Познатиот српски пророк и испосник Тадеј Витовнички кој почина во 2004 година, зад себе остави голем број пророштва за Србија, Црна Гора, Косово но и за настаните кои според него наскоро треба да се случат. Ова се најинтерсните делови од нив, пишува српски „Телеграф“.
Светиот старец наводно зборувал да не се купуваат куќи покрај големите реки и дека не треба да се вложува во недвижности односно земја, објекти особено не во Белград и Војводина. Тој рекол дека половина Белград ќе биде поплавен, а половина од него ќе се урне сам, бидејќи под него се наоѓаат некакви тунели. Но и дека друга неволја ќе го снајде градот и дека луѓето нема да може слободно да излезат на улица.
Тадеј нагласил дека не знае зошто е тоа така, туку дека гледа колона од луѓе како го напушта Белград, поради што негов совет е да се побегне од градот.
На српските државјани кои живеат и работат во странство им советувал да не ги чуваат парите во банка, бидејќи ќе ги изгубат кога на берзите ќе дојде до хаос.
Косово
Осум години пред прогласување на независност на Косово, Тадеј рекол:
„Албанците на Косово ќе прогласат независност. Еден ден по големите страдања во кои ќе се најде Србија и целиот српски народ, повторно ќе дојде до обединување на најголемиот дел од Србите. САД и Запад повторно ќе ги гонат Србите. Сепак по големите страдања Америка и Запад ќе доживеат застрашувачки порази, поради што ќе ја повлечат својата војска од Косово. Тогаш Србите за многу кратко време ќе ја ослободат својата духовна колевка.
Црна Гора
Освен што рекол дека Црна Гора ќе се оддели, навел дека и српската црква и јазикот ќе доживеат удар. Граѓаните кои наводно имале директна средба со Тадеј велат дека изјавил дека во Црна Гора во еден момент ќе започне граѓанска војна, а на крај ќе има војна и со Албанците. Еден човек од Никшиќ кој често го посетувал добил совет да не купува стан во Никшиќ, бидејќи Црна Гора ќе стане независна и дека ќе биде доста тешко.
Најголем удар ќе доживеат СПЦ во Црна Гора и Митрополијата на Цетиње. На крај рекол и дека оваа нова држава повторно ќе влезе во составот на единствената српска држава. Но напоменал и дека моштите на Свети Василије Острошки едно време ќе мора да бидат префрлени од Острог на некое побезбедно место.
Америка
Тадеј зборувал и дека САД наскоро ќе издиши како балон и дека по падот на САД, Запад и НАТО, Србите ќе бидат мнозинство на Косово, бидејќи тогаш НАТО ќе се повлече од Косово. Меѓутоа рекол дека Србите ќе се вратат на Господ дури по жестоки страдања и дека Запад повторно ќе војува против Србија. Тој изјавил и дека Војводина ќе тргне по патот на сепаратизмот и дека таму и во Белград ќе биде најтешко, додека најбезбедна ќе биде Централна Србија. Што се однесува до Република Српска според неговите зборови таа ќе се приклучи на обединетата српска држава.