Авион на „Туркиш ерлајнс“ го прекина летот под сомнение за поставена бомба


Авион на турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска го прекина летот поради сомнение дека во леталото имам бомба.turkish-airlines.jpg500

Авионот Боинг 770, со 321 патници утрово полета од меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул за Токио. За време на летото над Црно Море една од стјуардесите забележала натпис на вратата од тоалетот „Ц4 Карго“, што би можело да значи дека во товарниот дел на авионот е поставен пластичен експлозив Ц4. Капетанот побарал дозвола да се врати во Истанбул и авионот да биде проверен од безбедносните служби.

По проверката на багажот и товарот не е пронајдена бомба. Авионот вечерва повторно ќе полета за Токио.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1