Актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин, има проценета вредност на имотот од 70 милијарди долари…
Во 2011.година, окружен од новинари, Путин излезе од матните води на Црното море прекриен со остатоци од античкото богатаство, што секако беше ПР трик кој ја постигна својата цел – Путин беше претставен како можна персона, џудо мајстор, љубител на животни и недопирлив водач на Русија. Но се појави уште еден ПР трик – тој спонтано подари часовник од 10.000 евра на мало момче од село што доведе до прашањето дали Путин некаде има свое закопано богатство?
Путин има најскапа колекција од часовници чија вредност се проценува на 750.000 долари. Најскапото парче од неговата колекција е изданието Lange & Sohne, кое е прекриено со кристално стакло и има златни сказалки, а чини околу половина милион долари.
Путин поседува флота која се состои од четири јахти, стратешки распоредени во неговата земја. Неговата најпозната јахта чини околу 37 милиони долари, има професионално дизајниран енетриер, вински подрум исполнет со ексклузивни изданија и базен со водопад.
Првиот го добил како подарок од својата мајка која го добила на лотарија. Тогаш бил трета година на факултет. Најновиот попис на неговата автомобилска флота брои околу 700 возила, што е за 699 повеќе од потребите на еден човек. На располагање има дури и Формула1 автомобили, но вели дека омилени му се оние направени во Русија. Најскапиот автомобил од неговата флота е специфична лимузина дизајнирана само за него.
Покрај претседателскиот авион поседува вкупно 43 авиони чија проценета вредност е милијарда долари.Најимпресивниот хеликоптер во неговата флота е Mi-8 кој е во потполност прилагоден кон неговите желби, безбедноста и комфорот.
Путин поседува 20 масивни имоти во целата земја кои чинат неколку милијарди долари. Сите негови палати се луксузни и со висок квалитет, а најимпресивна е структурата во италијански стил која вреди милијарда долари. Овој проект бил обвиен со вел на тајна во текот на изградбата, такашто медиумите немале пристап до поседот.