11/11/2020 10:26
•
Posted by: MK News
На цела територија на државава рано утрово почувствуван е силен земјотрес. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје земјотресот бил со јачина од 5.0 степени по Рихтер. Повеќе гостиварци и жители на градови во западниот дел од државава, како што објавија по социјалните мрежи, утрово доживеаја непријатно будење. Во шест минути пред […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2020 17:44
•
Posted by: MK News
Џо Бајден ќе биде 46. претседател на САД, објавија светските медиуми, откако Пенсилванија прогласи негова победа. Иако неколку сојузни држави се уште ги немаат објавено резултатите од гласањето, победата во Пенсилванија му носи 20 електорски гласови, доволно за да го надмине прагот од потребните 270. На национално ниво, тој досега има освоено над четири милиони […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2020 11:18
•
Posted by: MK News
Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 187 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од кои 98 единици се обезбедени преку стандардно дарување и 89 единици конвалесцентна плазма преку аферезна процедура од вкупно 38 донор. Вкупно 136 дарители донирале плазма, со која се третирани околу 170 пациенти со […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2020 11:10
•
Posted by: MK News
Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2020 11:08
•
Posted by: MK News
Здравството се мобилизира. На сите вработени во овој сектор им се забранува користење на годишен одмор, платени и неплатени отсуства. Ваква наредба е испратена до сите здравствени установи откако одлуката на Владата беше објавена во Службен весник. Според информации на Сител на некои медицински лица од Клинички им било кажано дека не можат да користат […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2020 19:42
•
Posted by: MK News
Аспиринот, широко распространет лек кој се користи и како лек за спречување тромбоза, ќе биде тестиран како можен лек за третман на пациенти со Ковид-19 во едно од најголемите испитувања во Велика Британија. Пациентите заразени со новиот коронавирус имаат зголемен ризик од формирање на тромбози односно згрутчување на крвта поради хипер-реактивни тромбоцити. Аспиринот е антитромботичен […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2020 19:40
•
Posted by: MK News
Џо Бајден е се поблизу до магичниот број од 270 електорски гласови, кои значат победа на американските претседателки избори. Бајден повика на стрпливост се додека не се пребројат сите гласачки ливчиња. Демократијата е понекогаш хаотична порача Џо Бајден. Демократите се обидуваат да ми ја украдат победата дециден е Трамп. Го прават тоа со гласовите по […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2020 19:37
•
Posted by: MK News
Стигнаа сите дози на вакцини против сезонски грип и процесот на вакцинацијата ќе започне од вторник, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. За време на викендот, посочи тој, ќе се направи дистрибуција, а веќе се подготвени пунктовите за вакцинација во Здравствениот дом и во центрите за јавно здравје.
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2020 19:36
•
Posted by: MK News
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска даде изјава за дневникот на телевизија Сител каде што порача дека е време да се формира влада за национален спас, бидејќи Владата на Зоран Заев како и Собранието не функционира, а поради тоа страдаат граѓаните на Република Македонија. -Моментално власта во Македонија не функционира. Вие денеска ја имате власта […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2020 19:34
•
Posted by: MK News
По првата блокада што се случи на денешниот прв состанок на евроамбасадорите во Брисел пред министерскиот состанок на ЕУ, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара оставка од премиерот, Зоран Заев и формирање на техничка влада или влада на национален спас. -Доведена е до знак на прашање европската перспектива на Македонија под раководство на Зоран […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2020 19:33
•
Posted by: MK News
Виенскиот терорист Кујтим Фејзулаи, по потекло од тетовското село Челопек, живеел на сметка на државата, во стан платен од градот Виена. Го мразел градот што му го финансирал животот и покрај тоа што издржал затворска казна за обидот да им се придружи на екстремистите од Исламската држава во Сирија. Сепак, Фејзулаи за рекордно време добил […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2020 19:29
•
Posted by: MK News
Граѓаните на Словачка кои не учествувале во масовно тестирање и немаат негативен ПЦР-тест, мора да останат во изолација до 14 ноември. На луѓето кои не го поминале тестот им е забрането да одат на работа, но можат да одат во продавници да купуваат основни производи или да ги посетуваат здравствените установи. Од нив се бара […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2020 19:27
•
Posted by: MK News
Дополнителни капацитети на Интерните клиники. Ковид пациенти од утре ќе примаат Гастро, Очно, Неврологија а министерот Филипче уверува дека нема да останат незгрижени и останатите пациенти. Оние со невролошки заболувања ќе ги шетаат по други установи каде имало доволно простор. -На неврохирургија ќе можат да примаат пациенти од неврологија бидејќи се слични патологиите, но и […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2020 19:24
•
Posted by: MK News
Се наоѓа ли Али Ахмети на списокот обвинети од Специјалниот суд во Хаг? Непотврдената информација ја пренесоа неколку медиуми на албански јазик, повикувајќи се на извори од ДУИ. Но од партијата експресно ја демантираа информацијата, оценувајќи ја како лажна вест која има цел да им наштети на Албанците. „Злобната и поттикнувачка пропаганда против претседателот Али […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2020 19:22
•
Posted by: MK News
Бугарија го кажа првото „не“ на преговарачката рамка за Македонија за членство во Европската унија. Блокадата се случи на денешниот прв состанок на евроамбасадорите во Брисел пред министерскиот состанок на ЕУ, објави премиерот Зоран Заев. Според него со ова Бугарија го прекршила членот 2 од Договорот за добрососедство каде се обврзала дека ќе не поддржува […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2020 19:20
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3082 тестирања, а регистрирани се 1128 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-569, Куманово-51, Дебар-12, Штип-35, Прилеп-43, Тетово-50, Струга-16, Велес-45, Битола-57, Охрид-38, Кавадарци-35, Гостивар-10, Гевгелија-14, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Крушево-2, Кочани-22, Пробиштип-5, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-4, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-27, Ресен-7, […]
______________________________________________________________________________________________________
05/11/2020 12:53
•
Posted by: MK News
Од сабота наутро Грција влегува во целосен, втор карантин во траење од три седмици, а отворени ќе останат градинките, забавиштата и основните училишта. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис заедно со шефот на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, на прес конференција, што е во тек, ги соопштуваат новите мерки за […]
______________________________________________________________________________________________________
05/11/2020 12:50
•
Posted by: MK News
Специјалниот суд во Хаг го потврди обвинението против Хашим Тачи, потврди косовскиот претседател на конференција за медиумите во Приштина. „За да го заштитам интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, денес поднесувам оставка на местото претседател. Се чувствувам многу горд на оваа одговорност што ја имав. Во овие нови околности ги повикувам политичките […]
______________________________________________________________________________________________________