Балканот во ПАНИКА: Се формира балкански ИСИЛ!


Познавачите на безбедносните состојби на Косово и претставници на институциите во Приштина оценуваат дека милитантната група Исламска држава, може да ги употреби тензиите на Балканот и да формира таканаречен балкански ИСИЛ, пишува Вечер.

Што велат за Радио Слободна Европа косовските познавачи на приликите? Инаку во најновиот извештај на Стејт Департментот за борбата против тероризмот во светот, Косово е оценето како држава со растечки закани од исламскиот екстремизам.isis2

Стручњаците ја критикуваат владата на Косово поради немањето национална стратегија за борба против тероризмот.

Властите, пак, ветуваат дека таквата стратегија ќе биде изготвена за две недели. Таа е неопходна, бидејќи, како што оценуваат експертите, екстремистичките и терористичките движења, кои се базираат на верски интерпретации, можат да ги искористат балканските мотиви за создавање на нова терористичка група.

Бурим Рамадани, поранешен косовски пратеник, наведува дека милитантната група Исламска држава може да ги искористи меѓуетничките мотиви со екстремистичките идеологии кои се присутни на Балканот.

ИСИЛ и останатите организации кои функционираат под неа, можат да ја искористат оваа ситуација и да креираат, условно кажано, балкански ISIS. Балканот е сам по себе поделен, постојат меѓуетнички, меѓудржавни и политички тензии. Тоа се главните ризици на Балканот, наведува Рамадани.

Балканските земји се кревки, со власти кои имаат автократски елементи, без консолидирана демократија, економски развој и со слаб квалитет на образовниот систем.

Тој додава дека балканските земји се кревки, со власти кои имаат автократски елементи, без консолидирана демократија, економски развој и со слаб квалитет на образовниот систем.

Слично мислење има и Нуредин Ибиши, член на собранискиот одбор за внатрешни прашања, наведувајќи дека милитантната група може да најде плодно тло на Балканот, а особено на Косово.

Мислам дека тие можат да се инфилтрираат и да создадат свој систем, нагласува Ибиши.

Во најновиот извештај на Стејт Департментот за борбата против тероризмот во светот, Косово е оценето како држава со растечки закани од исламскиот екстремизам.

Собранието на Косово неодамна усвои закон кој ги санкционира сите оние кои учествувале или организирале учество на странски боишта. Сега владини функционери тврдат дека работат и на Национална стратегија за спречување на насилниот екстремизам и радикализам, кои водат кон тероризам.

Претседавачот на таа работна група, Едон Мифтари вели:

Целта е да биде опфатен цел спектар, било да станува збор за државните институции, за невладините организации, медиумите и многу други кои би придонеле за имплементација на стратегијата, откако таа биде усвоена. Сега сме пред завршна фаза и за две недели ќе се најде пред Владата, наведува Мифтари.

Се проценува дека околу 300 лица од Косово учествувале во војните во Сирија и во Ирак, главно на страната на милитантната група Исламска држава.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1