Уапсен телохранителот на Бошковски – се расчистува убиство од 2001 – Кој беше Маријан Тушевски?


Приведени 9 лица за убиството на Кире и Маријан во 2001 – меѓу нив и обезбедувањето на Бошковски. Во тоа време убиството на Маријан се поврзуваше со шурата на Бошковски кој еден месец претходно беше претепан пред дискотека во Парк.  

 

Деветмина полициски функционери и обезбедувачи биле приведени утринава, меѓу кои и првиот бодигард на Љубе Бошкоски, Зоран Трајковски. Трајковски му беше обезбедување на Бошковски кога тој беше министер за внатрешни работи.

Деветмината се приведени по барање на обвинителството за расветлување на убиството на Марјан Тушевски во 2001 година во Скопје, јавува Канал 5  според нив меѓу лицата кои ги барало обвинителството бил и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.

Според Канал 5, меѓу приведените има поранешни полициски функционери и вработени и во секторот за обезбедувањето во МВР во тој период.

“Вкупно се осомничени 15 лица, од кои деветмина утрово се приведени од страна на полицијата. По уште шест лицата за кои постои сомнение дека биле инволвирани во убиството, се’ уште се трага. Четири лица се странски државјани, а деветмина се македонски државјани“, изјавил за Нет Пресс помошник министерот за односи со јавност во МВР Иво Котевски.

Меѓу уапсените се  Зоран Трајковски, во тоа време бил шеф на обезбедување на Бошкоски, Сашко Јовановски – Тупан вработен во Шестата управа. Тројца Срби, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ, директни извршители на убиството, во моментов се во бегство и по нив ќе биде распишана меѓународна потерница.
Сеуште недостапни за полицијата се и неколку од македонските државјани, поранешни вработени во МВР.

Марјан Тушевски – Боксер (37) и Кире Јанев – Бамбус (23) беа убиен ноќта меѓу 10 и 11 јули  во 2001, пред кафулето “Панта реи” во близина на кафе барот “Витраж”, пред полноќ на платото меѓу зградите на улица Атинска во населбата Тафталиџе, како што тогаш објави полицијата од двајца професионални егзекутори.

Тушевски во тоа време беше познат по рекет. Мета му беа сите дуќани во трговскиот “Беверли Хилс”. Тогаш убиството се поврзуваше со тепачка еден месец пред убиството, а во која вмешан беше и шурата на тогаш министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски. Подебелиот крај го извлекол шурата на министерот кои бил претепан.

На убиството на Тушевски и Јанев имало и очевидци. Според тогашните пишувања убијците прво пукале во нозете на Тушевски, тој молел да не го убијат, но еден од убијците му го ставил пиштолот во устата и истрелал еден куршум.

Втората жртва, Јанев почнал да бега, но убијците го стасале кога се обидувал да се прекачи преку оградата од подземните гаражи. Пукале во неговиот тил.

Марјан Тушевски се поврзуваше и со престрелката во Аеродром пред кафеаната “Златна виљушка”. Тогаш беше повреден Орде Коруновски. Марјан Тушевски се обидел да го убие Коруновски со девет куршуми, пукал од непосредна близина, додека Орде бил во автомобилот но за среќа куршумите завршиле во автомобилот и еден во ногата на Орде. Тушевски беше ранет во престрелката во кафеаната „Златна ружа“ во 90-тите години.

Од осамостојувањето на Македонија, Марјан Тушевски беше првиот обвинет за кривично дело изнуда.

Неговиот татко кој со години бараше да се расветли убиството и тврдеше дека се вмешани големи луѓе за Утрински весник во 2002 година изјави

,, Зошто, ако бил криминалец, Бошкоски го канеше на неговиот роденден и со него се сликаше нарекувајќи го – брат. Јас за тоа имам и фотоалбум. Имам и ТВ-снимки на кои можат да се видат и спомнатите функционери, а зад нив и мојот син како нивен чувар. Ако бил најбезобѕирен криминалец, зошто Бошкоски беше во друштво со него кога се формираа елитните полициски единици. Тврдам дека мојот син имаше армија од 300 елитни члена кои денес го составуваат центарот на “лавовите”. Ако Марјан бил криминалец, зошто Бошкоски му ветувал пред сведоци, кои се подготвени тоа да го потврдат, дека ќе биде началник на полициска станица во Скопје? Додека му требаше, му ветуваше.,,

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1