Вселенски компир – го откриле кинезите успеале да го насадат и србите – Најбогат со Селен во светот


Тајна која Кинезите внимателно ја чуваат. Некои го викаат кинески компир – но попознат е под името вселенски. Овој компир всушност и е од вселената. Имено произведен е од семе кое мутирало за време на вселенскиот лет на кои го однела кинеска свемирска експедиција. Кинезите го нарекле ,,Purple Orchid 3,

Освен овој компир кинезите во вселената однеле и друг вид овошје и зеленчук чие семе било изложено на вселенската радијација, притисок и безтелесна состојба.

во октомври 2005 кинеската експедиција “Shenzhou VI”, беше 5 дена во вселената. Заедно со 2 астронаути леаталото било полно со семе од овошје и зеленчук. Сите мутирале, но најпознат е овој компир затоа што е моментално најбогат со СЕЛЕН во светот.

Овој компир има виолетова боја, сладок вкус и полн е со витамини од кои најмногу Селен. Кинезите си ја чуваат тајната и НЕ ГО ИЗВЕЗУВААТ за да не се рашири семето. Затоа од овој производ извезуваат само преработки како чипс и пире, а некои велат дека дури се користи и водата во која го варат компирот зошто е неверојатно полна со витамини, антиоксиданси.

Кинезите не се многу расположени за делење на ова семе, но за среќа на еден србин пред неколку години тие дошле во местото Пачењево и за да олеснат производство за извоз во Европа кај нив закупиле нива на која го одгледувале овој компир. Имале закупено два ипол хектари. Си заминале пред неколку години, но оставиле траг зад себе. Упорниот Слободан Виденовиќ пронашол еден килограм остатоци од компирот во земјата, со години го одгледувал во надеж дека ќе успее да расте на неговата нива во поголеми количини. Успеал да стаса до десет ари насадени со компир кои раѓаат секоја година.

Тој контактирал и со српското министерство за земјоделие да му помогне да го прошири и зачува овој неверојатен зеленчук.

,, Богами се борев крваво за да успее компиров. Го наводнував, заливав, како бебе само за да се зачува квалитетот и да се добие количина. Богами како тргнало ќе има и за извоз,, Вели Слободан

Дека на србите им паднала секира во мед со овој компир говори и фактот што дури и во Кина овој компир не им е достапен на сите. Скап е а најниската цена му е 1.20 за кг. Според научниците кои иако признаваат дека овој компир има неверојатно количество на Селен, сепак било возможно да се направи и во лабараторија. Но нема ништо поздраво и посигурно од природно – дециден Слободан.

Селенот штити и од рак – клучен е за имунитетот

Без Селен или со недостаток на овој антиоксиданс се јавува стерилитет кај двата пола, заболување на црниот дроб, катаракта,опаѓање на коса и појава на првут, оштетување на срцевиот мускул, ревматоиден артритис, дистрофија на мускулите.

Според резултатите од бројни клинички студии, селенот игра клучна улога во здравјето на луѓето. Клучен е за превенцијата на кожниот карцином, го зголемува имунитетот, ги штити црниот дроб, панкреасот, можно е да неутрализира одредени канцери и пружа заштита од некои видови рак, го забавува стареењето, ги ублажува симптомите на менопаузата.

Со исхраната не може да се внесе доволно селен (нема доволно селен во нашето подрачје) затоа мора да се внесува како додаток на исхраната.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1