07/03/2017 16:25
•
Posted by: MK News
Популарниот актер и режисер Љубиша Самарџиќ, во декември минатата година бил итно опериран, а медиумите сега наведуваат дека тој ја води најважната битка – битката за живот. Со поддршка од најблиските, 80-годишниот актер се бори да закрепне, по многубројните компликации со кои се соочил кон крајот на минатата година. Бидејќи тој не сакал никого да […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2017 16:23
•
Posted by: MK News
Турската полиција ја уапси Русинката Екатерина Б. Под сомневање дека е поврзана со убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов. Телевизијата „А Хабер“ објави дека Русинката во ноември 2016 имала телефонски разговори со убиецот на амбасадорот Мевлут Мерт Алтинтас. Турските медиуми исто така објавија дека осомничената закажувала состаноци на бизнисмени со жени. Осомничената е […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2017 16:22
•
Posted by: MK News
Министерството за култура остро го осудува уништувањето на надворешноста на националната установа Музеј на албанската азбука во Битола, каде што е презентиран дел од културната историја на албанскиот народ во Република Македонија. – Историјата на албанскиот народ е еден дел од заедничкото мултикултурно наследство кое е силна одлика на Република Македонија. Во таа насока, апелираме […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2017 16:18
•
Posted by: MK News
Претпладнево полицијата ја обезбедуваше зградата на Музејот на албанската азбука во Битола, врз кој бил фрлен Молотов коктел, при што дел од стаклата на прозорите на музејот и на влезната врата се искршени, а пред влезот се видливи траги од Молотовиот коктел, пренесува ТВ Тера. Од СВР Битола најавиле дека повеќе детали за настанот ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2017 16:14
•
Posted by: MK News
Жените во цела Италија ќе отсуствуваат од работа во среда, на меѓународниот Ден на жената 8-ми Март, и тоа не само од работа, туку нема да работат ни домашни работи, учествувајќи во глобалниот „женски штрајк“ за поддршка на женските права. „Денот без жени“ се очекува да влијае врз јавниот транспорт, авионските летови, училиштата, но и […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2017 16:11
•
Posted by: MK News
Иванов да се вразуми и да го даде мандатот со тоа што ќе ги исполни своите уставни овластувања, бараат од опозициската СДСМ, која поднесе потписи од 67 пратеници до Претседателот, но тој одлучи да не им го даде мандатот. „Ова претставува директно кршење на Уставот, рушење на уставниот поредок и токму заради тоа и денешната […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2017 16:10
•
Posted by: MK News
Сестрите, 67-годишната Ана и 53-годишната Ким Хакзе, со години се сметале за исчезнати, а последен пат биле видени во Канада во 1981-та година. Ниедна од нив не контактирала со семејството во тој период од 36 години. Полициските детективи успеале да ги лоцираат долго изгубените сестри во Америка, каде денес живеат, пренесува Daily Mail. Ким им […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2017 16:08
•
Posted by: MK News
Во пресрет на состанокот на Европскиот совет, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати писмо до членовите на Европскиот совет, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, до Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и до двата стратегиски партнери на Република Македонија, до претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и до претседателот на Република Турција […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2017 16:06
•
Posted by: MK News
Учителките, докторките, но и сите жени вработени во администрацијата не смеат да примаат подароци поскапи од 1000 денари за 8 Март, стои во Законот за вработените во јавниот сектор, каде е регулирано примањето подароци. Забраната која се однесува на примање на подароци, воопшто, не само за Меѓународниот ден на жената, е ставено во член 39 […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2017 16:03
•
Posted by: MK News
Денеска, според народното верување, не треба да се прават свадби, свршувачки, кумства, побратимства, не се земаат позајмици, ниту се дава заем, не се гради куќа, ниту нешто околу куќата. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 февруари. Православните христијани го слават празникот Наоѓање на моштите на св. маченици што пострадаа во Евгенија. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2017 16:02
•
Posted by: MK News
Судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на С.Ф. (42) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело убиство во обид. -Пред три дена пред ноќен клуб на ул. „Димитрие Чуповски“ пријавениот по претходна расправија со неговиот шура Е.М. (39), со огнено оружје се обидел да го лиши од живот, при што му […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2017 21:11
•
Posted by: MK News
„Мојата Ивана – некој и вбризгал 400 милиграми „прпофол“ во раката. На надлежните е да утврдат кој го сторил тоа“ изјави минатата година Нада Бодрожиќ, мајка на покојната Ивана Бодрожиќ, која е најдена мртва во хотелската соба во „Хајат“. Несреќнаа девојка починала во 2014 година, а нејзината мајка 2,5 години подоцна – нада утрото настрадала во […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2017 21:09
•
Posted by: MK News
Поранешната пратеничка на војводинскиот парламент Неда Бодрожиќ (54) загинала на патот Нови Сад – Сириг. Како што јавуваат српските медиуми, тешката несреќа се случила вчера, а автообилот во кој било телото на настраданата Нада е пронајдено утрово околу 6.30 часот. До трагедијата дошло кога Неда, која го управувала возилото, излетала од коловозната лента во одводниот […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2017 21:07
•
Posted by: MK News
Дејан кој си ги избоде децата со нож во Србија, веќе нема да биде вработен во Средното учичиште како професор за физичка култура. Семејството на 35-годишниот Дејан не се откажа од него ни по големата трагедија на која тој не се ни сеќава, како што самиот тврди. Од затворот поради неговата психичка состојба Дејан е […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2017 21:05
•
Posted by: MK News
Ричи Зарагоса кој има 10 години и неговата помала сестричка, 4-годишната Гинаја Мендоса, испиле сок од јаболко, почнале да повраќаат крв, а сега лекарите се борат за нивниот живот. Двете деца од Пенсилванија испиле сок од јаболка во ресторан каде биле со родителите, а потоа им се слошило. Заедно со мајка си и неколку роднини […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2017 21:03
•
Posted by: MK News
Пејачката Дона Арес трет пат се бори против страшната болест, рак. Денес на социјалните мрежи објави потресно видео од болничката соба. Таа ја започнала втората хемотерапија, а како што вели самата, ова не и паѓа тешко, бидејќи претходно поминала низ многу потежок процес. – Го снимам секој почеток на хемотерапија и моментот кога видеото ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2017 20:59
•
Posted by: MK News
Поп пејачот Милан Станковиќ минатиот викенд настапи во еден клуб во Виена во кој таа вечер наводно дошло до пукање. Како што прнесле медиумите, околу пет часот наутро 30-годишен маж од Рoмaнија се скарал со двајца Срби и еден Црногорец на возраст меѓу 25 и 42 години, расправијата се вжештила па дошло и до пукање […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2017 20:53
•
Posted by: MK News
Две држави на Балканот се пред распад, а три се во голема политичка криза, предупреди денеска министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, пред дебатата за Западниот Балкан на Советот за надворешни работи на Европската унија во Брисел. Според Лајчак, тоа е заклучокот од посетата на Високата претставничка на Унијата, Федерика Могерини, на Балканот […]
______________________________________________________________________________________________________