Без струја за Нова Година: 5 илјади жители во Преспанско најавија тужба за ЕВН


Околу 5 илјади жители од 15 селски населби и неколку ресторани и хотели во Преспа најавуваат поднесување тужба против ЕВН.

Имено, веќе пет дена, според нив, немаат електрична енергија со што претрпеле огромни штети, а Новата година ја дочекаа со светлина на свеќа.

Ваквата ситуација, велат тие, може да остане уште неколку денови.

strujomer-sveca

Жителите на Вевчани, кои во изминатите пет дена се без електрична енергија, вклучувајќи ја и новогодишната ноќ, денеска формираа кризен штаб.Како што се наведува во нивното соопштение, кризниот штаб е формиран откако вевчанци се без електрична енергија повеќе од 130 часа, силно загрижени за огромната материјална и друга штета која ја трпат како резултат на ваквите состојби и длабоко револтирани од односот на ЕВН-Македонија, како и од општина Вевчани.

– Упатуваме јавен повик до најодговорните лица на ЕВН-Македонија во периодот од 10 до 15 јануари 2015 година да го посетат Вевчани во кој ќе биде одржан работен состанок. Доколку ЕВН-Македонија, одлучи да не одговори позитивно на овој јавен повик да дојде во Вевчани, информираме дека ние граѓаните на Вевчани ќе дојдеме пред седиштето на оваа компанија во Скопје каде со нас ќе ги донесеме и сите расипани месни и други продукти, стои во соопштението од Кризниот штаб.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1