Најверојатно поради густата магла на скопскиот аеродром авионот на Wizz air кој од Брисел требаше да слета во Скопје веќе половина час врти кругчиња над Прилеп. Како што може да се види од фотографијата авионот кружи над овој дел од Македонија или чекајќи информација дали ќе може да пристапи и слета во Скопје или патувањето ќе го пренасочи на некој од околните аеродроми.
Поради густата магла неколку авиокомпании го откажаа слетувањето на скопскиот аеродром. Спорет информациите од ТАВ откажани се летовите од Истанбул, Белград, Љубљана, Цирих, додека летот од Виена е пренасочен на аеродромот во Охрид, а летот од Франфурт на аеродромот во Приштина.
Според последните информации од сајтот на аеродромот Александар Велики, летот на Виз аир од Брисел најверојатно ќе слета во Охрид