Archive by Author

ДИК: По 95% пребројани гласови водсвото на ВМРО падна на 1.5%

Државната изборна комисија обработи речиси 95% од гласовите. При оваа состојба водството сеуште го има ВМРО ДПМНЕ со 1,5% или 17.000 ггласови, но сеуште не е јасно како овие бројки ќе се претворат во мандати и кој ќе има повеќе пратеници во собранието.

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Оваа победа има особена важност и тежина

Секогаш ќе работиме во интересите на државата во корист на државните и националните интереси. Ова го кажувавме пред и сега после изборите. Секогаш сме биле и ќе состанеме на линијата на националните интереси, порача во својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција на овие избори имаа исклучително тежок противник оти тоа не […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети гневен, прогласи победа – ДУИ победи, Албанците изгубија мандати

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на вечерашната прес­конференција во Тетово нагласи дека го радува фактот што изборите поминаа мирно, без проблеми, што според него, значи дека земјава оствари голем напредок и зрелост околу организирањето на слободни избори. – ДУИ секогаш апелирал кај нивниот електорат, кај Албанците и од нив барал да не […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК до 00:30: ВМРО-ДПМНЕ 385.994, СДСМ 365.224 гласови

Според податоците на Државната изборна комисија до 00:30 часот од преброени 1.004.889 гласови, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоиле 385.994 гласови, а СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ 365.224 гласови. ДУИ освоиле 74.219 гласови, БЕСА 48.398, Алијанса за Албанците 30.157, ДПА 26.776, „ВМРО за Македонија“ 20.760, Левица 9.237, Коалиција за промени и правда […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев пред влада: Имаме 52 мандати, еден повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ Зоран Заев прогласи победа со еден мандат повеќе. Лидерот на СДСМ пред владата соопшти дека коалицијата на СДСМ победила со еден мандат повеќе од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. – Македонија отвара нова страница. Во моментов опозицијата предводена од СДСМ и граѓаните има еден мандат повеќе од ВМРО ДПМНЕ – рече Заев.

______________________________________________________________________________________________________

МОСТ: Двете водечки партии со освоени гласови се преблиску

МОСТ заклучува дека двете водечки партии по бројот на освоени гласови се преблиску една до друга и оваа разлика во распределбата на мандати, во зависност од маргината на грешка, влијае на тоа кој ќе освои најмногу мандати, изјави Дарко Алексов од МОСТ. „Ова е за првпат да се случи во РМ, а МОСТ е премногу […]

______________________________________________________________________________________________________

Oпозицијата слави победа пред Владата

Пред Владата СДСМ слави изборната победа. Пред Владата се собираат симпатизери на опозицијата. Пристигна и Стево Пендаровски, носителот на изборната листа на СДСМ во првата единица каде што опозицијата понесе убедлива победа. Него граѓаните го кренаа на раце. Пред владата се мести бина. Се очекува пред насобраните граѓани да се обрати и лидерот на СДСМ, […]

______________________________________________________________________________________________________

СДСМ победи во Скопје

Според податоците објавени од ДИК, СДСМ победува во Скопје. Од досега пребројаните гласови ВМРО-ДПМНЕ има 26.750, а СДСМ освоил 30.627 гласови во Скопје. Претходно СДСМ објави дека во Скопје освоил 10 мандати, наспроти 8 за ВМРО-ДПМНЕ.

______________________________________________________________________________________________________

Шекеринска: Јасно е кој е победник!

Јасно е кој е победник! ДПМНЕ не собира сила ни за прес конференција! #ЖивототПобедува Ова го напиша Радмила Шекеринска на својот профил на Фејсбук.

______________________________________________________________________________________________________

Ѓорчев: 10-та победа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата!

Благодариме Македонијо. Победивме уште еднаш. Драги браќа и сестри вечерва денес на 11 декември се случи 10-тата победа на ВМРО-ДПМНЕ, 10:0. Семафорот покажува разлика, покажува победа.Нашиот народ повторно победи, Македонија се спротивстави на црните сценарија. Победивме Македонија секоја победа е драгоцена, истакна Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на Република Македонија, сите сте свесни дека на […]

______________________________________________________________________________________________________

Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ во водство од 5 %

Според првичните резултати од обработени 126.915 гласачи, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е во водство со 5% пред коалицијата на СДСМ. Одзивот на гласачите, според досега обработените податоци, е 64%.

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети: Овие избори се многу битни за имиџот на државата

Како што имавме мирна кампања, да помине мирно и овој ден. Вечер, по терк на сите демократски стандарди да политичките субјекти да ги признаат изборните резултати, изјави денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети по гласањето на избиричкото место во Зајас. – Овие избори се многу битни за имиџот на државата, но и за натамошните демократски […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија: 6 лица повредени во сообраќајка во близина на Лешок

Шест лица се повредени од кои тројца потешко во сообраќајната несреќа што се случи на регионалниот пат Тетово- Јажинце во близина на селото Лешок. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека сообраќајната несреќа се случила во 16 часот и 10 минути, а во неа учествувале две патнички возила од кои едното „БМВ“ со тетовски […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Граѓаните повторно ја имаат моќта во своите раце да одлучат кој во наредниот период ќе управува со државата

Денеска е денот кога сите граѓани ја имаат повторно моќта во своите раце да одлучат кој во наредниот период ќе управува со државата, во кој правец ќе се движи таа, и какви политики ќе се водат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатскатa листа на Коалицијата За подобра Македонија, откако го оствари […]

______________________________________________________________________________________________________

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски по гласањето

Граѓаните да гласаат во мирна, фер и демократска атмосфера, да покажеме дека сме зрело општество со функционална демократија, порача денеска претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевчо Јакимовски откако гласаше на избирачкото место во ООУ „Димо Хаџи Димов“. -Нека победи демократијата. Граѓаните да гласаат во мирна, фер и демократска атмосфера како што доликува на […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Ако на вака значајни избори се случи негативен резултат, тогаш ми завршува политичката кариера

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев гласаше во Струмица, по што рече дека ова е историски ден за граѓаните на која што се бира за живот, за иднина на нашата држава. -Ова денес е ден на кој се бира за напредна, слободна и единствена Македонија. Прв чекор кон тоа е слободно изразена волја на граѓаните на […]

______________________________________________________________________________________________________

Котевски: Граѓаните слободно и демократски гласаа за понудата за која мислат дека им обезбедува попросперитетна иднина

Денес Македонија докажа дека е демократска држава. ВМРО-ДПМНЕ им честита на граѓаните и го поздравува нивниот избор, истакна на првата прес-конференција по завршувањето на изборите директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски. -Граѓаните мирно и достоинствено масовно излегоа да гласаат и покажаа дека сакаат да се стави крај на двегодишната криза во која […]

______________________________________________________________________________________________________

Најголема излезност во споредба со предходните избори

Излезноста на гласачите до 17 часот од 60,38 отсто на овие избори е најголема во последните три изборни циклуси.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1