Бесплатен годишен железнички билет за Марина од Долгаец


Македонски железници – Транпорт по сторијта објавена на Телма, а превземена од многу портали меѓу кои и mknews.mk, денеска објави дека и донира годишен железнички билет на Марина Подигачоска од прилепското село Долгаец.

Марина која живее сама со 6000 денари, а е студент на Биотехничкиот факултет во Битола, пешачела и по еден ипол час за да стаса на факултет, а за студирањето си штедела од 6000 денари кои ги добивала од државата.

Марина во иднина ќе може да користи годишен железнички билет од Македонски железници Транспорт АД.

,,Со оваа одлука МЖ Транспорт АД – Скопје уште еднаш на дело ја покажа својата определба да им помага на младите луѓе во процесот на нивната едукација, со тоа што ќе им го олесни патувањето до нивните образовни центри,, се вели во  соопштението од претпријатието.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1