09/10/2020 12:32
•
Posted by: MK News
Во Бугарија бројот на заболени со коронавирус продолжи да расте, а во последните 24 часа се потврдени 516 нови случаи, што е за 79 повеќе од претходниот ден. Бугарското Министерство за здравство објави дека ова е најголем број на новозаболени за еден ден од почетокот на пандемијата. Најмногу пациенти има во Софија и Пловдив. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2020 12:30
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство Венко Филипче ги повика граѓаните да не забораваат маска, дезинфекција и да држат дистанца. – Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е, објави Филипче на својот ФБ профил.
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2020 12:29
•
Posted by: MK News
Уставните начела и закони ќе се почитуваат и тоа начело за неповредливост на станот или на домот е начело што нема алтернатива и мора да биде почитувано, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање како полицијата ќе ја спроведува мерката за контрола за проверка на домовите и дали ќе и […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2020 12:26
•
Posted by: MK News
Европската комисија денеска соопшти дека склучи договор со фармацевтскатакомпанија „Гилад“ за купување на 500.000 дози од лекот „Ремдесивир“ за болеста Ковид-19. Договорот за заедничко купување на лекот го потпишаа 36 држави,меѓу кои и сите 27 земји-членки на Европска Унија. Ниту еден лек досега не се покажа како ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус, но антивирусниот […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2020 12:25
•
Posted by: MK News
Ако главната мерка за борба против Ковид е тоа што Спасовски ќе брои гости по домовите, освен тоа што го кршат Уставот, треба веднаш цела влада да си поднесе колективна оставка. Ако Владата на Заев на владина седница ја одобри мерката предложена од партиската здравствената комисија тогаш ќе влезе во брутално газење на Уставот, а […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2020 12:21
•
Posted by: MK News
Шпанската Влада утрово започна седница на која ќе се разгледува воведување на вонредна состојба во Мадрид и околните општини. Седницата следува откако е воведен делумен карантин во Мадрид и предградијата, со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Премиерот Педро Санчез синоќа разговараше со регионалната шефица Изабел Дијаз Ајусо, на која и постави ултиматум дека, доколку […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2020 12:19
•
Posted by: MK News
Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 457 нови случаи на коронавирус, починале три лица, а бројот на активни случаи е 2.438. Меѓу нив, 385 пациенти се во болница, од кои 28 се на апарати за дишење. Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, до денес се евидентирани вкупно 19.446 лица […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2020 12:18
•
Posted by: MK News
Дали и на кој начин полицијата ќе смее да влегува во домовите при спроведувањето на новите мерки ќе се знае откако тие ќе поминат на влада. Мерките сега се на ниво на предлози, а за нив ќе се дискутира во детали на владина седница идната недела, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во секој […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2020 19:28
•
Posted by: MK News
Поради зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус, српскиот Кризен штаб донесе одлука сите објекти да бидат отворени до 23 часот. Како што е одлучено на седницата, сите угостителски објекти можат да работат само до 23 часот, без оглед дали имаат бавча или не. Одлуката стапува на сила од утре.
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2020 19:24
•
Posted by: MK News
Рекордни 356 нови инфекции со коронавирус се потврдени во Словенија во последните 24 часа, објави словенечката влада. Ова е скоро двојно повеќе од претходниот ден, кога беа потврдени 189 случаи. Владата наведува дека од спроведените 3.998 тестови, 356 биле позитивни. Премиерот Јанез Јанша во вторникот рече дека ситуацијата е многу сериозна и најави заострување на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2020 19:22
•
Posted by: MK News
Францускиот претседател Емануел Макрон најави воведување нови ограничувачки мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, откако во Франција е забележано досега најголемо дневно зголемување на бројот на заболени од речиси 19 илјади. „Кога вирусот циркулира со оваа брзина, нови ограничувања се неизбежни“, рече Макрон во интервју за двете најголеми француски телевизии, пренесува „Ројтерс“. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2020 15:46
•
Posted by: MK News
На денешната прес-конференција Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека семејните прослави се голем ризик за ширење на коронавирус а не отворањето на границите. -На почетокот на кризата најголем ризик беше увоз на вирусот, но сега тоа е локалната трансмисија. До 3 проценти е бројот на луѓе кои патувале и кај нив е сигурно дали […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2020 15:38
•
Posted by: MK News
На денешната прес-конфереција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска бројот на новозаразени со коронавирус е 364. На сите инфективни одделениа во државата хоспитализирани се вкупно 414 пациенти сомнителни и позитивни. Во Инфективната клиника хоспитализирани се 86 денеска, во ГОБ хоспитализирани се 40 од кој 4 се на респиратор, во Козле 3 деца хоспитализирани […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2020 15:32
•
Posted by: MK News
Забрана на семејни собири и прослави во домовите, забрането групирање по 22 часот, задолжително носење маска насекаде се новите мерки кои ги предлага Комисијата за заразни болести. Во еден стан или куќа најмногу ќе може да има 4 луѓе, забрането е групирање по 22 часот на повеќе од 4 лица, и тоа по паркови, бензински […]
______________________________________________________________________________________________________
07/10/2020 18:43
•
Posted by: MK News
Доктор, медицинска сестра и медицински техничар од Универзитетската клиника за нефрологија се позитивни на Ковид-19. Трите случаи не се од ист оддел на Клиниката, информираа од Министерството за здравство. Медицинската сестра, како што се посочува, е со лесни симптоми, а медицинскиот техничар е без симптоми на фебрилност и кашлица. Еден доктор е во самоизолација во […]
______________________________________________________________________________________________________
07/10/2020 18:42
•
Posted by: MK News
Владата на Италија издаде наредба до граѓаните дека носењето маски на отворено е задолжително во целата држава, со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид 19. Италија бележи постепено зголемување на новите случаи во претходните два месеца, иако бројките се уште се значително пониски во споредба со Франција, Шпанија и Велика Британија. Исто така […]
______________________________________________________________________________________________________
07/10/2020 18:41
•
Posted by: MK News
Наставничка позитивна на Ковид-19 однесе во домашна изолација 17 првачиња од основното училиште Гоце Делчев во Центар. По само 7 дена од стартот на учебната година корона вирусот влезе и во училиштата. Заразеаната последен пат била на настава во петокот а во неделата добила симптоми по што вчера и бил направен тест. Вирусот најверојатно го […]
______________________________________________________________________________________________________
07/10/2020 18:37
•
Posted by: MK News
Апелациониот суд во Атина пресуди Златна Зора е криминална организација. По судскиот процес кој траеше повеќе од 5 години, лидерот на партијата и 6 негови колеги се прогласени за виновни за раководење со криминална група. Останатите 61 за учество во криминлна група Досега се читаа пресудите пред судот дојде до жесотки судири меѓу приврзани на […]
______________________________________________________________________________________________________