Бејли: Виновниците да одговараат, но да се почитува и презумпцијата на невиност


Виновниците за насилствата во македонското Собрание на 27 април треба да одговараат, но мора да се почитува и презумпцијата на невиност, порача денеска американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли.

Во изјава дадена пред законодавниот дом Бејли рече дека Амбасадата на САД заедно со претставниците на ЕУ во Македонија го следат развојот на настаните по приведувањата поврзани со насилствата во Собранието.

– Како што веќе кажавме, ние, како пријател и силен поддржувач на Република Македонија, ги следиме овие важни случувања. Полицијата, обвинителството, судскиот систем, треба да постапуваат транспарентно со целосно почитување на највисоките стандарди. Секако, ние, ЕУ, рековме дека одговорните за настаните од 27 април треба да понесат одговорност, но во процесот, исто така, мора да се почитува презумпцијата на невиност. И денеска во Парламентот ќе има важна дискусија. Тоа е улогата на Парламентот, да дискутира. Тоа е дел од демократското владеење, рече амбасадорот Бејли.

Запрашан за информациите дека негов наследник ќе биде Хојт Ји, Бејли рече дека се уште нема никаква номинација за следниот амбасадор на САД во Македонија и оти единствено овластена за назначување на дипломати е Белата куќа.

Американскиот амбасадор денеска ја придружуваше Лаура Коопер, вршител на должност заменик-помошник секретар за одбрана на САД на средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој појасни дека Коопер во Македонија е дојдена да се сретне со регионалните колеги во врска со конференцијата на Јадранската група и да продолжат разговорите за овој важен форум. Ова, според него, беше шанса да се разговара и за одбранбените и безбедносните односи меѓу САД и Ре Република Македонија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1