Бараат оставка од целата Влада, откако хирурзи заборавиле телефон во стомакот на пациентка


Триесетгодишната Хана Мухамуд Абдул Карим од Јордан тврди дека по породувањето со царски рез, хирурзите заборавиле мобилен телефон во нејзиниот абдомен.

Хана била примена во приватна болница на 24 април оваа година. Според изјавата не нејзината мајка, таа родила здраво момче од 4.8 килограми, а потоа била испратена одма. Нешто подоцна, Хана почувствувала ужасна болка и забележала дека нејзиниот стомак вибрира.operacija_lekari_420x0

„Болките беа толку силни што не можев да се поместам. Се вративме во болница, но лекарите не направија ништо за неа“, наведува нејзината мајка.

Хана наводно потоа итно заминала во државната болница, каде рендгенските снимки покажале дека во нејзиниот стимак се наоѓа туѓ објект. Следела операција, при која хирурзите извадиле мобилен телефон.

Овој случај стигна до јорданскиот парламент, каде пратеникот Салим Ал Батајнах поради скандал побара оставка од Владата.

„ Во земји кои покажуваат почит кон својот народ, по ваков вид на сканадал Владата веднаш дава оставка. Парламентот би требало да постапи искрено и да превземе одговорност за случајот“, наведува Батајнах.

Портпаролот на министерството за здравство во Јордан, меѓутоа, изјави дека приказната е неоснована и измислена, но министерството го следи случајот.

365.com.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1