бил подметнат, но деталите ќе бидат познати по завршување на […]

______________________________________________________________________________________________________

Понеделник 1 мај неработен ден за сите граѓани

Денот на трудот 1 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честитаат празникот.

______________________________________________________________________________________________________

Еве какво ќе биде времето за продолжениот празничен викенд

До крајот на работната недела температурите ќе бидат во пораст, а од сабота ќе има зголемена облачност преку целиот ден. До вторник во попладневните и вечерните часови ќе има локален дожд, кој краткотрајно можно е да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи. Во недела ветерот ќе се промени во северен и тоа […]

______________________________________________________________________________________________________

ФФМ ЈА КАЗНИ ШКЕНДИЈА: Шест меча без публика по инцидентите на мечот со Вардар

Тетовска „Шкендија“ следните шест натпревари како домаќин ќе ги одигра без присуство на публика откако Дисциплинската комисија на ФФМ го казни овој клуб. Казната е како резултат на инцидентите што се случија за време на реванш полуфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкендија и Вардар, кога по конфликтот меѓу двајцата капитени Бобан Грнчаров и Ферхан […]

______________________________________________________________________________________________________

Млад скопјанец пронајден мртов во објект во изградба

Дваесет и седум годишниот Г.Б. од Скопје вчера попладне бил пронајден мртов во објект во изградба на улицата „Сава Ковачевиќ“. Случајот во полиција бил пријавен од Љ.Д., а смртта е констатирана од екипа од Итната медицинска помош. Полицијата извршила увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши […]

______________________________________________________________________________________________________

Се уште не е утврден идентитетот на мажот пронајден мртов во трафостаница кај МОБ

Безживотно тело на непознато машко лице вчера било пронајдено во подземна вклучена 10КВ трафостаница на ЕВН Македонија лоцирана во непосредна близина на МОБ. Починатото лице во полиција во пријавил вработен на ЕВН, а екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено во Институтот за судска […]

______________________________________________________________________________________________________

Кумановци нападнале докторка и и се заканувале

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Л. (49) и М.Л. (20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”. -На 5-ти месецов околу 04.50 часот, во Ургентен центар во Куманово, пријавените грубо го навредувале и малтретирале дежурниот лекар барајќи лекарски преглед на пациентка, која одбивала да прими инјекција за болки […]

______________________________________________________________________________________________________

Скандал: Познат хрватски политичар ги силувал своите 2 кучиња- полицијата се згрозила од фотографиите

Познатиот загребски претприемач, 44- годишниот И.И. вработен во Европскиот парламент, уапсен е бидејќи имал секс со своите две кучиња и разменувал зоофилски фотографии во виртуелниот свет со истомислениците. Полицијата открила мејл пораки, разговори на англиски и хрватски јазик, а имаат и фотографии од сексот со кучињата. Во лов на педофили, полицајците успешно влегле во ТОР […]

______________________________________________________________________________________________________

Семејството Шумахер ја загуби битката на суд

Семејството на Михаел Шумахер деновиве е во вистински шок бидејќи најмалку што очекуваа е да биде одбиена нивната судската битка која ја водеше семејството Шумахер изминативе неколку години. Во прашање е тужбата врз едно германско списание кое кобната несреќа на возачот на формула 1 го искористило за пласирање на информации во врска со неговото семејство. […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕУ го укинува роамингот

Од 15 јуни корисниците на мобилна телефонија од државите членки на Европската унија кои патуваат во други држави членки, ќе може да користат роаминг без дополнителни трошоци, одлучи Европскиот совет. – Европјаните ќе може да останат во контакт со сите и да користат интернет како да се дома. ЕУ ни го прави животот полесен на […]

______________________________________________________________________________________________________

Тригодишно дете киднапирано од ИСИС зашто се викало Меси – барале да го смени името

Тригодишното дете кому родителите му дале име по светски познатиот фудбалер Меси, поминало 2 години во заточеништво со мајка му и сестра му од страна на Исламската држава. Од мајката барале да му го смени името на детето и тоа да се вика Хасан. „Гревот“ на детето бил неговото име. Тоа, заедно со неговата мајка […]

______________________________________________________________________________________________________

Девојче кое пред 10 години исчезна во Португалија веројатно е продадено во Африка

Англиското девојче Маделин Мекан кое на 3 мај 2007 година, исчезна во Португалија, најверојатно е грабнато од шверцери на луге и продадено на некое имотно семејство, некаде во Африка, пишуваат лондонските таблоиди, повикувајќи се на изјави на британски полициски експерти. Поранешниот полициски инспектор во Скотланд Јард, Колин Сатон смета дека девојчето било киднапирано од трговци […]

______________________________________________________________________________________________________

Српски фудбалер почина во соблекувалната по натпреварот

Саша Животиќ, фудбалер а Драгош од Орешковица, место кај Петровац на Млава, почина во неделата по натпреварот кој неговиот клуб го одигра против локалниот клуб Омладинац во Старчево. Животиќ го одиграл целиот натпревар, а 15 минути по завршувањето му се слошило во соблекувалната. Соиграчите со приватен автомобил се обиделе да го префрлат до болницата во […]

______________________________________________________________________________________________________

Елтон Џон в болница поради можна смртоносна бактериска инфекција

Британскиот пејач Елтон Џон мина две ноќи на интензивна нега поради можна смртоносна бактериска инфекција. Тој ги откажа сите свои концерти до крајот на мај, изјави неговата портпаролка Френ Куртис. Според нејзините кажувања, британскиот музичар се разболел по враќањето од турнејата во Јужна Америка, која заврши во Чиле на 10 април. Иако не рече за […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1