БИСЕРА ВЕЛЕТАНЛИЌ: Со микрофонот сум најинтимна, но немојте да ме сфатите погрешно!


Со душа на дете, а став на сериозна дама. Отворена. Духовита. Петка.

Дека е џез легенда, и една од најголемите ју-шлагерски ѕвезди од седумдесеттите години на минатиот век, па се досега, тоа и врапчињата го знаат. Пред да започнеме со интервјуто да ве потсетиме која е Бисера. Еве ја со најпознатата песна – македонска која таа ја отпеа – ,, да си мерак песна,,

 

Ја сретнавме на неодамна одржаниот фестивал Јелен демофест во Бања Лука, каде настапи со белградскиот алтернативен рок бенд „Дарквуд даб“. Пред да настапи си ја повреди раката, и како голема професионална пееше и со болка и со врзана рака.

-Како дојде до соработка со „Дарквуд даб“, што ве натера да ја пробате оваа комбинација?

Бисера: Хм,Хм.хм.хм. Како дојде до соработка, Ве молам како дојде  (се врти кон момците од бендот). Каква личност е Бисера? Ајде, кажете ни. Пааа, просто едноставно овие момци го сакаат тоа што јас го работам и ме следат сите 77 години, колку што јас пеам. И ја искористија приликата што со нив свири мојот внук (од сестра и Сенка) Васил Хаџиманов да ме прашаат дали може да им се приклучам. Еве ме! Тие со музика, мене со глас.

– Ви се допаѓа тоа што тие го компонираат?

Бисера: Тоа е совршена музика и мене ме уфрлија со мојот глас сето тоа да добие поголема длабочина.

-Дали навивате за млади пеачи, за демо бендови. Како ви се чини идејата за еден демофетсивал?
Бисера: Се што вреди заслужува да добие шанса, се што вреди заслужува да му се помогне, но само тоа што вреди. И никако да не се копира ништо што веќе постои. Но, велам, треба да им се даде шанса на младите да работаат.

 -„Микфон је ваш“ (Микрофонот е ваш) своевремено беше вашиот „Демо фест“. Колку тој момент денес ве погодува интимно?

-Најинтимно. Најинтимен ми е односот со микрофонот ха, ха, ха. Па што можам микрофонот е дел од мене, условно речено. Има разни микрофони, некои се добри микрофони, некои лоши, но јас без микрофонот не можам. И немојте да ме сфтаите во друга смисла (се смее)

-А, Бања Лука ви се допадна?

Бисера: Бања Лука е прекрасна. Сакам да пробам ,,кромпируша,, и пита со тиква, ама со она стара тиква. И ќебапот мора да е убав овде.

-Може сега да ве прашам нешто на македонски јазик?
Бисера: Разбирам, разбирам, може.

-Што најмногу сакате да пробате кога ќе дојдете во Македонија?

Бисера:Во Македонија, кога ќе дојдам, сакам да пробам зелен патлиџан со лук, односно туршија. И тавче гравче.

-А кога ќе ја почестите публиката со Ваш настап? Оставивте песни со оригинална македонска дикција, особено „Да си бисер песна“ е неповторлива.

Бисера: Кога публиката ќе ме почести мене. Чекам покана, секако.Знаете што, знаете што. Македонија, е една од оние поранешни републики-уф, колку не сакам ова да го употребувам како израз- која има извонредни музичари, особено вокали.

 -И Вашите песни ја ежат кожата.

  Бисера:Тоа и се песни за да ежат.

  -Тогаш, со нетрпение очекуваме некој макдонски организатор да ве донесе кај нас.

 Бисера: И јас се надевам на тоа. Поздрав за сите мои обожаватели во Македонија.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1