Банкарски долг тежок 360 килограми! – платил рата со ковани парички



Банкарските кредити и долгови се вистински товар  чија тежина честопати го нарушува мирниот сон кај секој што се фатил за ова оро.

Но оваа тежина колку и да е реална се сведува на апстракција, нема мерна единица ниту математичка формула со која може да се пресмета.

Американецот Дегљи, решил да стави крај на ваквото размислување. До грамче пресметал колку тежи неговиот последен долг кон банката, 360 килограми! Точно  62,000 пени грижливо собирани со години ги ставил во две кутии и ги однел во банката, сакајќи плаќањето на последната рата од неговиот хипотекарен кредит да биде запомнето.

Томас и неговата сопруга  Сандра ја купиле куќата во 1977 година, и веднаш по вселувањето почнало неговото „финансиско хоби“. Целата оваа  идеја уште на почетокот била смешна за Сандра, особено во моментите кога Томас наоѓал парички на улица и велел – ове ќе оди за хипотеката.

Tags: , , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1