Беа врзани за столб и разнесени со експлозив – 13 години од крвничкото убиство во Бриони


Со помен парастос на православните гробишта во Челопек, како и кај разурнатиот мотел Бриони каде што загинаа Светослав Трпковски и Боге Илиевски, нивните роднини и пријатели денеска ја одбележаа 13 годишнината од овој трагичен настан.

– Се собравме овде и на ова место каде пред 13 години на кукавички начин беа убиени нашите мили и во Христа браќа Боге и Светослав, да се помолиме на Господа да ги услиша нашите молитвии нивните души да ги насели во царвството небесно. Нека им е вечен спомен, рече во својата беседа отец Ненад Ѓорѓески.brioni[1]

Илиевски и Трпковски беа убиени на 26 август 2001 та година од се уште непознати сторители така што со динамит биле врзани за потпорните столбови и кренати во воздух со мотелот Бриони кај Челопек. Нивното загинување се случи две недели по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и 5 дена по разурнувањето на Лешочкиот манастир. Овој случај беше опфатен со автентичното толкување на Законот за амнестија заедно со останатите три хашки случаи.

Во непроменета состојба е и разурнатиот мотел Бриони бидејќи дел од албанското население од Челопек се противи земјоделската задруга Единство да продолжи да стопанисува со него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1