Безбедна е македонската делегација по заложничката драма во Сараево


Заврши заложничката драма која се случуваше вчера вечерта во парламентот на БиХ во Сараево. Демонстрантите кои протестираа пред зградата го блокираа парламентот и не дозволуваа никој да излезе.

parlamentbih0606Во Парламентот се наоѓаа пратениците на пратеничкиот дом на БиХ како и учесниците на конференцијата на гувернерите на земјите од југоисточна европа на кои исто така не им беше дозволено да излезат од зградата. Меѓу заложниците се најде и вицегувернерката на НБРМ, Маја Кадиевска Војновиќ која според информациите кои вчера ги објави „Вечер“, успеала да излезе и се чувствува добро.

Босанските медиуми објавуваат дека блокадата била отстранета околу 4 часот по полноќ откако било одобрено од демонстрантите. Гувернерот Димитар Богов за Вечер изјавил дека е во постојан контакт со македонската делегација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1